Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник „Богојавление- Водици“ , ќе се одржи утре на 19-ти јануари ( понеделник ) на градското пристаниште со почеток во 10 часот.Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „ кај колцето“ . По повод празникот „Богојавление – Водици“, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во…
повеќе...Tag: водици
Доделување на Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол
Вечерва, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, со почеток во 19 часот, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едноод водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа. Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум,…
повеќе...Концерт на поп дивата Каролина Гочева во пресрет на „Богојавление – Водици“
Петдневното чествување на големиот христијански православен праник „Богојавление- Водици“, синоќа беше збогатено со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева. На преполниот градски плоштад, Гочева на публиката и приреди двочасовно музичко уживање, заедно пеејќи ги популарните композиции од нејзиниот последен албум „Македонско девојче 2“ , а присутните беа почестени со извонредната изведба на песната „Лихнида кајче веслаше“. Фото: А. Андриоски
повеќе...Меѓународна конференција „Охрид- Водици 2015“
Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија од Скопје, во соработка со МИРАС-Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за аудио-визуелни уметности–ЕСРА и Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје и со подршка на општина Охрид, денеска во „ Куќата на Уранија“ започна дводневна Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите. Конференцијата на која учествуваат 75 експерти од 14 земји, ја отвори заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Ви упатувам искрена благодарност за изборот…
повеќе...Годинава светиот крст ќе се фрла од пристаништето
Оваа година Светиот крст за празникот Водици, наместо од бродот како што беше изминатите години, ќе се фрла од пристаништето, односно од „Кај колцето“. Денес беше извршено обележување на зоната во која капачите ќе смеат да пливаат по крстот. Тоа се прави за да се запази редот и да има фер натпревар помеѓу сите капачи. Исто така денес се изврши обележување и на пристаништето каде ќе се одвиваат церемониите за празникот.
повеќе...Предадено кумството на новите кумови за Водици 2015
Во црквата „Св.Никола- Геракомија“, денеска со верска цеременија, беше извршено примопредавање на Светиот крст меѓу ланските и годинашните кумови на големото црковно- народно чествување на „ Богојавление- Водици„ . Кумови за 2015 година се познатиот балкански музички уметник Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Тие го презедоа кумството од старите кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески. „Им го честитам кумството на Жељко и Зоран и им посакувам се најдобро во оваа година, Господ да го благослови ова нивно кумство, да им даде многу позитивна енергија, здравје…
повеќе...Свети литургии по повод празникот Богојавление – Водици
Утре 18-ти јануари (недела), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. На 19-ти јануари (понеделник), на празникот Богојавление-Водици ќе се служи света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден. Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро. На 20-јануари (вторник), на празникот Собор на Свети Јован…
повеќе...Фолклорна вечер во чест на „Богојавление – Водици“
Петдневното чествување на големиот христијански празник „Боголавление- Водици„ воОхрид започна синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со хуманитаарен концерт на роднокрајните фолклорни ансамбли. На фолклорната вечер ,која ја организира Локалната самоуправа , настапија роднокрајните културно- уметнички друштва „Ѓердан“ , „ Отекс фолк“ , „ Охриѓанка“ , „ Плетенка“ , „ Илинден„ и „ Филиграни“ . Општинската организација на Црвен Крст ,пред влезот на Центарот за култура постави кутии во кои посетителите можеа да оставаат парични донации. Собраните средства ќе бидат употребени за хуманитарна помош на социјално ранливите категории граѓани.
повеќе...Богојавление – Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 19-ти јануари (понеделни), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици).
повеќе...Вечерва започнуваат празнувањата за Богојавление – Водици
Со концерт на културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“. Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на пунктовите од Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени парични средства кои ќе биде наменет за добротворни цели. Во…
повеќе...