Петар Нически е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше Петар Нически. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid

повеќе...

Никола Климоски го фати светиот крст во Велестово

Големиот христијански празник Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот , го фати 17 годишниот Никола Климоски. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев со честитка за Богојавление – Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот. „На Вас, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Овој празник на духовното раѓање нека `не поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите свети обврски за заштита на вистината и правдата. Пред нас секогаш…

повеќе...

Честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед: „Ваше Блаженство, Дозволете ми, до Вас лично, до сите верници од православна вероисповед, до членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и монаштво, да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан,…

повеќе...

Светиот крст во рацете на Петар Рупески од Варош

Дваесет и шестгодишниот Петар Рупески од охридски Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Крстот  го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.г Тимотеј. Ова е третпат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Последен пат тој го фати крстот во 2014 година, кога посака среќа во животот и вработување. „Чувството е секогаш посебно. Пресреќен сум што оваа година го фатив Светиот Крст. Исклучок е тоа што оваа година е премногу ладно. Нема некои посебни подготовки. Има само некое чувство што те води на тој…

повеќе...

Доделена Светската награда за хуманизам

Со свечена пригода во куќата Уранија на МАНУ, синоќа беше доделена Светската награда за хуманизам на дописниот член на Хрватската Академија на науките, светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ. Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, која на еден начин претставува продолжение на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам, а неа ја врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Ова е десетта година по ред како оваа престижна награда се доделува во Охрид, во очи на големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“. „Вечерва е привилегија да се биде во Охрид, во предвечерието на…

повеќе...

По повод Водици посебен режим на сообраќајот низ Охрид

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности за Водици и Денот на рибарите

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2016 (понеделник), Градоначалникот на општина Охрид – Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2016 г. (понеделник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија…

повеќе...

Свети литургии во сите парохиски цркви во Охрид за Водокрст

На 18-ти јануари (понеделеник), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во  7:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Пантелејмон“, светата златоустова литургија ќе биде со почеток во  8:00 часот.

повеќе...

Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“

Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…

повеќе...