Отворено 9-то издание на Охридскиот хорски фестивал

Синоќа во Охрид беше отворено 9- то издание на меѓународниот хорски фестивал. Учесниците и гостите ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Почитувани учесници на 9 меѓународен хорски фестивал, вљубеници во музиката, дами и господа. Ви посакувам топло добредојде и пријатен престој во Охрид, градот на испреплетена култура и историја, јадро на словенската писменост за кое ваквите манифестации се проширување на богатата музичка лепеза. Радува фактот што покрај македонските и охридски музички брендови „Охридско Лето“ и “Балканскиот фестивал“ на народни песни и игри, од година во година Охридскиот хорски…

повеќе...

На Пиволенд ќе учествува и првата микро пиварница во Македонија

Од следната недела, Скопското Кале ќе биде епицентар на пивско и музичко уживање во Скопје. Покрај нашите пивари кои со години прават одлично македонско пиво, за првпат посетителите ќе имаат можност да дегустираат пиво од првата македонската микро пиварница „Темов“. Со производство под светски услови, карактеристично за пивата „Темов“ е тоа што воопшто не се разликуваат од најквалитетните пива на европскиот пазар- чешките, германските, белгиските, англиските. За разлика од големите пивари, количеството во микропиварите е со лимитирани количини и го нема во слободна продажба низ маркетите. Под строго контролирани услови,…

повеќе...

Вистинско уживање со џез музиката на „Летниот џез караван“

Синоќа со настапот на Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет, успешно заврши реализацијата на пилот проектот „Летен џез караван“ кој поддржан од Министерството за култура во рамките на „Топол културен бран“ а во организација на општина Охрид се одржа во барот „Куба Либре“. Низа манифестации оставаат културен белег во Охрид ја збогатуваат понудата ,нудат вистинско уживање и полека го афирмираат градот како културна туристичка дестинација. Во иднина, збогатувањето на програмските активности и културната понуда на Охрид со уште еден „Охридски џез фестивал“, ќе го направи Охрид привлечен и посакуван за љубителите…

повеќе...

Охрид фест – Охридски трубадури 2016

Од 22ри до 25ти август на летната сцена Долни Сарај во Охрид се одржува 23то издание на Интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури 2016. Фестивалот беше отворен со програмата „Чунга Лунга”, а синоќа беше вечер посветена на фолк музиката. Специјален гостин на вечерта беше пејачот Бобан Рајовиќ. Денес ќе се одржи поп вечерта, а фестивалот ќе биде затворен во четврток (25ти август) со интернационалната вечер.  А.Андриоски

повеќе...

Летен џез караван со музички перформанс во „Куба Либре“

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура во организација на општина Охрид, синоќа во барот „Куба Либре“ како дел од проектот „Летен џез караван„ свој музички перформанс изведоа Симон Киселички трио и групата Sethstat . „Во насока на зголемување на културната понуда на градот преку ваквите настани сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда, која Секторот ТЛЕР при општина Охрид неколку години наназад ја збогатува со низа содржини во делот на уметноста и културата . Годинава започна како пилот проект,…

повеќе...

Летен џез караван во Охрид

Министерството за култура во соработка со општините, оваа година по 9ти пат ја организира манифестацијата „Топол културен бран“. Како резултат на заложбите на општина Охрид за поголемо учество во културните настани и афирмација на Охрид како културен туристички центар во рамки на Манифестацијата, Секторот ТЛЕР при општина Охрид аплицираше со проектот „Летен џез караван“,кој се реализира во втората етапа од „Топол културен бран“. Според програмата, денеска (22.08.2016) во Барот „Куба Либре“ со почеток во 21 часот на „Летниот џез караван“ ќе настапат Симон Киселички трио, гостин Мартина Блажеска, Sethstat. Утре(23.08.2016)…

повеќе...

Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...

Концерт на српскиот пијанист Филип Маџунков на „Охридско лето“

Вечерашната програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде исполнета со концертен настап на пијаностот Филип Маџунков од Србија. Концертот е со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија, а влезот е 300 денари. „Интерпретацијата на Филип Маџунков, според богатството, сериозноста и посветеноста, може да се мери со процесот на експозиција на музичкото дело. Внимателноста со која пристапува кон пијанистичката интерпретација, неговата сосредоточеност и широкиот дедуктивно-истражувачки опсег импонираат и како средство за постигање на што посовршен впечаток, но и како метода во работата. Во својата поетска сеопфатност, Филип Маџунков ја приближува…

повеќе...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. „По концертот на светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фрекуенцис на 1 август, покажавме дека Охрид е подготвен за организација на фестивал кој од година во година ќе прерасне во еден познат бренд на Балканот, но и пошироко. Покажавме дека заедно во Охрид можеме да…

повеќе...

Ал ди Меола и Продиџи за крај на фестивалот „Ohrid calling“

Со настапот на виртуозот на гитара Ал Ди Меола и светската атракција Продиџи, викендов завршува првото издание на фестивалот „Ohrid Calling“. Во пресрет на двата музички спектакли, раководителот на Секторот за ТЛЕР Ѓоко Апостолов и Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, на денешната прес конференција истакнаа дека подготовките за двата концерти течат со посакуваната динамика. „Ние можеме да го искажаме нашето задоволство од досегашната соработка со АВАЛОН продукција и убедени сме дека одличната организација на настапите на Ники Ромеро и Лост Фреквенси, ќе биде повторена и за престојните концерти викендов. Мислиме…

повеќе...