Промовирани нови наслови од три книжевни проекти

Нова книжевна едиција промовираа денеска Владата на РМ и Министерството за култура – Антологија на светската поезија, која ќе има пет тома со 150.000 стихови од околу 400 поети. Претставен беше првиот том кој ги опфаќа најстарите поетски творби на човештвото – од Месопотамија во 20 век п.н.е до стар Рим, 4 век од наша ера. Нова книжевна едиција промовираа денеска Владата на РМ и Министерството за култура – Антологија на светската поезија, која ќе има пет тома со 150.000 стихови од околу 400 поети. Претставен беше првиот том кој…

повеќе...

Заштитата на авторските права приоритет на Министерството за култура

Денеска истекува рокот за инсталирање систем за електронско евидентирање и обработка на податоците за емитуваните авторски дела во радијата и телевизиите, со кој точно ќе се знае кој автор кога и колку пати е емитуван и врз основа на тоа ќе му се пресметува надомест. Софтверот треба да воведе ред и транспарентност во исплатата на надоместоците за авторите, нивни рамноправен третман и правна сигурност, а обврска да го инсталираат имаат двете организации за колективно управување на авторските права, здруженијата ЗАМП и ММИ. Поради сложеноста на системот, рокот за негово инсталирање…

повеќе...

Министерката за култура Канческа – Милевска во работна посета на Охрид

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојуваше во работнапосета на Охрид, каде изврши увид во зафатите што се спроведуват во градот со поддршка на Владата и Министерството. Таа заедно со директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Тања Паскали и со градоначалникотна Охрид Никола Бакрачески го посетија Долни Сарај, каде беше извршена конзервација и санација на ѕидните платна под сцената Долни Сарај, на потегот што гледа кон Охридското Езеро. „Стручните екипи на Заводот и музеј од Охрид во иминатиот период интензивно работеа на реализацијата на…

повеќе...

Ана Дурловски ја прими титулата национален уметник на Република Македонија

Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, добитничка на европскиот оперски оскар „Фауст“ и прв македонски оперски солист кој настапил на сцената на операта „Метрополитен“ во Њујорк, од денеска ја има и титулата национален уметник на Република Македонија. Највисокото државно признание во областа на културата на Дурловски ѝ го врачи претседателот Ѓорге Иванов, кој во своето обраќање истакна дека таа преку своите арии нѐ потсетува на она што нѐ прави луѓе – нашите чувства, судири, дилеми, соништа и стремежи, особено во денешно време на социјални мрежи кога, како што рече, сѐ…

повеќе...

Конференција за „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“

Мирот, образованието и културниот и религискиот дијалог се темел на благосостојбата на човековото постоење. Културата и образованието се оние фактори преку кои државата се интегрира во светот, благодарение на нив таа станува јасно препознатлива и се идентификува во меѓународниот контекст. Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на Меѓународната конференција „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“ која се одржува во рамките на глобалното одбележување на 70 години УНЕСКО. „Република Македонија, веќе долго време успешно и ефективно е вклучена во големите европски и меѓународни проекти за партиципација…

повеќе...

Премиерата на „Лазар“ поздравена со овации, колекциите на лауреатите збогатени со „Златна камера 300“

Центарот за култура во Битола синоќа беше најпосакуваното место за филмофилите од земјава. Триесет и шестото издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ заедно со партнерот Вип оператор свечено беше отворено со светската премиера на македонскиот филм „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски. Публиката што го пополни и последното седиште во салата, не ги штедеше дланките за да ја поздрави актерската и авторската екипа на филмот. Ристовски го изрази задоволството што светската премиера на неговиот нов филм се случи токму на фестивалот „Браќа Манаки“, каде пред три години ја…

повеќе...

Мето Јовановски почесен доктор на ЕСРА

По повод почетокот на новата академска година, денеска во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности се одржа свечена церемонија на која беа доделени индексите на новозапишаните студенти, како и дипломи на завршените студенти на додипломските и постдипломските студии. На церемонијата во присуство на многубројните гости, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ректорот Јордан Плевнеш му ја врачи на актерот Мето Јовановски титулата почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности (ЕСРА) – Doctor Honoris Causa. Притоа Плевнеш рече: „некогашната и денешната трагедија се брануваат од играта на едниот, единствениот,…

повеќе...

Книги од над 600 значајни македонски автори достапни на интернет-страницата makedonika.mk

Дванаесет книги од значајни македонски автори од денска се достапни на интеренет-страницата на „Македоника“, една од најголемите дигитални библиотеки во регионот и единствена која е достапна бесплатно. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, по посетата на е-библиотеката по тој повод, изјави дека станува збор за проект од Програмата за поддршка на електронското издаваштво како своевиден тренд во светското издаваштво. „Особено радува фактот што електронското издаваштво, дигиталната публикација на книги, списанија и друго, е еден светски тренд кој што во Република Македонија навистина застанува на здрави нозе. Министерството за култура континуирано во рамките…

повеќе...

Договор за културна соработка меѓу Македонија и Полска

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзината колешка од Полска Малгожата Омилановска денеска потпишаа нов договор за културна соработка. „Полска е искрен пријател и голем поддржувач во нашите евроатлантски интеграции. Македонија и Полска имаат извонредна и плодна соработка во областа на културата, која резултираше со огромен број проекти“, рече Канческа-Милевска по потпишувањето на договорот. Изминатите години, како што рече, преку полската култура и присуството на полските уметници имавме можност да проследиме извонредни концерти во Македонија. Потсети на концертот на Пендерецки на „Охридско лето“, додаде дека Македонската филхармонија соработува со полски…

повеќе...

Министерката за култура се сретна со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан

Фетах Џан, кој e мошне популарен пејач и композитор, својот прв музички албум го издал во 2010 година, во соработка со Министерството за култура на Република Турција … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан, кој годинава е гостин на шестото издание на Школата за млади лидери во Охрид кое се одржува во организација на кабинетот на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов. На средбата, министерката за култура потенцираше дека Република Македонија и Република Турција…

повеќе...