ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од СДСМ не бегаме од проблемите туку со истите се соочуваме и ги решаваме и тогаш кога тие се наследени

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во која се вели: „СДСМ, денеска по којзнае кој пат  јавно самата себе си се изнаплука за катастрофалната финансиска состојба што ја  остави  не само во  општината туку и во  охридските училишта. Недомаќинското работење на СДСМ, неоправданите долгови и игнорантскиот однос што таа го имала кон долгогодишниот нерешен имотно- правен спор  со кој се соочува  ОУ „Григор Прличев“ се основните  причини за исклучување на струјата во оваа образовна институција. Последица на огромните наследени долгови…

повеќе...

ВМРО-НП со соопштение по повод исклучувањето на струјата во СРЦ „Билјанини извори“ и ОУ „Григор Прличев“

ОК на ВМРО-НП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите,во кое стои: „ВМРО – Народна партија по повод најновите исклучувања на училиштето „Григор Прличев“ и СРЦ „Билјанини Извори“ од најпојувањето на ЕВН, нема да ликува, нема да критикува и да го обвинува СДСМ за тоа дали години се „однесувала“ неодговорно или власта на ДПМНЕ која очигледно не е во состојба и не е способна да ги решава проблемите за кои ветуваше дека ќе ги реши, ниту пак судскиот систем кој влечел спор за експропријација над 30 години. Само јавноста ќе ја…

повеќе...

ВМРО-НП: ДПМНЕ го уништи ЕМО

ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија целосно ги разбира и ги поддржува вработените во некогашниот гигант ЕМО. Целосно застануваме зад нивна страна и ги поддржуваме во сите нивни барања. Работниците на ЕМО многу добро се сеќаваат дека во времето кога премиер на Република Македонија беше Љубчо Георгиевски, ЕМО беше втора фирма по обрт на средства во државата, претставуваше симбол на Охрид и секаде во светот беше позната со над 2.500 вработени. Тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, кога државата имаше потреба и даваше…

повеќе...

Комитски ден на ВМРО Австралија

Во просторите на Фераро ресторанот  денес се одржа комитски ручек по повод 23-ти Октомври ден на ВМРО. Присутни на оваа прослава беа Пратеникот Васко Наумовски, Конзулаторката Бети Коруновска, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од другите градови на Австралија и нашиот светски првак во карате Пеце Наумовски. Претседателот на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Мелбурн Џими Котевски ја започна прославата со првиот говор, а Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ – Австралија Сашо Наумовски во неговиот говор даде мала историја за денот: „Добро дојдовте на овој прекрасен…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Од ВМРО-НП нека ја проверуваат точноста на она што го изнесуваат, на тој начин и себе си ќе се поштедат од идните сопствени јавни бламажи

Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели: „Вообичаено во сопствен стил, ВМРО-НП го критикува секој добар проект реализиран од градоначалникот Никола Бакрачески  кој е во полза на младите охриѓани,  настојувајќи  успесите на новото локално раководство на  ВМРО- ДПМНЕ да си ги препише на сопствена сметка. Факт е дека за прв пат во историјата на Охрид по иницијатива на  градоначалникот Никола Бакрачески , Општината  почна да доделува стипендии за талентирани ученици и  студенти. Уште подобро е што локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ…

повеќе...

ВМРО-НП: Светот не почна да постои со доаѓањето на ДПМНЕ и Бакрачески

ВМРО-Народн партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Доделувањето на стипендии на талентираните студенти е сосема исправна постапка и како таква ВМРО – Народна партија ја поздравува и поддржува. Но, јавноста знае дека и во претходните години студентите и талентираните спортисти добиваа финансиска помош од Општина Охрид и пред доаѓањето на Бакрачески на градоначалничкото место. Проектот за стипендирање на студентите не започна минатата година како што Општина Охрид има истакнато на својата интернет страна туку тој проект е на предлог на ВМРО – Народна партија и се…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ беше и остана партија која е поддржувач на безредието и нередовноста во доаѓањето на работното место

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во кое се вели: „Какво безобразие, луѓето кои го уништија ЈП „Охридски комуналец“, кои за приватна корист истото  го опустошија  за   неколку  стотици илјади денари, се дрзнаа да го критикуваат актуелното раководство кое настојува да спроведе работна атмосфера  и редовност во доаѓањето  на работа во ова претпријатие. Каква срамота за СДСМ, беше и  остана партија која подржува луѓе кои сметаат дека на работа се оди “ради-  реда“ за прошетка или колку да се исполни слободното време.…

повеќе...

ВМРО-НП: Конечно градските власти го прифатија проектот за училишната спортска лига

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија го поздравува отпочнувањето на училишната спортска лига помеѓу средните и основните училишта во Охрид. Спортот е една од најважните гранки каде децата треба во што поголем број да се насочат. Во модерното време, и повеќе од потребно е децата да ги совладуваат спортските вештини. После една и пол година инсистирање на советникот на ВМРО – Народна партија, Јоне Станковски во Советот на Општина Охрид повторно да почне овој проект кој е многу значаен за…

повеќе...

Арнаудоски: СДСМ во цели осум години власт ветуваше, но не исполнуваше

Во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Илија Арнаудоски. „Денешната прес конференција е по повод континуираните напади на СДСМ- Охрид во однос на капиталните проекти кои ќе ги гради Општина Охрид и ВМРО- ДПМНЕ а се во насока на подобар живот за охриѓани и поубав Охрид. СДСМ во цели осум години власт ветуваше, но не Исполнуваше. Ветуваа брда и долини , затворен пазар, дом за стари лица, нова автобуска станица а наместо тоа општинската каса ја испразнија…

повеќе...

ВМРО-НП: ДПМНЕ уште еднаш ги излажа охриѓани

ОК на ВМРО-НП Охрид, денес испрати соопштение во кое стои: „Власта на ДПМНЕ во Охрид уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред своите сограѓани И таман кога сите мислат дека го постигнале врвот со лагите, од владејачката партија покажуваат дека можат да одат уште повисоко. Имено, на лагите им нема крај. Само колку за потсетување, кога ДПМНЕ беше опозиција во Охрид пред околу две години, жестоко се спротивставуваше за намерата со јавно – приватно партнерство да се градат капиталните инвестиции како автобуската станица и слични на неа. Во изборната…

повеќе...