УЕФА клубско лиценцирање за сезона 2015/2016

Согласно временската табела од постапката за лиценцирање за натпреварувања во УЕФА за сезона 2015/2016, 9 (девет) клубови доставија пријави за лиценцирање, и тоа: ФК Вардар АД – Скопје; ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново; ФК Металург АД – Скопје; ФК Работнички АД – Скопје; ФК Шкендија АД – Тетово; ФК Ренова АД – с.Џепчиште; ФК Силекс АД – Кратово; ФК Пелистер АД – Битола; и ФК Тетекс АД – Тетово, По извршениот преглед на документацијата, Одделението за лиценцирање при ФФМ достави извештај за секој клуб поединечно до Комисијата за лиценцирање…

повеќе...

Одржана редовна седница на Управниот одбор на ФФМ

Денес се одржа редовна седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Донесени беа следните одлуки: -Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи поранешниот македонски репрезентативец Саша Ќириќ за технички менаџер на А репрезентацијата на Македонија. -Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои измените и дополнувањата на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери и го усвои новиот стандарден договор за професионални фудбалери. Усвоените измени и дополнувања се во насока на усогласување на актите на ФФМ со барањата и критериумите на УЕФА и ФИФА…

повеќе...

Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца

Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот. Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: -Копија од важечка УЕФА Б Диплома -Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа. -Важечко лекарско уверение -Уплатница за…

повеќе...

Тренерите на клубовите од Првата лига мора да поседуваат УЕФА ПРО Диплома

Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија информираат дека согласно Правлиникот за лиценци (дозволи) за работа на тренери во Фудбалска Федерација на Македонија што се однесува на тренерите во Прва МФЛ, како и согласно Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања на УЕФА, дека тренерот кој е носител на активностите на сенироскиот тим (Тим Менаџерот), мора да поседува УЕФА ПРО Диплома. Исто така, претходно важечкото правило за 50% проследена настава на УЕФА Про ниво повеќе не е на сила за натпреварувачка сезона 2015/16. Од тие…

повеќе...

Упис на тренери кандидати за УЕФА Б и УЕФА А Диплома

Центарот за едукација на ФФМ, објавува почеток на упис на тренери кои се заинтересирани за добивање на УЕФА тренерски дипломи и тоа за следниве нивоа: Упис за добивање на УЕФА Б Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: – Диплома за завршено образование најмалку ССС – Потврда за фудбалски стаж како сениорски играч, најмалку 4 години – Важечко лекарско уверение – Копија од лична карта или државјанство – Уплатница за прва рата (100 евра во денарска противвредност) Упис за добивање на УЕФА А Диплома,…

повеќе...

Измена на правилото за пополнување на места во УЕФА Европа лига

Одделот за натпревари при ФФМ, информира за промените кои ги донесе УЕФА, а се однесуваат на пополнување на местата на УЕФА Европа Лига, поконкретно за правилото финалист на КУП. Имено, почнувајќи од УЕФА сезона 2015/16 правилото за финалист за КУП гласи: „Доколку победникот на домашниот КУП за сезона 2014/2015 обезбеди пласман во УЕФА Лига на шампиони преку домашно натпреварување, тогаш место во УЕФА Европа лига добива следниот на табела кој не изборил пласман во УЕФА Европа лига, а не финалистот на Купот како што беше случај до сега“.

повеќе...

Клупско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16

Согласно рокот за пријавување на клубовите од ФФМ за клупското лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16, заклучно со 15.01.2015 следниве клубови се пријавија за европска лиценца: – ФК Вардар – ФК Работнички – ФК Шкендија – ФК Силекс – ФК Ренова – ФК Металург – ФК Тетекс – ФК Турново – ФК Пелистер Завршена е и дистрибуција на потребните информации и обрасци од страна на ФФМ кон клубовите согласно временската табела, а во тек на месеците Февруари и Март следи достава и комплетирање на документите од страна на клубовите…

повеќе...

ФФМ дел од УЕФА проектот „Капитени на промени“

УЕФА оваа недела ја започна програмата „Капитени на промени“, каде учесниците се стремат кон развој на проекти за различност и инклузија во фудбалскиот менаџмент низ европските земји. Кандидатите кои работат во националните федерации членки на УЕФА, или пак во УЕФА партнерските организации ќе ги презентираат своите предлог проекти, а потоа ќе бидат водени низ стратегиите за менаџмент со промени, структура на проекти и лидерство преку работни групи. Освен што ќе им бидат дадени алатки за имплементација на нивните поединечни иницијативи за различност, учесниците ќе црпат инспирација од Кларенс Сидорф, глобален…

повеќе...

Вардар, Турново, Тетекс и Металург добија по 30 илјади евра од Финансискиот Фер Плеј на УЕФА

Со одлука на извршниот одбор на УЕФА, а преку Фудбалската Федерација на Македонија, во текот на вчерашниот ден исплатени се средства на 4 наши клубови од програмата за Финаниски Фер Плеј кои се натпреваруваа во квалификации за Лига на Шампиони и Лига Европа во сезона 2013/14. Имено, овие средства се добиени од наградниот фонд на УЕФА кој е задржан заради несиполнување на правилата од Финанскиот Фер Плеј. Од оваа сума 80% од средствата се дистрибуирани на клубовите кои играле во фазата по групи на Лига на Шампиони и Лига Европа…

повеќе...

Казна од 12 илјади евра за ФФМ поради употреба на ласери од страна на навивачите

Фудбалската федерација на Македонија е казнета со паричен износ од 12.000 евра од страна на телото на УЕФА за контрола, етика и дисциплина поради однесувањето на дел од навивачите на квалификацискиот натпревар Македонија – Луксембург на 9 октомври, односно користење и употреба на ласери.

повеќе...