Црвен крст Охрид со низа активности за Водици, но и со препораки до скокачите по крстот

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и…

повеќе...

Празнична свеченост по повод празникот „Богојавление“

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за претстојниот празник „Богојавление – Водици 2017“. Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне големиот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се…

повеќе...

5-та Меѓународна конференција „Охрид- Водици 2017“

Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан), од 17-19 јануар 2017 во Охрид, ќе се одржува петтата меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми. Темата на овогодишната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На конферецијата ќе учествуваат 57 учесници од 11 земји со свои излагања од истружувањата и сознанијата во областа на антропологијата, етнологијата, социологијата,…

повеќе...

Привршуваат подготовките за годинешното масовно чествување на Богојавление -Водици и Денот на рибарите

Подготовките за годинашното масовно осветување на водите на Охридското Езеро на Богојавление- Водици на 19 јануари и Денот на рибарите кој ќе се одржи на 20 јануари привршуваат. Ова беше соопштено на денешниот состанок на Координативното тело за организирање на двете манифестации, на кој покрај претставниците на општинските служби и јавните претпријатија,присуствуваа и претставници на Црвен крст, Секторот за внатрешни работи, Итната медицинска помош, Факултетот за туризам и угостителство, капетанијата, нуркачкиот клуб „Амфора“, поранешни фаќачи на Светиот крст и граѓани. „Како што претходно информираше градоначалникот Никола Бакрачески, организацијата околу големиот…

повеќе...

Грчката TASTV ги пренесе „Водици во Охрид“ пред својот аудиториум

Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, годинава најде посебно место во грчкиот медиум tastv.gr, кој пред својот аудиториум ги презентираше автентичните вредности и го мапира Охрид како дестинација која го негува културниот и религиски туризам. Од градот – неисцрпниот извор на убавина, здравје и спокој, милионскиот аудиториум на Грција покрај информациите за продлбочувањето на соработката помеѓу Охрид и Воден имаше можност да го проследи осветувањето на водите на Охридското езеро. Со нескриено задоволство, репортерот на грчката tastv зборуваше за посветеноста и ентузијазмот со кои верниците го одбележаа големиот…

повеќе...

Свети литургии за празникот Собор на Свети Јован Крстител

Утре на празникот Собор на Свети Јован Крстител ќе служи света литургија во црквата „Свети Јован Богослов“- Канео, со почеток во 8:30 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба.

повеќе...

Отслужена литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ за Водици

По повод големиот празник Богојавление – Водици, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноаначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа. По завршувањето на Литургијата, свечената литија, предводена од Митрополитот Тимотеј, се упати кон водите на Охридското Езеро, каде што истите…

повеќе...

Дарко Паскоски го фати светиот крст во Струга

Големиот христијански празник Богојавление –Водици беше одбележан и во Струга. Најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше 35-годишниот Дарко Паскоски од Струга.  Oва е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј.

повеќе...

Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Кичево

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кичево. Претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле” и на церемонијата на положување на светиот крст. Дејан Момироски беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици во Кичево, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст.

повеќе...

Христијан Неданоски го фати светиот крст во Рамне

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен беше младиот Христијан Неданоски. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! А.Андриоски

повеќе...