Денес, од страна на СВР Охрид пред учениците од шесто до девето одделение во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти беше одржано предавање на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“. Ова предавање беше организирано под мотото „Биди ѕвезда, не фрлај петарди“ и беше поткрепено со „Power point“ презентација, фотографии и многу корисни совети за опасностите од користење вакви средства. Учениците се запознаа со видовите пиротехнички средства, нивниот состав, со законски регулативи кои го уредуваат делот на недозволено користење на пиротехнички средства, но најголем акцент се стави на ризиците и последиците…
повеќе...Tag: велгошти
Со правилна нега до здрави заби – предавања во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти
Во рамките на одбележувањето на Неделата на забоздравствена заштита од 9-15 декември под мотото „Здрава насмевка среќно дете“, денес во училиштето „Живко Чинго“ во Велгошти се одржаа две предавања со учениците од I и IV одделение. Волонтер-стоматолог од Црвен Крст Охрид д-р Кристина Стојаноска Алоска пред првачињата зборуваше на тема : „Правилна нега на забите и квалитетна орална хигиена за здрави трајни заби“. Пред четвртоодделенците д-р Грација Бакраческа специјалист по детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ Охрид одржа предавање на тема: „Оралната хигиена и правилна исхрана со контрола на внес…
повеќе...Новогодишен базар во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти
Оваа учебна година Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнаа со реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој има за цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник. „Преку овој проект ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно образовниот процес во основното образование.“- велат од училиштето. Проектот предвидува постигнување на целта преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање спортски, културни, забавни и едукативни активности во кои ќе учествуваат родителите, учениците и наставниците. Во рамките на овој проект Основното училиште „Живко Чинго“ од…
повеќе...Основци од „Живко Чинго“ наградени на фестивалот на детски творби
Двајца ученици од ОУ „Живко Чинго Велгошти“ (Крстаноска Благица и Христијан Балоски од VII одд.) беа наградени на VI -от фестивал на детски творби и творби за деца „Беше еднаш еден неизбришлив лав“. „Ова е меѓународен конкурс кој е во организација на општина Медијана, Ниш. Овие награди беа во конкуренција од над 2000 творби што оваа година пристигнале на адресата на фестивалот Медијана. Наградените ликовни творби од нашите ученици беа „Девојка во носија“ и „Паун“.“– велат од училиштето. Наградите на учениците им беа врачени од страна на Градоначалникот на Ниш,…
повеќе...Прва награда за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на ликовниот конкурс „13-ти Ноември“ во Скопје
Ученичката Ана Латковска од ОУ „Живко Чинго“ од село Велгошти, учествуваше на ликовниот конкурс кој беше објавен од страна на детскиот ликовен центар од Скопје на тема : „13-ти Ноември”, по повод одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје. За своето учество со ликовна творба под менторство на наставникот по ликовно образование Љубен Цветкоски, ученичката беше наградена со прво место.
повеќе...Првачињата од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти учеа за правилата во сообраќајот
Денес, во училишниот двор на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, сообраќаен полицаец – претставник од СВР Охрид одржа предавање за учениците од прво одделение за безбедност во сообраќајот. Преку практични примери и показни вежби најмалите ученици од ова училиште беа запознаени со правилата на движење во сообраќајот како пешаци, беа советувани како безбедно да се движат по коловозот и тротоарите, како да преминуваат на пешачки премин, како да ги почитуваат сообраќајните знаци и се’ она што може да ги заштити нив како учесници во сообраќајот. Исто така им беше укажано…
повеќе...Фудбалски судија нападнат во соблекувална
На 2-ри ноември во времето од 14,00 до 17,00 часот, во село Косел, охридско за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вулкан“ од с.Косел и ФК „Кораби“ од Дебар, по завршување на првото полувреме Д.Т.(58) од с.Велгошти, охридско во соблекувалната физички го нападнал главниот судија. На лицето му е издаден платен налог за сторен прекршок.
повеќе...Ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот на „Преподобна Параскева“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми октомври, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Охриѓанец извршил тешки кражби
Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „Тешка кражба“ и едно дело „Кражба“, СВР Охрид против С.А.(24) од Охрид поднесе кривична пријава. По основ на помагање на сторител во извршено кривично дело, во пријавата офатена е и К.Д. (18) од охридското село Велгошти. Пријавениот С.А. кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни…
повеќе...Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти. На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле…
повеќе...