Додевски: Извидници ќе ја спасуваат ДЗС (Дирекција за Заштита и Спасување)

Деновиве во охридските портали, имавме прилика да прочитаме дека: “Осумнаесет учесници од девет балкански држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од тренинг семинарот за преживување и спасување во природа, што го организираше Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, а со поддршка на Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција на југоисточна Европа.”, како и тоа дека: “Учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да споделат искуства и знаење од областа на трагање,…

повеќе...

ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Зрно џиновска пченка пронајдено во маркет во Охрид

Во пакетче печена пченка, купено во еден од охридските маркети, помеѓу нормалните зрна пченка се појави и едно џиновско. На амбалажата е истакнато дека потеклото на производот е од Шпанија, но токму ова зрно пченка можеби има потекло од Перу, односно познатата џиновска пченка од Инките. WebOhrid

повеќе...

Македонците среќни доколку се вратат од Грција само со налепница на нивниот автомобил

И покрај многуте случаи на оштетувања на македонските автомобили и нивните регистарски ознаки во Грција, има многу од нив кои среќно поминуваат без оштетувања или пак само со налепница. Таков е и овој случај во кој еден скопски автомобил дојде во Охрид, а во Грција поминал само со налепница на која на англиски и на грчки јазик пишува: „Ознаката МК не е призната од страна на Грција“. WebOhrid

повеќе...

Еко-колумна: Понесете го екологистот во себе!

Пред да излезете од дома – подгответе се! Секогаш со вас понесете го и екологистот во вас! Им помина времето на разно-разните отпади кои стоеа така покрај плажите, на плажите, но и во водата. Стакло, пластика, лименки, најразличен цврст отпад… Време е за екологија! Секогаш било и секогаш ќе биде! Ниту комуналните претпријатија, ниту еколошките друштва не успеваат да се справат со толкаво загадување. Едноставно, лесно е да се загади, но тешко е да се исчисти. Како ли само дошло до толкаво загадување?! Кој е виновен? Нашите дедовци, татковци, другари, пријатели…

повеќе...

Кирил Лазаров: Треба да се верува во она што се сака и соновите ќе се остварат

Македонската ракометна репрезентација успеа повторно да се пласира на Светско првенство. Градот Охрид, поточно хотелот „Аквалина“ деновиве е домаќин на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. WebOhrid го интервјуираше најдобриот македонски ракометар и актуелен капитен на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. WebOhrid: Кирил, најпрво честитки за пласманот на нашата репрезентација на Светското првенство во ракомет 2017 кое ќе се игра во Франција. Дали Македонија ќе има сили да се прикаже на достојно ниво на претстојното Светско првенство? Лазаров: Мислам дека ова е многу важен момент општо за македонскиот спорт и посебно за македонскиот ракомет,…

повеќе...

Стартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во Охрид

Започна вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ на кој учествуваат околу 250 деца од Македонија и странство, во две смени и тоа од 17-23 и 24-30 јуни. И оваа година кампот се одржува во хотелот „Аквалина“ во Охрид. „Презадоволни сме од самиот старт и од тоа како течеа подготовките за кампот. Околу оние работи за кои што сум задолжен, се однесува на тоа како е овде се средено инфраструктурно, за хотелот и за терените, можам да кажам дека навистина од хотелот „Аквалина“ прават максимални напори за да се обезбедат врвни услови, не…

повеќе...

Наместо чадор – најлонско ќесе на глава

Деновиве времето е непредвидливо, што би се рекло – знае да заврне дури и кога нема облаци, па затоа, оваа бабичка се решила да патува со најлончето на глава. Покрај најлонот за заштита на патната торба, оваа бабичка на глава си ставила и најлонско ќесе за пазарење. WebOhrid

повеќе...

Три години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 3 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...