Средби на Груевски со локалното население во охридско

Во рамки на работната посета на Охрид премиерот Никола Груевски ја предаде во употреба целосно реконструираната улица „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта каде оствари и срeдба со локалното население при што разговараше за нивните секојдневни потреби и проблеми. Меѓу прашањата што му беа поставени беше и проблемот на семејството од Охрид со осум деца, кое живее во субстандардни услови во една од бараките што наскоро ќе бидат урнати. Притоа, премиерот во консултација со директорот на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор Цветко Грозданов се информираше за начинот како…

повеќе...

Во Велгошти се проширува канализационата мрежа

Екипа на Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежна активност во село Велгошти, изведба на улична канализациона мрежа. Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина. Одговорните во Нискоградба остануваат на заложбата да секаде каде што има минимални услови се прават напори за приклучување во канализационата мрежа.

повеќе...

Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Во согласност со барањата на Владата на Република Македонија за издавање бесплатни термини во спортските сали, Спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти ги нуди следните бесплатни термини за сите жители од Велгошти кои се заинтересирани за спорт и рекреација. Бесплатните термини се секој четврток и секоја сабота од 21 часот до 22 часот. „Ги покануваме сите жители од Велгошти да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето.  WebOhrid

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за учениците од ранливите категории

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, реализирајќи ја својата годишна програма за работа, денес со поддршка на ОО Црвен Крст Охрид за учениците на кои им е потребна материјална помош и поддршка, им обезбеди облека и обувки. „Советот на родители во претходна консултација со одделенските наставници изработи листа на потребни средства за одреден број ученици, па потоа во соработка со ОО Црвен Крст обезбедија дел од она што беше потребно. Оваа соработка се негува и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи. Исто така Советот на родители…

повеќе...

Интензивно се санираат поплавените подрачја во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните места. „Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има на неколку локации во градот и во селата.На улицата „Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од…

повеќе...

Стариот традиционален занает во рацете на младиот и перспективен резбар Даниел Колевски од Охрид

Сведоци сме дека, денеска за жал, многу стари занаети изумираат благодарение на динамиката на денешниот „модерен“ начин на живот и општествените услови. Главно поради овие причини, мнозина од младата популација не е заинтересирана да ги изучува старите традиционални автохтони занаети, а со тоа да ги одржи во живот. Но, за среќа, тоа не е случај со младиот и перспективен резбар Даниел Колевски. Даниел Колевски е роден на 01.12.1983 година во Охрид, во православно семејство како второ дете. Основно образование завршил во ОУ „Коле Неделковски“ во с. Велгошти (денес ОУ„Живко Чинго“).…

повеќе...

Основците од „Живко Чинго“ – Велгошти го одбележаа 11-ти Октомври

По повод 5-ти Октомври – Денот на учителот, Детската недела, а и претстојниот празник 11-ти Октомври, денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа свечена приредба. „На приредбата и претходеше уредување пригодна изложба со цртежи од учениците на трите теми, а исто така и читање на предавање за Правата на детето на состанокот на Детската организација. Присутните покрај предавањето, се запознаа со припремите и подготовките за приредбата.“ – велат од училиштето. На приредбата настапија учениците од ова училиште со песнички, стихотворби, ритмички точки и рецитали на тема „Учителка“, „Детето“ и „11-ти Октомври“.…

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ донираше лектирни изданија за училишната библиотека

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти вечерва одржа состанок, на кој донираше лектирни изданија за училишната библиотека за потребите на учениците. Имено соработката меѓу училиштето и советот на родители е на високо ниво. Родителите на состаноците преку директорот на училиштето, Гоќо Чингоски се информираат за потребите на учениците, проектите кои училиштето ги работи и разните активности од типот на: екскурзии, настава, проблеми, развојни програми итн. Советот на родители на состанокот го информираше директорот за нивниот став и начин на гледање на работите, се со цел за подобро насочување…

повеќе...

Црковниот одбор од Велгошти ќе покрие половина од сумата на деветтоодделенците

Во октомври учениците од ОУ „Живко Чинго” – Велгошти ќе заминат на тридневна ескурзија низ Македонија. Оваа година Црковниот одбор од село Велгошти ќе покрие половина од сумата на деветтоодделенците. „Од кога стапив на функцијата ВД директор и директор на ОУ „Живко Чинго” имаме континуирана соработка со Црковниот одбор. Имено две години со ред Црковниот одбор им доделува бесплатни Новогодишни пакетчиња на првооделенците и на дечињата од градинката при ОУ „Живко Чинго”. Минатата ескурзија низ Македонија Црковниот одбор им ја покри на тројца ученици комплетно ескурзијата. Годинава на двајца полуматуранти…

повеќе...

Свечено одбележан првиот училишен ден во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Со  свечена програма во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти се одбележа стартот на новата учебна 2015/2016  година. Учебната година со возбуда ја дочека 31 првоодделенче. Среќно првачиња! WebOhrid

повеќе...