Законот за медиуми на ЗНМ и на ССНМ не помина во Собрание

Прaтениците не гo усвoијa предлoг-зaкoнoт зa реформа вo медиумите, кoј нa предлoг нa Здружението на новинари и на Синдикатот на новинари и медиумски работници гo предлoжи СДСМ. Овој предлог-закон беше направен според предлозите на посредникот Питер Ванхауте. Предлог-решението предвидуваше реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми, како и целосно финасирање на МРТ од државниот буџет. Извор: meta.mk

повеќе...

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски денеска се сретна со претставници Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми. Тема на средбата беа неопходните реформи во медиумите во Македонија. „Сегашниот систем на медиумска пропаганда и на манипулации во информирањето мора да биде срушен поради тоа што е корумпиран и недемократски, им штети на професионалното новинарство и на правото на граѓаните да бидат објективно…

повеќе...

Два дена за платено политичко рекламирање

Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година. Имајќи предвид дека Законот за изменување на Изборниот законик влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ број 35 од 24 февруари 2016 година, емитувањето платено политичко рекламирање е дозволено до 24.00 часот на 26 февруари 2016 година. Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе…

повеќе...

АВМУ: Професионалните стандарди важат секогаш

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта. Барањата за правичност, непристрасност и за баланс во известувањето не се однесуваат само на периодот на изборниот процес – тоа е само поинаков начин да се формулира начелото…

повеќе...

Три дена до проценката на странците кога ќе има избори, медиумите остануваат во ќор-сокак

Посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, деновиве има билатерални средби со политичките партии и со претставници на здруженијата и на организациите на новинарите, со надеж да се постигне решение за реформите во медиумите. Ова е едно од клучните прашања од кои ќе зависи оценката на меѓународата заедница за тоа дали на 24 април ќе може да се одржат фер, демократски и регуларни избори. Во пресрет на оцената, најавена е и средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Шпекулациите, пак, се од…

повеќе...

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. „Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и што сите доставија амандмани“ – рече белгискиот олеснувач. Ванхауте додаде дека некои од амандманите се за членови од законот кои досега не биле предмет на разговор. Последна средба на работните…

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ помеѓу жителите на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за имформатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше помеѓу жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебарца. На средбите се разговараше за секојдневните проблеми на граѓаните и решенијата што ги нуди Програмата на СДСМ. „Оваа власт не заборави нас. Одвај преживуваме, а нашите млади, синови, ќерки, внуци, ги пакуваат куферите и си одат“, се пожалија жителите. „Имаме тим, имаме решенија за младите да ги задржиме дома во своите огништа, да им обезбедиме достоинствени работни места. СДСМ ќе субвенционира млади претприемачи преку проектот…

повеќе...

Охрид домаќин на конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми

Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“ што започна денес. Главна тема на конференцијата е „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите”а на свеченото отворање пред присутните во куќата на Уранија се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива…

повеќе...

Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“

Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…

повеќе...

ЗПММ: Доколку не се повлече одлуката, од утре комплетен БОЈКОТ на македонската музика

Доколку не се повлече спорното барање за стопирање на емитување на музика на членовите кои се под заштита на ЗАМП, од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) најавуваат дека ќе ги повикаат сите свои членови на комплетен бојкот на македонската музика. „Ние едноставно немаме друг избор и оваа одлука се наметнува сама по себе. Само за ислустрација, според одлуката донесена од Законодавецот, радио станиците од 01.01.2015 година, ќе треба да емитуваат 50% македонска музика. Во вакви услови, тоа е едноставно невозможно и затоа ние веќе побаравме од истиот законодавец…

повеќе...