Македонија домаќин на турнирот за квалификации за Европско фудбалско првенство до 19 години

Македонија е домаќин на турнирот за квалификации во елитната фаза за европското фудбалско првенство до 19 години. Во групата 12 за место во елитната фаза на квалификациите Македонија ќе се бори за пласман во конкуренција со Босна и Херцеговина, Лихтенштајн и Франција. Натпреварите ќе бидат одиграни по следниот распоред: Дата Час Стадион Домаќин Гостин 8 октомври, 2014 15:00 Борис Трајковски – Маџари Босна и Херцеговина Лихтенштајн 8 октомври, 2014 15:00 ФФМ Тренинг Центар Франција Македонија 10 октомври, 2014 15:00 ФФМ Тренинг Центар Босна и Херцеговина Македонија 10 октомври, 2014 15:00…

повеќе...

Презентирана програма на УЕФА за развој на фудбалот

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски одржа работен состанок со високите гости од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА и Јан Лупеску, секретар на одделот на УЕФА на кои беа анализирани потребите на ФФМ во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Претходно, гостите од УЕФА заедно со координаторот на нашите национални селекции, Зоран Стратев и младинските тренери го следеа тренингот на академијата на ФФМ на кои беа презентирани новите фудбалски правила кои веќе се применуваат во натпреварите од младинските…

повеќе...

ФФМ со поддршка на УЕФА обезбеди донација за осветлување и нова тревна подлога на пет стадиони

Фудбалската федерација на Македонија аплицираше во УЕФА за добивање средства од „хет-трик“ програмата на УЕФА со намена за реконструкција на пет фудбалски стадиони  со природна трева и осветлување со стандарди за меѓународни натпреварувања. „Хет трик“ е развојна програма на УЕФА, преку која Европската фудбалска асоцијација ги поддржува своите членки во областа на спортските, инфраструктурните и образовните потенцијали на федерациите. Реализацијата на проектот за кој аплицираше ФФМ треба да биде во соработка со единиците на локалната самоуправа, a првиот услов за изградба или реконструкција  на стадионот и осветлување е истиот да…

повеќе...

Македонија во петтиот барабан за квалификациите за ЕП 2016

Македонската А репрезентација е во петтиот барабан за извлекувањето на групите за Европското првенство во Франција во 2016 година, потврди УЕФА. Ждребот ќе се одржи на 23 февруари во францускиот град Ница. На континенталниот собир на најдобри селекции ќе се пласираат по две најдобро пласирани екипи од секоја група, а третото место води во бараж. Прв барабан: Шпанија, Германија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Босна и Херцеговина. Втор: Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија, Република Ирска. Трет: Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Полска. Четврти: Црна…

повеќе...

УЕФА објави сторија поврзана со актуелностите во македонскиот клупски фудбал

Официјалната веб страница на УЕФА објави сторија поврзана со актуелностите во македонскиот клупски фудбал. Истата е посветена на лидерот по есенскиот дел на Македонското првенство и во неа се вели дека Хоризонт Турново под водство на Гоце Седлоски има 10 победи и постиганато 44 голови. Во  продолжението на оваа вест се напоменува дека поранешниот репрезентативец на Македонија како тренер во оваа екипа започнал со два порази, но од кога бил прифатен неговиот стил на игра оваа екипа не знае за пораз. „По првата половина од сезоната да се биде на…

повеќе...

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и официјално претставен во Комисијата за фудбал на УЕФА

На 21 ноември во Нион, претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски беше и официјално претставен како член на Комисијата за Фудбал на УЕФА, со свечено доделување на златна значка од страна на претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Оваа комисија на УЕФА има за цел да поттикне размена на мислења за заштита и понатамошен развој на фудбалската игра; да подготвува предлози за прашања поврзани со репрезентациите и клубовите, правилата на игра, заштита и имиџ на играчите, како и останати фудбалски прашања кои имаат влијание врз фудбалската игра. Членовите на…

повеќе...

Реми за Турново и Тетекс во првите дуели од УЕФА Европа Лигата

Тетекс едвај успеа да ремизира на домашен терен 1:1 против Пјуник претставникот од Ереван, Ерменија. Стрелец за гостите во 81 минута беше Ајвазјан, додека пак Исени во 90 минута изедначи и го спаси Тетекс од пораз. Другиот наш претставник во УЕФА Европа Лигата, екипата на Турново, за малку не успеа да се врати со победа од гостувањето против Судува во Литванија. Иако први во водство дојдоа домаќините уште во 23 минута преку Петар Басиќ, Турново успеа да изедначи во 30 минута преку Зоран Балдовалиев, а веќе во 45 минута преку пенал,…

повеќе...

Металург изгуби 0:1 од Карабак во првиот дуел од квалификациите за УЕФА Европа лигата

Металург во Скопје изгуби минимално со 0:1 од Карабак, азербејџанскиот претставник во квалификациите за УЕФА Европа лигата. Голот го постигна Рејналдо во 64 минута, со што гостите обезбедија предност пред повратниот дуел во Азербејџан кој ќе се игра следниот четврток, 11 јули. За екипата на Карабак настапи нашиот интернационалец Муарем Муарем, кој излезе од игра во 46 минута. WebOhrid

повеќе...

Претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски оствари работен состанок со Петриашвили

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски оствари работна средба со Давид Петриашвили, одговорен за „хет трик“ програмата на УЕФА во одделот за развој на национални асоцијации и Маркус Келер, експерт на УЕФА и ФИФА за тревни подлоги. На состанокот во „куќата на фудбалот“ Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски детално ја презентираше програмата на ФФМ за изградба на 10 терени со вештачка трева во различни општини во нашата земја и го образложи планот и динамиката за остварување на проектот „10 терени со вештачка трева“ поддржан од европската фудбалска куќа. Фудбалската…

повеќе...

Одржан првиот УЕФА регионален семинар за борба против местењето натпревари

Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА низ заедничка прес-конференција денес и официјално го отворија првиот УЕФА регионален семинар за Integrity Officers во Скопје. Исклучително важниот семинар со централна тема „превенција и детектирање на местењето натпревари“ го отвори Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, одговорниот на Integrity Officers во Европа, Урс Клусер и координаторот на УЕФА, Греам Пикер. По големиот број скандали во европскиот фудбал, УЕФА низ организирање семинари прави напори да ја зајакне борбата против едно од најголемите зла во фудбалот. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ги потенцираше…

повеќе...