Учениците од прво до шесто одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и најмладите од градинката која е во рамки на училиштето денес го одбележаа 1ви април – Денот на шегата. „Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“ – информираат од училиштето. WebOhrid
повеќе...Tag: велгошти
Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти
Со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти вечерва го одбележа патрониот празник на училиштето. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „На крилјата на љубовта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата за како што рече нивното доаѓање за прославата – патронен празник на ова училиште. „Веќе 141 година ОУ „Живко Чинго“ е колевка на образовани и воспитани генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа наоѓајќи го…
повеќе...Започнаа активностите за одбележување на патронатот на ОУ „Живко Чинго“
Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. Утрово делегација на училиштето, предоводена од директорот Ѓоко Чингоски положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго. Активностите продолжуваат вечерва со свечената прослава која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти свечено ќе го одбележи патрониот празник
Со свечена прослава, во понеделник (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, изведба на драмата „Госпоѓа министерка“, а ќе биде отворена и ликовна изложба. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 141 година од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците…
повеќе...Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти
Денес во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид, на учениците од четврто оддеделение им беше одржано едукативно предавање на тема: „Реонскиот полицаец ве советува“. Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот. WebOhrid
повеќе...Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти
Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти Почитувани велгоштани, Ние од Црковниот одбор од с. Велгошти повторно ви укажуваме на проблемот со гробни места во с. Велгошти како што тоа го направивме пред околу една година и пол. Од тогаш до денес имаме иницирано средба со М.З. Велгошти од каде имаме само усмена поддршка и практично до денес не е преземена никаква активност. Исто така, писмено се обративме и до Градоначалникот на Охрид, но не добивме никакво известување од надлежните во Општина Охрид. Бидејќи, ние како…
повеќе...Четврто место за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по германски јазик
На 04.03 2017 година, во Основното Училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, се одржа Регионален натпревар по германски јазик. На овој натпревар учествуваше и ученичката Стефанија Вељаноска од ОУ „Живко Чинго”од Велгошти. Ученичката Стефанија го освои четвртото место и продолжува на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 10.03.2017 година.
повеќе...Спортски ден во салата „Тодор Александров“ во Велгошти
По повод роденденот на Тодор Александров (4ти март), денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, по четврти пат се одржува спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“. На истиот учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга. „Овој настан е настан за паметење, како што рече и професорт од „Јахја Кемал“ ова е нешто што се случува само во Америка. Направивме навистина настан за паметење со…
повеќе...Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров
По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во село Велгошти, по четврти пат, утре (3ти март) ќе се одржи спортски ден. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат ќе учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга. Учениците ќе се натреваруваат во четири дисциплини (баскет, мал фудбал, пинг-понг, шах), а за најдобрите ќе бидат доделени награди. Почетокот на…
повеќе...Одржан традиционалниот маскенбал во Велгошти по повод Прочка
Во организација на Месната заедница од село Велгошти, а повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал во Велгошти. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории беа обезбедени богати награди. WebOhrid
повеќе...