Туристичката понуда на Охрид претставена на манифестацијата „Жупска берба 2013“

 Во рамките на реализацијата на програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за активна туристичка, културна и економска соработка со партнерски градови, Општина Охрид како Град партнер зеде активно учество во рамките на јубилејната 50-та по ред Манифестација „Жупска берба 2013“ која викендов се одржа во Александровац, Република Србија.  Пред голем број гости, посетители, новинари од највлијателните српски медиуми, дипломати, претставници на политичкиот и стопански естаблишмент на Република Србија и регионот на централна Србија, Охрид како град партнер со домаќинот, градот Александровац, беше промовиран на највисоко ниво на…

повеќе...

Информативна средба за програмите за поддршка на малите и средни претпријатија во областа на туризмот

Во oрганизација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Бизнис старт ап центарот од Битола, вчера се одржа информативна средба на која претставници од малите и средни претпријатија беа запознаени со можностите кои им стојат на располагање за развој на сопствениот бизнис. Бизнис старт ап центарот е подржан и во континуирана соработка со УСАИД со цел развој на економијата преку свој делокруг на активности со мали и средни претпријатија. Средбата ја отвори заменикот раководител на Секторот ТЛЕР, Горан Мицкоски, кој ги истакна заложбите на Општина…

повеќе...

Охрид ќе се поврзе со светските метрополи

Од нова година на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе бидат воспоставени редовни авио линии со Словенија, Италија, Австрија и Швајцарија. На иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески локалната самоуправа Охрид веќе издвои 6 милиони денари за субвеницонирање на нискобуџетни авио комапнии за 2013 година. Исто толку средства се очекува да издвои и општина Струга. „Нашите планови се оваа сума да ја зголемиме за наредната година на 12 милиони денари за субвенционирање на редовни летови од Охридскиот аеродром. И јас се надевам дека градоначалникот на Струга ќе го следи овој наш…

повеќе...

Министерката Канческа – Милевска ги отвори сувенирниците во Охрид

Музејски копии на археолошки предмети пронајдени на археолошките локалитети ширум земјава, охридскиот бисер , копии од фрески, предмети карактеристични за Охрид, од вчера конечно ќе бидат изложени и во Охрид, најголемиот  туристички центар во државава. Со тоа странските туристи многу полесно ќе се запознаваат со нашите вредности. Во двете сувенирници поставени пред градското пристаниште и кај плоштадот „Чинар“ кои вчера беа свечено пуштени во употреба ќе се продаваат  и модерни сувенири, приврзоци, сложувалки, монографии, мапи, карти, и други предмети кои  туристите ќе можат да ги понесат со себе. „Овие сувенирници…

повеќе...

Намален бројот на домашни туристи, а зголемен на странски туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2013 година изнесува 111 620, а бројот на ноќевањата изнесува 515 069.  Бројот на туристите во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.6%.  Бројот на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.3%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е…

повеќе...

Летечки Холанѓанки

Чувството да се лета со параглајдер дефинитивно не може да се опише со зборови, особено над Охрид и Охридското Езеро. Оној кој пробал знае, додека пак оној кој не пробал мора да проба, препорачуваат двете Холанѓанки, Хана и Лејни, кои што ги затекнавме при слетувањето на СРЦ „Билјанини Извори“. „Ние сме од Холандија, втор пат сме во Охрид, но прв пат летаме со параглајдер. Беше извонредно, двајцата инструктори беа одлични, ни го покажаа Охрид од еден сосема поинаков аспект. Доколку имаме време ќе го направиме тоа повторно, ако не следна…

повеќе...

Одбележана четвртата годишнина од трагичната несреќа на бродот „Илинден“

По повод одбележувањето на четвртата годишнина од бродската несреќа, што се случи на 5- ти септември 2009- та  година, денеска, делегација на општина Охрид, предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска, претставници на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија  и претставници на граѓански здруженија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето подигнато на градскиот кеј, во чест на трагично погинатите петнаесет бугарски туристи. На местото каде што потона бродот „Илинден“, во близина на авто- кампот „Елешец“, делегациите пуштија меморијален венец во водите на Охридското Езеро, посакувајќи, во иднина, никогаш и…

повеќе...

Охридската гимназија избра најповолна понуда за ученичката екскурзија во Прага

Во легална и законска процедура, на состанок одржан на 27 Август оваа година, Училиштето за средно образование „Св.Климент Охридски“ ја избра туристичката агенција „Балкан Нет“ од Струга како најдобра понуда за организирање и спроведување на ученичката екскурзија за Прага што треба да се реализира кон крајот на идниот месец. „Туристичката агенција „Балкан Нет“ понуди најповолна цена за целокупната организација на екскурзијата. Таа изнесува 12.850,оо денари по ученик и вкупно 23 гратиси од кои 13 се за категоријата социјално ранливи групи ученици“. – соопшти в.д. директорот на охридската гимназија, Никола Тренески.…

повеќе...

Заврши туристичката манифестација „Охридска софра“

Во излетничкиот комплекс кај село Скребатно, викендов во организација на Општина Охрид- Секторот за Туризам и локален економски развој, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, а  во соработка со Факултетот за туризам и угостителство, се одржа туристичко- промотивната  манифестација  „Охридска софра“ . Големиот број на гости имаа можност да уживаат во прекрасниот амбиент, подготвените ѓомлезиња, традиционалната македонска храна и пијалоци, специјалитетите од готвачите од охридските ресторани и хотели, како и традиционалните охридски јадења чомлек, кошмишпите и охридска торта, приготвени од студентите од отсекот „Гастрономија“ при Факултетот за туризам…

повеќе...

Доста беше туризам, време е за земјоделие

Замре „лудилото“ наречено туризам. Со наближувањето на почетокот на учебната година, заминаа туристите, викендашите, сите оние кои секоја година прават гужва во Охрид особено една недела пред и по Илинден. Голем број од нашите сограѓани беа зафатени со туризам, а штом се послободни, време е да се зафатат и со земјоделските работи. WebOhrid

повеќе...