Ќе се служи света литургија за празникот Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (сабота), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св .Јован Кукузел“.  Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Едукативна кампања во Охрид „Безбедноста е најважна лекција“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре 13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“. Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи…

повеќе...

Ногачески: Ајде Трајкоски охрабри се и излези на ТВ дебата!

Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од редовите на СДСМ и коалицијата, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам: Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата. И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш. Не мене,…

повеќе...

СДСМ: Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник, па сега се прашуваат кои и какви раководители ќе поставел во локалната самоуправа. Но, да ја потсетиме охридската јавност кои и какви раководители постави оваа локална самоуправа, предводена од ДПМНЕ. Токму во Секторот за туризам и локален економски развој, заменик раководител е сопругата на секретарот на општината, доскорешна директорка на ЈП „Охридски Комуналец“ беше вујната на градоначалникот. Бакрачески во општинската администрација си вработи…

повеќе...

АВ Охрид со пораз ги започна натпреварите од АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид дебитираше во АБА 2 лигата. Во Спортската сала „Билјанини извори“, АВ Охрид претрпе пораз 62-82 (14-21, 19-20, 18-20, 11-21) од српскиот тим Борац од Чачак. „Резултатски минавме лошо, но игравме добро. Не знам зошто се предадовме во последната четвртина иако губевме десетина разлика. НАтпреварите во АБА лигата ќе ни послужат за добро искуство и за акумулирање на самодоверба.“ – изјави Петар Чочороски, тренерот на АВ Охрид. „На моите играчи им честитам за заслужената победа, додека на охридскиот кошаркарски клуб му посакувам многу среќа во понатамошните натпревари. Има…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е дувло и синоним за пропаст

Во врска со денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои: „Денешната прес-конференција на СДС и Јован Стојаноски е практично создавање алиби со кое сакаат да се исперат за сè она што им го направија на охриѓани. СДС денеска несвесно јавно призна како тие требало да ја водат Општината кога имале можност, но наспроти тоа знаеме дека СДС беше до гуша во криминали и ја задолжи Општината и Јавните претпријатија со што ги направи загубари. Недомаќинското работење, неуслужна општина, контуинираната злупотреба како…

повеќе...

Благоја Милевски: Одговорноста е моја! Упатувам извинување до целата јавност

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по синоќешниот пораз од Гибралтар истакнува дека одговорноста за резултатот на натпреварот против Гибралтар е негова, Милевски упатува извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија. „Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам…

повеќе...

Македонија У21 поразена од Гибралтар

Македонската репрезентација под 21 година доживеа срамен пораз од Гибралтар У21. На натпреварот кој се играше во Португалија, Македонија У21 загуби минимално со 1:0 од аутсајдерот во нашата група, па наместо да оди накај првото место во групата, нашата млада репрезентација се најде на последното. Дали нашите го потценија противникот или пак станува збор за нешто друго? Сомнеж буди високиот коефициент кај светските обложувалници, кој непосредно пред натпреварот достигна дури 32 за победа на Гибралтар. WebOhrid

повеќе...

Од понеделник започнува вакцинацијата против сезонски грип

Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…

повеќе...

Педесет првачиња од ОУ „Св.Климент Охридски“ станаа дел од семејството Детска организација

За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела беше „Во нашиот свет сите сме еднакви“. Педесет првачиња од Основното училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид, станаа дел од семејството Детска организација. Првачињата на овој свечен прием имаа можност на еден поразличен начин да го доживеат истиот. Тие покрај читањето на детското ветување од страна на координаторот на Детската организација имаа можност да се вклучат во низата спортски игри кои беа организирани за нив . Правото на детска игра е само едно од правата регулирани во Конвенцијата за…

повеќе...