Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Во интерес на соработката можам да кажам дека денеска со потпретседателот на Владата и со дел од службите коишто работат во владините институции, разговаравме и тие се информирани целосно за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и она што допираше до државата Израел. Секако изразуваат респект заради внимателноста на целиот овој процес којшто опозицијата го направи, поради тоа што се работи за технологија којашто е изработена овде во Израел, но сепак е на користење…
повеќе...Tag: израел
Отворена изложба на фотографии од Македонија и од Израел
Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ беше отворена синоќа на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето. Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји. „Државата Израел е наш голем пријател и поддржувач, земја со која во изминатите 20 години градевме релации коиконтинуирано…
повеќе...Одбeлежување на 20-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Државата Израел
По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, во периодот од денес до 21-ви јули, во неколку градови низ земјава ќе се организираат бројни пригодни свечености со кои ќе се одбележи овој свечен јубилеј, како неколку културни настани, отворање на изложби и филмски проекции и организирање на свечени приеми во Битола, Охрид и Скопје. Манифестациите започнуваат во Охрид, од денес до 18-ти јули, со отворање на Израелски филмски фестивал и изведба на театарската претстава „Нашиот клас“. На 19 јули во Битола ќе се организира изложба во…
повеќе...Балканската турнеја на најдобриот театар од Израел започнува од Охрид
Театарската претстава „Нашиот клас“ од Израел својата балканска турнеја ја започнува токму од Охрид како дел од јубилејната фестивалска програма на 55-то Охридско лето. Љубителите на врвните театарски креации ќе можат да уживаат во ова театарско остварување на 18 јули во Предворјето на Света Софија со почеток од 21 часот. Според селекторот на драмската програма на Охридско лето, Ѓорѓи Јолевски, еден од најиграните современи драмски текстови за трагедијата на еврејскиот народ во втората светска војна е „ Нашиот клас “ од Тадеуш Слобоѓанек во режија на Ханан Снир, ко –…
повеќе...Израелскиот амбасадор Ориан на средба со претставници од Општина Охрид
Амбасадорот на Израел во Република Македонија Дан Ориан денеска имаше средба со раководителот на Секторот за Туризам и Локален економски развој Ѓоко Апостолов. На средбата стана збор за гостување на познат театар од Израел на годинашното издание на фестивалот „ Охридско лето“ и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка. Деталите ќе бидат прецизирани на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески која ќе се одржи во четврток во рамките на саемот за туризам „Скопје травел маркет“. Амбасадорот Дан Ориан, кој во Охрид престојуваше заедно со претставници на најголемата израелска компанија од…
повеќе...Министерот Ивановски на роуд шоу во Израел
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 26 до 30 декември 2014 година, се наоѓа во работна посета на Израел. Тој ќе оствари средби и разговори со најголемите ИТ компании во оваа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и развојот. Во рамките на владините роуд шоу активности, министерот Ивановски ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување на странски инвестиции.
повеќе...Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија и на Државата Израел за Република Македонија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Гермнанија, Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, претседателот Иванов, истакна дека Македонско-германските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области, и додаде дека очекува натамошно интензивирање на соработката и поддршката, во однос на нашите евроатлански интеграции. „За нас од особено значење е поддршката и помошта од Сојузна Република…
повеќе...