Апсолутна доминација на охриѓанки на стартот од новата сезона во стрелаштво

Апсолутна доминација на јуниорките  од СК „Охрид“ на самиот старт на натпреварувачката сезона. Имено на првиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што викендов се одржа во Скопје на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески-Корчагин“, првите три позиции беа загарантирани за охридските стрелци. На првата позиција со нов личен рекорд и недостижен резултат од извонредни 409 кругови се пласира Мартина Петровска од СК „Охрид“. Вицешампионска позиција за младата Анастасија Мојсовска, со резултат од 395,5 кругови. ( Двете јуниорки повторно ја исполнуваат минималната олимписка норма која изнесува 392,0 кругови…

повеќе...

МКФ организира турнир за девојчиња до 14 години

Во тековната натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација планира да организира турнир за девојчиња генерација родени 2003 година (М14) и помлади. Турнирот би се одржал викендот 11 – 12 март во Скопје. Како би можела МКФ да го направи системот на натпреварување во зависност од заинтересираноста на клубовите, се молат клубовите да достават писмена потврда доколку клубот сака да учествува. Одговорите, односно учеството треба да се потврди најдоцна до 1 март (среда) во канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација. По добивање на точниот број на екипи ќе биде доставена и комплетна информација…

повеќе...

Работна средба на Директорот Спасески со претставниците на Пинг-понгарската федерација на Македонија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со претставници на Пинг-понгарската федерација на Македонија. Тема на средбата беше презентација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот во државата. Директорот Спасески на средбата истакна дека Агенцијата за млади и спорт во периодот што измина посветено работеше во делот на имплементација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот и дека пинг-понгарскиот спорт како и останатите спортови во Македонија ќе имаат законска можност да ги почуствуваат новите реформски…

повеќе...

КФМ организира селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година

Претстојниот викенд ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година односно М14 возрасна категорија. Јуниорите, поделени во три термини во зависност од регионот каде е стациониран клубот, ќе одржат тренинг во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) во Скопје, в недела на 25 февруари. РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ: 09:00-11:00 часот КК Водњански лисици; КК Водно санс; КК Работнички; КК Јуниор Скопје; КК Плејмејкер; КК Борец Баскет. 11:00-13:00 часот КК Крива Паланка; КК Куманово; КК Лирија 77; КК Пинк Пантери; КК Бал фор лајф; КК Милановски;…

повеќе...

Петар Заборски освои бронза на Европското првенство во карате

На Европското првенство за каратисти (машки и женски) до 21 година, во борбата за трето место Петар Заборски го совлада Серјожа Саргстјан (Ерменија) и со тоа го освои бронзениот медал. Европското првенство се одржа од 17 до 19 февруари во Софија – Бугарија. Ова е прв трофеј за Република Македонија откако каратето стана олимписки спорт. WebOhrid

повеќе...

Карпош Соколи освојувачи на Лимак кошаркарскиот Куп на Македонија

Тимот на Карпош Соколи е новиот освојувач на титулата во најмасовното натпреварување Лимак Купот на Македонија 2017. Кошаркарите од скопската населба Карпош во големото финале одиграно во салата Јасмин во Кавадарци со 80-69 (21-20, 21-17, 13-15, 25-17) го совладаа одличниот состав на Фени Индустри и заслужено стигнаа до првата титула во клупската историја, на јубилејот 20 години од постоењето на клубот. Големото финале како што се и очекуваше започна максимално израмнето, се играша коша за кош, се до крајот на третата делница. Фуриозниот почеток на последните 10 минути на кошаркарите…

повеќе...

Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година. На Редовното изборно генерално собрание кое се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски со 91 глас го доби мандат да го предводи македонскиот фудбал. „Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите вас за укажаната доверба. Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде…

повеќе...

Интензивни подготовки на ФФМ за УЕФА Супер Купот Скопје 2017

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје. Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета. „ФФМ направи големи напори за да можеме…

повеќе...

Македонските каратисти ќе учествуваат на Европско првенство во Софија

Карате репрезентацијата на Македонија ќе земе учество на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У-21, кое ќе се одржи во периодот 17-19.02 во Софија, Бугарија. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на кој уводен говор имаше директорот Марјан Спасески. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека…

повеќе...

ФФМ организира „Форум на тренери“ на 20 и 21 февруари

Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со дводневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20 и 21 февруари 2017 во Хотел „Александар Палас“ – Скопје со почеток во 13:45 часот на 20 февруари. Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА Диплома во Македонија и го носи насловот: „15 години тренерска едукација во…

повеќе...