Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со тим од секторот за ТЛЕР во понеделник во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На…
повеќе...Tag: туризам
Државата ќе субвенционира летови кон Шпанија и Норвешка
Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник. „Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе…
повеќе...Македонија се претстави на Берзата за археолошки туризам во Италија
Со голем интерес кај италијанската и светската публика помина претставувањето на културните богатства на Македонија на 17. издание на Берзата за археолошки туризам во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември се одржа близу градот Салерно во Италија. Македонија првпат се претстави на овој меѓународен археолошки настан презентирајќи публикации и видеоматеријали за Стоби, Хераклеја, Кокино, Скупи, Билазора и за многу други археолошки наоѓалишта, градови и цркви. Нашата земја беше вистинско изненадување за многумина од присутните. Интерес предизвикаа античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од византиско време.…
повеќе...Македонскиот туристички производ ќе биде претставен на интернационалниот саем за туризам World Trave
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3-ти до 6-ти Ноември, 2014 година ќе ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија 2014. На овој саем за првпат ќе учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот ќе се претстави како привлечна дестинација за Англиските туристи. Уште една причина повеќе за зголемување на бројот на туристи од Англија е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).…
повеќе...Македонија ќе учествува на Берзата за археолошки туризам во Италија
Министерство за култура –Управа за заштита на културното наследство ќе ја претставува Македонија презентирајќи книги, брошури, видеа и друг вид на промотивен материјал за македонските археолошки локалитети, цркви, градови, природни богатства, но и традиционална храна и македонски вина … Република Македонија за прв пат ќе учествува на 17. издание на Берзата за археолошки туризам во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември ќе се одржи во градот Салерно. Станува збор за интернационален настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, преку различни активности ги претстатвуваат своите…
повеќе...Зголемени субвенциите за привлекување туристи
Како резултат на владините политики, мерки, проекти и активности, туризмот како стопанска гранка во изминатиов период има континуирани стапки на раст. Еден од најзначајните показатели за тој раст е растот на бројот на туристи, каде што имаме секоја година повисок број на туристи во однос на претходната, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Последните податоци говорат дека во периодот јануари – август 2014 година, споредено со периодот јануари – август 2013 година имаме раст на бројот на туристи за 5,9%. Притоа, бројот на домашни…
повеќе...Македонија на саем за туризам во Римини, Италија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 09ти до 11ти октомври, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам TTG Incontri во Римини, Италија 2014 година. Интернационалната туристичка манифестација TTG Incontri е единствената што се одржува на просторите на Италија и која е целосно посветена на B2B бизнис состаноци, фокусирана е на вмрежување на понудата и побарувачката. За интернационалните учесници TTG Incontri е единствената место каде може успешно да се пристапи кон италјанскиот пазар на туризам. Годинава повторно беше форум за презентација на повеќеод 60 земји со…
повеќе...Зголемен бројот на туристи и бројот на ноќевања
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2014 година изнесува 145 445, а бројот на ноќевањата изнесува 630 230. Бројот на туристите во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 14.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.4%. Бројот на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 12.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август…
повеќе...Охрид со квалификувани кадри ќе ги дочека странските инвестиции
Со цел да се олесни пристапот на странските инвеститори кои се одлучиле да инвестираат кај нас како и да се привлечат нови инвеститори , Општина Охрид во соработка со Работничкиот универзитет ќе спроведува обуки за преквалификација и доквалификација на невработените лица зависно од потребите на инвеститорите . „Ние веќе стапивме во контакт и со оние компании кои што ќе одлучат да инвестираат во Охрид и со оние кои што од средбите со градоначалникот се најавени како можни потенцијални инвеститори. Побаравме од нив да ни дадат еден список на занимања и…
повеќе...Индекси на цените во угостителството
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во споредба со август 2014 година, е намален за 0.2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.7%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 2.7%. Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од…
повеќе...