ОК на ВМРО-Народна партија – Охрид денес испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Вчера бевме сведоци на театралното доделување на решенијата на спортските екипи за користење на спортските терени ЈП „Билјанини Извори“. Субвенциите кои ќе бидат уплатени на сметка на ЈП „Билјанини Извори“ изнесуваат околу два и пол милиони денари. Доколку Бакрачески не бил запознаен, а сега се фали дека спортските екипи најмногу се субвенционирале, во минатото сумата за користење на спортските терени што ја плаќала Општина Охрид за екипите никогаш не била под четири милиони денари. И не…
повеќе...Tag: вмро
ВМРО-ДПМНЕ: Глупостите, манипулациите и лицемерието на СДСМ изразени на централно ниво, денес кулминираа на локално ниво
Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „Глупостите, манипулациите и лицемерието на СДСМ изразени на централно ниво преку објавување на снимени разговори до кои се дошло преку странски разузнавачки служби блиски на социјалдемократите а кои се на штета на државава, денес кулминираа на локално ниво. Малкумината од некогашната голема политичка партија СДСМ – Охрид, кои денес за жал дејствуваат како очајна банда , се дрзнаа да го коментираат начинот на работа на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид. Малкумината од некогашната…
повеќе...Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одиграат „Македонска крвава свадба“
Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, сите почитувачи и љубители на театарот и добрата театарска претстава, ги кани на претставата „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ што ќе се игра утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Претставата е со почеток во 19:00 часот. Истата ја подготвија и ќе ја играат членови на УМС. Влезот е слободен.
повеќе...Средба помеѓу претставници на ОК ВМРО-НП Охрид и ОБСЕ
Претставници на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија во Охрид, деновиве остварија средба со претставници на ОБСЕ. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата во Општина Охрид. „Претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се поголемиот притисок врз членовите на ВМРО – Народна партија во Охрид и дејствијата кои Локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес се удави во жив песок
Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „СДСМ –Охрид денес се удави во жив песок и потсети на уште едно од многуте незаконски дела што ги правеше во Охрид. По личните видувања и коментари изнесени на денешната прес- конференција, охридските социјалдемократи заборавија да кажат дека во периодот пред и за време на минатите локални избори со сомнителни договори за вработување преку ноќ во општина Охрид работно ангажираа околу 300 партиски лица, заради што веќе одговараат и пред надлежните…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно ги призна сите незаконски и нелегални дејствија што во свое време ги направи кај „Мауцкер“
Во врска со реакцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „СДСМ- Охрид со денешното соопштение јавно ги призна сите незаконски и нелегални дејствија што во свое време ги направи кај локалитетот „Мауцкер“. Ако СДСМ има кратка меморија, за охридската јавност “свежи“ се сеќавањата од периодот кога директори од претходното локално раководство на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на просторот кај “Мауцхер“, кој со одлука на градскиот Совет во доцните 90-ти години од минатиот век беше определен за времен простор каде исклучиво…
повеќе...ВМРО-НП: Зарем не ќе беше подобро власта да скратеше само еден споменик од милион евра и да купеше опрема за чистење снег?
ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО-НП со загриженост реагира на настаните кои ги гледаме во изминатите три дена, каде се покажа дека Македонија Пат и државата се целосно неспособни да се справат со пробивање на еден патен правец во земјава цели три дена, а притоа граѓани останаа заробени во снегот и поповеќе од 20 часа. Доколку го оставиме популизмот на страна јасно е дека освен акциите кои се правеа пред камерите друго сериозно нешто не се направи, а стотици граѓани, меѓу кои…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на ОО на СДСМ Охрид
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО–ДПМНЕ, во која стои: „Општинскиот огранок на СДСМ од Охрид, очигледно понесени од еуфоријата што нивниот претседател ги удостои со неговото присуство, заборавиле да го прашаат што тој видел на пат кон Охрид. Но еве ние во негово име ќе им го пренесеме одговорот на тоа прашање. На пат кон Охрид, нивниот лидер ја видел изградбата на автопатската делница која ги поврзува Охрид и Кичево, а на самиот влез во градот го забележал новиот лик, како што…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Која бомба по ред е оваа со која синоќа на охриѓани во нивниот роден град им се закани лидерот на СДСМ , Заев?
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во врска со одржаната трибина на СДСМ во Охрид. Во соопштението стои: „Моралот и вредностите на СДСМ се исти, тоа се криминогени , неискрени вредности во кои нема работа а има многу лаги и празни зборови. Која бомба по ред е оваа со која синоќа на охриѓани во нивниот роден град им се закани лидерот на СДСМ , Зоран Заев? Бомби фрлаат од СДСМ но самите себе си се уништат и се повеќе паѓаат на политичкото дно. Најдобриот мелем на СДСМ, пред…
повеќе...ОК на ВМРО-ДПМНЕ во сабота организира Комитска вечер
Општинскиот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ, во сабота ( 20 –ти декември) организира Комитска вечер. По тој повод, од Комитетот ги повикуваат сите членови на партијата, симпатизери и охриѓани да бидат дел од ова случување. Влезните билети се продаваат по цена од 450 денари и можат да се купат во новите простории на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ секој ден од 18 до 21 часот. За Комитската вечер предвидена е богата свечена програма.
повеќе...