МЗТ Скопје домаќин на Фајнл Фор турнирот од Купот на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром и СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат домаќини на Фајнл Фор турнирот од 23-то издание на Купот на Македонија, откако предмалку заврши јавната лицитација за организатор на Купот, на која учествуваше и КК Куманово. МЗТ достави барање Финалниот Турнир да се игра на 21 и 22 февруари (сабота и недела), наместо на претходно предвидените 20 и 21 февруари (петок и сабота). Во наредните денови ќе биде објавен и точниот термин на извлекувањето на полуфиналните двојки, каде организаторот на турнирот ќе ги соопшти и првите детали околу организацијата. На…

повеќе...

Конкурс за организатор на финалниот турнир во Кошаркарскиот Куп на Македонија 2015

Согласно член 1.9.3 од Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на јавна лицитација за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот Куп на Македонија, што ќе се одржи на 29.01.2015 година во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот во машка конкуренција изнесува 400.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума до почетокот на лицитацијата на жиро сметка или во готово во канцеларијата на МКФ. Финалниот турнир (Фајнл Фор) во машка конкуренција ќе се одржи на 20 и…

повеќе...

Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка „Чајка“

Заврши 38-от меѓународен турнир во одбојка “Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“. Првото место убедливо го освои екипата од Република Бугарија ОК Марица од Пловдив. Во финалето ја совлада екипата од Република Македонија Јанта Волеј од Скопје. Во малото финале се сретнаа екипите Работнички од Скопје и Шкендија од Тетово каде што Работнички убедливо го совлада противникот Шкендија. За 3 место пехарот и медалите ги доделија Зоран Петрески, брат на покојниот Бранко и Александар Тасевски, бивш одбојкарски репрезентативец. За 2-то место пехарот и медалите ги доделија Петар Јовановски претседател на ОФМ…

повеќе...

Два сребрени и еден бронзен медал за „Hwarang Fist“ на таеквондо турнирот во Бугарија

Изминатиот викенд во Благоевград, Република Бугарија се одржа еден од најсилните Таеквондо турнири во Европа „Фалкон Куп 2014“, со учество на 40 клубови од 7 земји. Јовческа Ангела во категоријата борба со замислен противник (1 куп) го освои сребрениот медал, а во категоријата борби постари-јуниорки до 52 кг исто така го освои 2-то место и сребрениот медал. Јосифоски Филип во категорија борби – постари јуниори до 57 кг го освои 3-то место и бронзениот медал. „Таеквондо клубот „Hwarang Fist“ со голема пожртвуваност на родителите и раководството, успеа да испрати 2…

повеќе...

Прв Охридски 7–мо Ноемвриски турнир во баскет во СРЦ „Билјанини Извори“

СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид, по повод чествувањето на 7–ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет 3 x 3. Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот рекреативен спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можност на сите „баскетџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците одиграни партии баскет. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 (играч), да пополнат апликација за учество…

повеќе...

Моторџиите со почесен круг, колегите со медиумски фудбалски натпревар во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце

Моторџиите од мото клубот „Мото Охрид” од Охрид и оваа година ќе возат почесен круг во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце, кои ги загубија живототите во тешката сообраќајната несреќа, што се случи на 24-ти септември 2008. година, околу 21:00 часот на магистралниот пат Охрид-Битола, во близина на планинскиот превој Буково. Со тоа охридските моторџии во недела на 21-ви септември ќе ја продолжат традицијата и ќе го зачуваат споменот на двајцата свои сограѓани, кои трагично ги загубија животите во незгодата. Ќе возат од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски,…

повеќе...

Ревијален фудбалски натпревар на легендите на македонскиот фудбал

Во сабора со почеток во 17 часот во СРЦ Билјанини Извори ќе се одржи хуманитрано – ревијален фудбалски наптревар на кој учество ќе земат легендите на македонскиот фудбал, кои низ годините играле во нашата репрезентација. Организатор на настанот е Фудбалската федерација на Македонија , Локаланта самоуправа од Охрид и СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, а средствата собрани од настанот ќе се донираат за лекување на 11 годишно дете од Охрид, кое мора да се лекува во Пекинг. На теренот ќе се појават ветераните од репрезентацијата и тоа: Данчо Целески, Вујадин Станојковиќ, Бошко…

повеќе...

Металург победник на меѓународниот турнир во Струга

Металург го задржа приматот на Струшкиот ракометен турнир, откако македонскиот првак славеше во финалето против Вардар со 25-19 и ја одбрани титулата освоена минатата година на ова престижно натпреварување. Лино Червар има причина за задоволство по овој турнир, не само поради одбранетиот пехар, туку и поради фактот дека докажа дека новите ангажирани ракометари ќе бидат значително засилување за следната сезона. Така, на мечот со Вардар „металурзите“ настапија без Станиќ, Миркуловски, Димовски, Мојсовски, додека Вугринец, Манасков и Георгиевски одиграа неполно полувреме, но и со така комбиниран состав Металург стигна до лесен…

повеќе...

Турнир во мал фудбал „Велгошти 2014„

Синоќа во Велгошти по десетти пат се одигра турнирот во Мал фудбал „Велгошти 2014“, што по традиција се одржува во очи на големиот христијански празник „Св. Петка“. И градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на  турнирот. Годинашен победник на турнирот односно со освоено прво место е екипата на АСП ПАК која ги измери силите против екипата на „Мистер Ај”. Медалите на првопласираните и пехорот им ги врачи градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Инаку, на турнирот имаше голема посетеност, трибините на игралиштето во Велгошти беа премали за сите кои сакаа да го гледаат…

повеќе...

Златен медал за Михаил Шишкоски на традиционалниот турнир „Илинден 2014“

По повод Илинден викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“ и Општинскиот стрелачки Сојуз „Охрид“ од Охрид се одржа традиционалниот Турнир „Илинден 2014“, на кој учество зедоа повеќе клубови и тоа од нашата земја, Република Бугарија и Република Србија. Се пукаше само една дисциплина и тоа воздушна пушка-40 истрели, мажи и жени. Оваа година само еден охридски стрелец се закити со медал, и тоа државниот рекордер на Македонија, Михаил Шишкоски кој со 390,2 кругови се пласира на втората позиција, зад Борислав Стаменов од СК…

повеќе...