Трајкоски: Oпштина Дебрца ја предаваме со позитивно салдо од 879.269 денари

Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца. „Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме…

повеќе...

Зоран Ногачески од денес е новиот градоначалник на општина Дебрца

Градоначалникот Зоран Ногачески денеска од Општинската изборна комисија Дебрца го доби уверението со кое се верификува неговиот избор за градоначалник на Општина Дебрца. Новиот градоначалник Ногачески  од СДСМ и коалицијата доаѓа на местото од досегашниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски.  Со пригоден говор градоначалникот Ногачески изрази задоволство што изборите минале во мирна и демократска атмосфера и им посака успешна работа на новоизбраните членови на Советот на Општина Дебрца. „Дебрца успеа, граѓаните на Дебрца покажаа дека слободата и демократија се најважна вредност во нашето општество. Ви честитам на сите што се одваживте…

повеќе...

Јован Стојаноски ја презеде градоначалничката функција во Охрид

Досегашниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и новиот градоначалник проф. Јован Стојаноски денес извршија свечен чин на примопредавање на градоначалничката функција, со што Стојаноски од денес е новиот татко на Охрид. „Денес завршува еден мандат и почнува нов, завршува за мене, а почнува за новиот градоначалник на Охрид, г-динот Јован Стојаноски. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите охриѓани кои што во сите овие четири и пол години што ми ја дадоа довербата и што беа со мене. Сакам да ги уверам дека Охрид е навистина неизмерна вредност за чие негување и…

повеќе...

Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…

повеќе...

Утре ќе бидат врачени уверенијата за градоначалник и советници во Дебрца

Општинската изборна комисија Дебрца, утре со почеток во 11 часот, на новоизбраниот Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески од СДСМ и коалицијата, како и новоизбраните членови на Советот на општината свечено ќе им ги врачи уверенијата за избор.

повеќе...

Николовски: Политиките за развој на земјоделството ќе се креираат во соработка со науката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше на третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На симпозиумот учествуваат претставници на академската заедница, на бизнис-секторот, на останати институции и реномирани научници од 26 земји. Овој симпозиум се одржува по повод 70-годишнината од Факултетот за земјоделски науки и храна. Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека земјоделството е еден од најважните сектори кој…

повеќе...

Продолжува репертоарот на германски филмови во Центарот за култура Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид и понатаму продолжува со прикажување на германски филмови овој месец. Вечерва Охридската публика ќе може да ги погледне филмовите „Кој сум јас” и „Феникс”. Who Am I (2014) крими, драма, мистерија режија: Баран Бо Одар Улоги: Том Шилинг, Ејлас М’Барек Вечерва во 18:00 часот. Phoenix (2014) – Историска драма режија Кристијан Петѕолд улоги Нина Хос, Роланд Зехрфелд, Нина Кузендорф Вечерва 20:00 часот. Влезот чини 50 денари.

повеќе...

Тешко повреден жител од Мешеишта кој со автомобил удрил во ограда

Вчера во 14:30 часот во с.Мешеишта-Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија. Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.

повеќе...

ОИК ги објави конечните резултати од Локалните избори во Охрид

Општинската изборна комисија Охрид денес на прес-конференција објави дека на Локалните избори 2017 одржани во неделата, на 15 октомври, за Градоначалник на општина Охрид е избран Јован Стојаноски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За членови на Совет на општина Охрид избрани се: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгоз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. „Од…

повеќе...

Осветување на црквата Лазарево Воскресение градски гробишта – Охрид

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 21. октомври 2017 година (сабота), ќе се осветува црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта – Охрид, со почеток во 08:30 часот. По осветувањето ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги поканува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој свет чин.

повеќе...