Голем успех на основците од ,,Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа IV Oпштински натпревар по математика 2016/2017 година. Помеѓу другите, учениците од ОУ„Живко Чинго“, Велгошти на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати. Ова се наградените ученици: 1. Стефанија Речкоска IV одделение Meнтор: Љубица Ангелоска Кркачоска II место 2. Ангела Китрозоска IV одделение Meнтор Љубица Ангелоска Кркачоска III место 3. Марио Велкоски IV одделение Meнтор Елена Јорданов III место 4. Софија Балоска IV одделение Meнтор Елена Јорданов пофалница 5. Маја Буџакоска V одделение Meнтор…

повеќе...

Во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал по повод Прочка

По повод празникот Прочка – Поклади, во недела (26ти февруари), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал. „Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти. Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров. WebOhrid

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на Подмоље и Велгошти

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, вчера, беше во обиколка на селата Подмоље и Велгошти, каде се во тек градежните зафати за асфалтирање на повеќе делови од улиците. Во Подмоље се асфалтираат две улици со вкупна површина од 645 метри квадратни, додека во Велгошти се четири улици со вкупна површина од 880 метри квадратни. Градежните активности се очекува да завршат во текот на денешниот ден. Градежните зафати за асфалтирање на сите шест улички изнесуваат 1 972 000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Охрид.

повеќе...

Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Велгоштани имаат можност слободно и бесплатно да ја користат спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. За сите кои се заинтересирани за спорт и рекреација, бесплатните термини се секој понеделник и секоја сабота од 21:00 до 22:00 часот. „Ги покануваме сите оние кои сакаат да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето. WebOhrid

повеќе...

Пуштено во употреба портабилно автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“

Во изминатиот период, поранешниот ученик во ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, Владимир Шокаровски, моментално демонстратор и лаборант при Институтот за електротехнички мерења и електротехнички материјали на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, во знак на благодарност, работеше на проектот за автоматизација на училишното ѕвонче во ова училиште. Деновиве беше завршен тој проект, успешното инсталирање и пуштање во употреба на портабилното автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти. „Ми претставуваше огромна чест и задоволство, како поранешен основец во ова училиште, што работев на овој проект…

повеќе...

Кучиња скитници – опасност за велгоштани

Кучињата скитници претставуваат проблем со кој што се соочува не само нашиот град туку и сите градови во Македонија. Загрижен читател испрати фотографии со глутница кучиња позади спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Читателот предупредува за овој сериозен проблем, пред да биде предоцна, односно како што вели, пред да каснат некое дете.

повеќе...

Ќе се решава проблемот со недостигот на гробни места во Велгошти

Жителите од Велгошти веќе подолго веме се соочуваат со проблем, недостиг на гробни места. Со цел да се реши тој проблем, Месната Заедница од Велгошти и Црковниот одбор од Велгошти организираат состанок со жителите. На состанокот кој ќе се одржи во недела во 18:00 часот, во просториите на играорната група КУД „Илинден“, организаторите ќе расправаат по само една единствена точка на дневен ред – Решавање на проблемот со гробни места. „Се повикуваат сите жители од Велгошти масовно да присуствуваат на состанокот, со цел конечно да се изнајде решение“ – велат од МЗ…

повеќе...

Светиот крст во Велгошти во рацете на Небојша Јовановиќ

Големиот христијански празник Богојавление- Водици се одбележа и во Велгошти. Меѓу неколкуте скокачи во Велгошти, најсреќен беше младиот Небојша Јовановиќ. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! Видео: Кристина Китроз

повеќе...

Пристигна и втората електронска табла во ОУ „Живко Чинго“

Пристигна и втората интерактивна електронска табла во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, со цел учениците да имаат подобро образование. Првата табла учениците ја добија пред околу еден месец, која е донација од американското здружение Macedonian school project, додека пак оваа табла, училиштето ја набави со сопствени финансиски средства. „Со овие интерактивни електронски табли, наставниците ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатуваат предавањата и ќе им дадат поголемо знаење на учениците.“– информираат од ОУ „Живко Чинго“. Оттаму додаваат дека во второто полугодие од учебната 2016/2017 година ќе биде набавена и уште една…

повеќе...

Повреден велосипедист од Велгошти на ул„7ми Ноември“ во Охрид

Вчера во 11.00 часот во ПС за БПС Охрид пријавена е сообраќајна незгода која се случила истиот ден во 06.30 часот во Охрид на ул. „7-ми Ноември“ помеѓу автобус „Икарус“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.Б. (33) од с.Пештани, охридско и велосипед „Пони“ управуван од Б.Т. (64) од с.Велгошти, охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна…

повеќе...