По врнежите од град, денес во 14 часот, Охрид за момент побеле. Управата за хидрометеоролошки работи за денес најави претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Кон крајот на денот во северните делови на повисоките и на некои пониски места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Наредните три дена во Охрид ќе преовладува облачно време со услови за врнежи од снег. Температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 4 степени. WebOhrid
повеќе...Tag: време
Утре започнува зимското сметање на времето
Зимското сметање на времето почнува на 27 октомври во недела со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, со што 03:00 часот по полноќ ќе се смета како 02:00 часот. Преминот од летно кон зимско сметање на времето прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, прв пат го воведува летното сметање на времето. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија…
повеќе...Календарски започнува есента
Од вечерва во 22 часот и 44 минути на северната хемисфера на Земјата, започнува есента. Во исто време, за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролетта. Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.
повеќе...Работодавачите да преземат превентивни мерки за заштита од високите температури
Работодавачите да ги преземат сите неопходни мерки и да ги почитуваат препораките за заштита на работниците од високите температури, порачаа денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски. Како што истакнаа на прес-конференција, идејата е да се делува превентивно, да не се чекаат критичните фази со оглед на најавите дека државата ќе ја зафати топлотен бран. „Доколку не се преземат мерките за заштита и ако Инспекторатот за труд утврди непосредна опасност по безбедноста и здравјето на вработените, со…
повеќе...Превентивни здравствени пунктови во пресрет на најавениот топлотен бран
Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом – Скопје од денеска почнува со акцијата за бесплатни превентивни пунктови на повеќе локации во пресрет на најавите за топлотен бран кој во следните денови ќе ја зафати државата. Пунктовите ќе бидат поставени на повеќе локации низ главниот град и ќе работат од 18 до 21 часот. Ќе има еден статичен пункт во Градскиот парк и по два мобилни пункта кои ќе ротираат во општините. На овие пунктови граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки…
повеќе...Викендов дожд, грмежи и ветер
Денес не очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во нашиот град ќе се движи од минимални 15 до максимални 25 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи највуваат променливо облачно време со врнежи од дожд и грмежи и во наредните два дена сабота и недела, со температура до 24 степени. Ваквото време според најавите на УХМР ќе се задржи до почетокот на следната недела.
повеќе...Од денес календарски започнува летото
На северната Земјина полутопка денеска 21 јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22 септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата. Летото почнува во 7:04 част, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. За првиот летен ден метеоролозите најавуваат сончево и многу топло, со температура до 31 Целзусови степени.
повеќе...Викендов облачно време со дожд, грмежи и ветер
Викендов во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи, а на некои места и град. И во Охрид се очекува да биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, како и засилен ветер, најавуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи од 7 до 20 степени. Во недела ќе преовладува исто така облачно време со врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови. Температурата во недела ќе се движи од 8 до 18 степени. Додека во понеделник ќе се задржи облачното време со врнежи од…
повеќе...Јато птици – атракција на небото над Охрид
Нели со доаѓањето на птиците доаѓаше и пролетта!? Навистина, некои птици (ластовичките) оваа година дојдоа заедно со пролетта, но некои дури сега пристигнуваат, како што многумина би рекле „си знаат тие кога да дојдат“. Сведоци сме на големи климатски промени кои се случуваат во природата, а тоа секако влијае и врз живиот свет. Можеби затоа последните години птиците го менуваат „редот на летање“, кој секоја година е различен. Ова јато птици вчера претставуваше вистинска атракција на небото над Охрид. Нашиот фото-објектив го регистрираше како го надлетува градот, менувајќи повеќе интересни…
повеќе...Денес и утре сонце, од недела дожд
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени. Во сабота ќе преовладува сончево време со мала умерена облачност, со температура до 15 степени. Во недела не очекува облачно време со услови за врнежи од дожд и температура до 17 степени. Од понеделник до среда, метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 4 до 18 степени.
повеќе...