Охрид и Воден повторно заеднички ќе аплицираат пред Европските фондови

Охрид и Воден од Грција повторно ќе аплицираат со заеднички проект за користење средства од европските фондови, наменети за прекугранична соработка. Ова беше договорено на денешната средба на градоначаалникот Никола Бакрачески и Димитриос Гианои градоначалник на Воден. На средбата, на која учествуваше и Проф. Др. Ангела Крстаноска-Василеска како претставник на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, беше речено дека успешно се реализира заедничкиот проект „ Ватернет“, што е одлична основа за нови заеднички апликации пред европските фондови , пред се од областа на туризмот.

повеќе...

Намален бројот на странските туристи во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503. Бројот на туристите во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 0.7%, а бројот на ноќевањата е намален за 0.9%. Бројот на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 5.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври…

повеќе...

Започна со реализација проектот „Курајчко средсело“

Деновиве започна со реализација проектот „Курајчко средсело“ со кој е предвидено до одредена висина рушење стариот руиниран објект поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации, како и зачувување на неговата автентичност (камен). Години наназад претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации, секако и туристите кои го посетуваат Куратица во текот на целата година. Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена…

повеќе...

Дефинирани визијата и поединечните цели за туристички развој на Охрид

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на 19 и 20 ноември 2015 година, се одржа дводневен работен состанок на Координативното тело за изработка на стратегија за туризам, иницијатива поддржана од ИМЕ-Програмата на SWISSCONTACT. На состанокот присуствуваа членовите на Координативното тело именувани од Општина Охрид, од Стопанската комора на Македонија, јавните претпријатија од регионот на Општина Охрид, институциите поврзани со туризмот и културното наследство, како и претставници на туристичко-угостителските објекти. Целта на овој состанок беше да се обединат на едно место сите активни чинители од сферата на…

повеќе...

Охрид се позастапен на Британскиот туристички пазар

По воведувањето на авио линијата Охрид – Лутон (Лондон) од Јуни 2015, за која Општина Охрид субвенционира дел од финансиските средства, линија која веќе во првата година се покажа како повеќе од успешна, се повеќе се засилува промоцијата и застапеноста на Охрид на британскиот туристички пазар. Некои од британските туроператори веќе започнаа да го нудат Охрид како дел од своите туристички пакети за сезоната 2016. Охрид на овај начин за прв пат се нуди како дестинација на британскиот туристички пазар, а со тоа се очекува зголемување на бројот на британски…

повеќе...

Ќе се зголемува бројот на израелските гости во Охрид

По остварената средба во Израел, денес во возвратна посета на Охрид, престојуваше Шмуел Цурел, генерален директор на S. ZUREL компанија за туристички маркетинг, кој имаше работна средба со Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за ТЛЕР. Гостинот од Израел понуди платформа за соработка, со која потенцијалните партнери од Израел организирано ќе носат гости на охридското крајбрежје, преку авионската чартер линија, која ќе биде воведена од наредната година. На средбата стана збор и за воведување на редовна авио линија, по сличниот принцип на соработка воспоставен со Визер, со што прогрогресивно би растел…

повеќе...

АППТ на саемот за туризам во Лондон со низа активности за помош и поттик на домашниот и странскиот туристички промет

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макeдонија (АППТ) по втор пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (WTM). Делегација од Македонија предводена од Директорот на АППT, Лела Крстевска, за време на свечената вечера организирана од CNN оствари бројни средби со Директори на владини агенции за туризам од Нигерија, Гватемала, САД, Унгарија, Белорусија, Словачка, Сејшели и др. На овој глобален настан искористена е приликата да се покани новинарот на CNN,  Ентони Борден (автор на книги за кулинарство и светски познати…

повеќе...

„Работи кои можат да се видат и да се прават во Охрид“

Силен е впечатокот кој го остава Охрид врз сите негови посетители. Нашиот бисер неодамна го посети авантуристот Дејвид Хофман, кој воедно самиот се опишува како зависник од патувања.  Дејвид ги носи гледачите во Охрид, почнувајќи од Стариот град, преку културно-историските знаменитости на градот, тој ги претставува традиционалниот охридски бисер кај Талеви, природните убавини на Охрид и Охридското Езеро, националниот парк Галичица, изворите на реката Црн Дрим во Св.Наум и.т.н. Дејвид го препорачува Охрид како неизбежна дестинација за да се доживее Балканот. Тој на неговиот фејсбук профил има над 34 илјади фанови.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги договори деталите за голема пролетна промоција на Охрид во Тел Авив

Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на претставниците на Локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија. Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата „Ел…

повеќе...

Средба Груевски-Рифај, тема туристичките потенцијали на Македонија и поддршка од СТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во рамките на својот престој во Мадрид, Кралство Шпанија, оствари средба со Генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединети Нации, Талеб Рифај. На средбата соговорниците разговараа за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Светската туристичка организација, начините и механизмите за промоција на потенцијалите на државата во делот на туризмот, како и инвестициските активности во поглед на збогатена туристичка понуда. Премиерот Груевски истакна дека македонската Влада спроведува поголем број на мерки, активности и политики кои резултираат со значителен напредок во туризмот…

повеќе...