Две сонца изгреаа над Охрид

Охрид го огреаа две изгрејсонца. Утрово, над планината Галичица можевме да видиме две изгрејсонца. Едното беше она вистинското, додека пак другото беше атмосферска оптика, односно прекршување на зраците при што беше формирано лажно Сонце и мало виножито. Пред да изгрее вистинското Сонце, повеќе светеше она лажното! WebOhrid

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Денес OУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, свечено го одбележа 18ти октомври, Патрониот празник на училиштето. Претставници од училиштето оддадоа почит кон патронот, а беше положено и свежо цвеќе. Беше даден и Историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески. Имаше и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. Во рамките на одбележувањето на празникот беше одржана презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

повеќе...

Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

Охриѓанец лишен од слобода поради насилство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У. (26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 16.10.2017 година на плоштадот во Охрид пријавениот физички го нападнал А.Д. (26) со што предизвикал чувство на несигурност и страв. Пријавениот е лишен од слобода и му е одреден домашен притвор од 8 дена.

повеќе...

Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија

Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…

повеќе...

Жителите на Дебрца се изјаснија против изградба на регионална депонија

Заедно со локалните избори кои се одржаа во неделата на ниво на општина Дебрца се спроведе и реферндум. Граѓаните имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца. Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани. Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека…

повеќе...

Мајка го заклучувала и малтретирала 34 годишниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид. Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син В.Ѓ (34). Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба…

повеќе...

Ова се новите советници во Советот на општина Дебрца

Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Дебрца:

повеќе...

Ова се новите советници во Советот на општина Охрид

Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Охрид:

повеќе...

Ногачески: Ветив и ветувам дека ќе бидам Градоначалник за сите

Новоизбраниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани граѓани на слободарска Дебрца, Од ова место, од слободарските Сливовски Анови, од местото каде што во НОБ тргна факелот на слободата и го донесе новото сонце на слободата над Македонија, сакам Ви испратам порака: Дебрца успеа, граѓаните на Дебрца покажаа дека слободата и демократија се најважна вредност во нашето општество. Ви честитам на сите што се одваживте и гласавте за промени во нашата општина! Ви благодарам на сите кои го дадовте гласот за мене и…

повеќе...