„Враќањето на долгот од 50 милиони евра е преголем залак и за бајковитата златна рипка“ – Златната рипка и трите желби на градоначалникот на Охрид

Почитувани, WebOhrid ви вети и ветеното го исполнува, иако во вонредни временски услови со кои се справува и градот и државата, сепак градоначалникот д-р Никола Бакрачески најде време да го задоволи нашето и вашето љубопитство и да одговори на неколку предновогодишни релаксирачки прашања и да си посака три остварувања на трите негови желби упатени до нашата “златна рипка”. WebOhrid: Кои три настани би ги избрале за најважни во 2014 година? Бакрачески: Најпрво ја имав таа чест да бидам кум на Богојавление – Водици во текот на 2014 година, за мене…

повеќе...

Златната рипка и трите желби на познати охриѓани

Традиционално во последните денови од старата година време е да се присетиме на ланските желби и на нивното обвистинување, а оттука и да си ги посакаме новите убавини на новата година која ни претстои. Колку сме задоволни од оствареното и колку бараме повеќе од возможното секој од нас си знае или дознава токму на крајот од секоја година. Но колку и да (не) сме задоволни, тоа е и човечки да си посакаме уште нови и нови остварени желби. За нас и за нашите блиски и за нашиот град и за…

повеќе...

Еве како украсуваат велосипедистите!

И велосипедистите заслужуваат малку одмор, барем додека трае зимата, студот и снегот, а велосипедот може да послужи и како новогодишен украс… Идејата е интересна и уникатна, но не е препорачливо овој пример да го следат љубителите на моторциклизмот, а уште помалку автомобилизмот. WebOhrid

повеќе...

„Опери ме“ – но, не сфаќајте го тоа буквално!

Деновиве по охридските улици можевме да забележиме комбе со двосмислена порака – „Опери ме“. Ова комбе кое имаше тетовски таблички сигурно претходно било кај некој од нашите северни соседи, а тешко возачот доколку кај нас оваа порака некој ја сфати буквално. WebOhrid

повеќе...

Камуфлирано фиќо

Олдтајмер или…!?! Најважно е тоа што ова фиќо е сè уште функционално и тоа како корисно. Неговиот товар надвиснал над него како камуфлажа. Но, важно е тоа што камуфлажата не ја попречува видливоста при возењето, а за тоа колку товар може да издржи, проценете сами. WebOhrid

повеќе...

Мини-плоштад се гради кај Музичкото училиште

Наскоро, во непосредна близина на основното Музичко училиште „Методи Патче“ ќе никне мини-плоштад. На овој простор до неодамна беа поставени незаконски времени објекти кои го нагрдуваа овој централен дел од Охрид. Градежните активности за уредување на просторот започнаа денес, а градоначалникот Никола Бакрачески кој беше на лице место во истакна дека овој дел од градот ќе стане привлечно катче за одмор на возрасните и забава на помладите. „Просторот партерно и хорти-културно ќе го уредуваме, а предвидени се и поплочени пешачки површини на кои ќе бидат поставени елементи од урбана опрема: клупи,…

повеќе...

Две години WebOhrid – Две години 100% вистина!

Веќе растеме, зрееме, живееме и мудруваме, размислуваме преку прозорецот на Вистината и еве не денес полниме рамно 2 (две) години од првото објавување на WebOhrid. 12.12 датум кога со сосема скромни сили , но со голема љубов и со посветеност упорно и неуморно го отворивме нашиот прозорец на вистината, преку кој навистина направиме медиумски триумфален влез во интернетот македонски и светски… Вие почитувани наши пријатели и веб-посетители, вие бевте и сте нашиот двигател, нашата сила која не храбри да продолжиме со исто и поцврсто темпо на патот на Вистината… Денес,…

повеќе...

Со Вашиот глас WebOhrid нека биде „Сајт на годината 2014“!

Почитувани читатели и посетители на нашиот сајт! Нашиот медиум WebOhrid благодарение и по заслуга на сите вас постои веќе полни 2 години. Вие нé следите секој ден и сите овие 730 денови и секојдневно сте тука за да можете да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни локални и светски настани. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! Токму затоа денес имаме оправдано…

повеќе...

Една, сепак, успешна приказна на македонска ѕвезда во Ѕвездите на Гранд

Во последно време македонската јавност, особено онаа музичката, е преокупирана со учество на македонски таленти и ѕвезди на разни музички национални и интернационални фестивали и натпревари од типот на „Јас имам талент“, …. „Ѕвездите на Гранд“ и слично. Токму последно спомнатиот музичко реалити шоу „Ѕвездите на гранд“ е мегдан каде учествуваат и македонски надарени музички пејачи. Еден од нив кој успеа делумно да ги оствари своите музички желби и сни е кичевчанецот Христијан Тришоски… WebOhrid: Како почна приказната на Христијан? Кој е Христијан Тришоски и од каде кичевчани во „Ѕвездите…

повеќе...