Отпочна „Илинденска вечер во Елшани”

Синоќа, со финалниот натпревар на турнирот „Илинден 2014“, отпочнаа празничните чествувања, овојпат зацртани со културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани”. Имено, по неколкудневни спортски и фудбалски натпревари, a пред неколку стотини посетители, со интонирање на македонската химна отпочна и се одигра финалето меѓу екипите на „Лева Патика“ и “Чанди компани”. Победници на турнирот станаа „Лева патика“ откако го добија финалето со 6:2. Посебно за паметење од овој настан беше и одбележувањето на 5-годишнината од формирањето на здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ – Елшани, чиј претседател, проф. Димче Донески во…

повеќе...

Во Волино од 9-ти до 28-ми август ќе се одржи турнир во мал фудбал „Богородица куп 2014“

Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино и оваа година го организира 17-тиот Турнир во мал фудбал „Богородица Куп 2014-Меморијал Зоран Митрески (1970-2013 ) ”, кој што се одржува во Волино, од 09 до 28 Август. Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ е традиционална спортска манифестација која во чест на верскиот празник  „Успение на Пресвета Богородица”-28 Август, Голема Богородица, заштитничка на Волино, ја организира Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино, а под покровителство на Црквата „Успение на Пресвета Богородица” и Месната заедница-село Волино. Турнирот е со спортско-натпреварувачки карактер и придонесува за промоција на фер плејот…

повеќе...

Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“

Агенцијата за млади и спорт продолжува со активностите во насока на промоција на македонскиот спорт на меѓународен план. Поради тоа денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се оддржа прес-конференција по повод овогодинешното одржување на 42-от меѓународен ракометен турнир „СТРУГА 2014“. На прес-конференцијата учество зедоа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на одборот Лилјана Затуроска, спортскиот директор Сашо Србиноски и техничкиот секретар Ѓоко Илоски. Директорот Марјан Спасески во својот говор истакна дека Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот поддржувач на традиционалните спортски…

повеќе...

„Богородица Куп 2014“ во чест на Зоран Митрески – Бутрагењо

Фудбалскиот клуб „Сатеска“, на вчерашниот состанок на кој се расправаше за организацијата на 17-то издание на Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ с.Волино едногласно одлучи годинешното издание на „Богородица Куп 2014“  да биде во чест на прерано починатата легенда на „ФК Сатеска“, Зоче  Бутрагењо и да има меморијален карактер, односно „Богородица Куп 2014 – Меморијал Зоран Митрески (1970 – 2013)“. „Името на Зоран Митрески – Бутрагењо со златни букви засекогаш ќе биде врежано во богатата историја на ФК „Сатеска“, како најдобриот стрелец  на Клубот на сите времиња. Повеќе од две…

повеќе...

Македонија 75-56 Романија

Со нова одлична тимска партија и контрола врз случувањата на теренот и резултатот во текот на сите 40 минути од натпреварот, Македонија заслужено ја совлада Романија со високи 75-56. Избраниците на Александар Џикиќ утре го играат последниот меч од турнирот во Охрид, а противник ќе биде Грузија. Слично како и на вчерашната средба со Австрија, селекторот Александар Џикиќ уште од почетокот на натпреварот често ротираше со својот состав, давајќи еднаква шанса на сите кошаркари во составот. Бојан Трајковски и Ричард Хендрикс беа предводници на раното водство на нашиот тим од…

повеќе...

Македонија 98-71 Австрија

Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, сениорската репрезентација на Македонија со победа од 27 поени разлика над Австрија го отвори првиот турнир од подготовките за Евро-квалификациите. Избраниците на Александар Џикиќ со одлична тимска игра во текот на сите 40 минути, заслужено славеа со 98-71. Иако Австријците подобро го почнаа натпреварот и во неколку наврати водеа и со по 8 поени разлика, нашата репрезентација предводена од Бојан Трајковски успеваше да ја одржи резултатската неизвесност до средината на првиот период. Селекторот Александар Џикиќ често менуваше со составот, испробувајќи повеќе различни варијанти…

повеќе...

Започнаа подготовките на сениорската репрезентација на Македонија во кошарка

Од денес до 18 јули на подготовки во Охрид, во Спортската сала Билјанини Извори, се наоѓа сениорската репрезентација во кошарка на Македонија. За време на подготовките на 16,17 и 18 јули ке се одржи и меѓународниот кошаркарски турнир Охрид 2014, на кој покрај Македонија ќе учествуваат и соодветните репрезентации на Австрија, Грузија и Романија.

повеќе...

Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти се играше Coca-Cola фудбалскиот куп

Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, денес се играше „Coca-Cola фудбалскиот куп“ на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.  Целта на Coca-Cola фубалскиот куп веќе трета година по ред останува непроменета, создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава. „Овде сме да направиме дружење, игра и забава за децата од Охрид. Има деца од три средни училишта и три основни училишта. Целта не се резултатите, постигнување први места и други работи, туку овде пред се е промоција на општествената…

повеќе...

Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал

Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.  Тие, во вчерашниот финален натпревар со фудбалската екипа од полициската станица од општа надлежност Охрид, на пенали издвојуваа победа со резултат 3:2.  Победничката екипа доби пехар за освоено прво место на турнирот во мал фудбал како и признанија за учество и постигната победа. Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид  го одбележа 7…

повеќе...

СВР Охрид организира турнир во мал фудбал

Во пресрет на 7 мај денот на македонската полиција, СВР Охрид организира турнир во мал фудбал. Оваа спортска манифестација е дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид ќе го одбележи денот на полицијата. Фудбалскиот турнир започнува утре во 16 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ каде по систем ќе се одигруваат по два натпревара дневно. На фудбалскиот турнир учествуваат вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид. Финалните средби ќе се одиграат на денот на македонската полиција 7 мај.

повеќе...