Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на почетокот на обуката на четиристотините кандидати за идни полициски службеници коишто во наредните 12 месеци ќе се обучуваат во Центарот за обука. Како што МВР веќе информираше овие кандидати се селектирани по конкурсот за прием на полициски службеници што беше распишан на крајот на октомври минатата година на кој се пријавија вкупно 3.273 кандидати. По ригорозната селекција која се одвиваше во неколку фази…
повеќе...Tag: министерка
Јанкулоска: Вие сте вистинските патриоти!
Припадниците на Единицата за специјални задачи се дел од оние кои беа на браникот на татковината во 2001 година кога нашата земја беше соочена со најголемата закана. Тогаш на крвавиот судир во кој беа изгубени бројни животи му претходеше обид за разорување на државните институции. Тогаш беше обелоденета аферата „Прислушување“. Петнаесет години подоцна, Република Македонија повторно е соочена со обид за напад врз институциите. Повторно се соочуваме со обид да биде заложена иднината на Република Македонија за нечиј политички интерес. Се обидуваат да не убедат дека овој најсрамен криминален акт…
повеќе...Се подготвува закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска во Битола ги пушти во употреба новоизградените простории на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, нов корисен простор за читателите од 500 квадратни метри за што Министерството вложи 30,5 милиони денари, и најави дека во завршна фаза е подготовката на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење. НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола годинава одбележува 70 години постоење, располага со фонд од над 600.000 книги и списанија и придонесува за стручната и научно-истражувачката дејност, предочи министерката Канческа…
повеќе...Министерката Јанкулоска на Самит на Стејт департментот на САД посветен против насилниот екстремизам
Од утре, во наредните три дена (18/19/20.02), САД ќе бидат домаќин на самитот на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам (Ministerial Component of White House Countering Violent Extremism Summit) што ќе се одржи во Вашингтон во Стејт Департмент, а по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, на којшто ќе учествуваат високи претставници од 60-тина држави како дел oд антитерористичката коалиција, меѓу кои и министерката за внатрешни работи на Р.Македонија, м-р Гордана Јанкулоска. Целта на Самитот е да се развие агенда за делување и соочување со феноменот на насилниот екстремизам,…
повеќе...Стрип-уметноста во подем, промовирани десет изданија
Стрипот во Македонија успеа да се избори за своето заслужено место и да го пронајде вистинскиот пат до својата публика како уметност на текстуално-ликовниот израз. Денеска стрипот ги достигнува највисоките граници на медиумската креативност … Ајвармен – првиот автентичен македонски суперхерој, јунакот Војдан и македонски револуционери, се меѓу стрип-ликовите создадени од претежно млади автори кои со креативност и ентузијазам за само неколу години ја афирмираа деветтата уметност во Македонија. Издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје денеска промовираше 10 стрип-изданија кои со поддршка на Министерството за култура ги има објавено во…
повеќе...Македонска опера на сцената на МОБ
Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, деновиве премиерно беше изведено во Македонската опера и балет. Ова е прва опера на македонски јазик поставена на сцената на МОБ по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Ова национално дело е работено според истоимената драма на Димитар Г. Молеров, а диригент е Саша Николовски-Ѓумар, кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата на Марија Пупучевска. Во операта…
повеќе...Министерката Јанкулоска во посета на поплавените села во кумановско
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес ги посети селата Доброшане, Довезенце и Јачинце од кумановскиот регион коишто во изминативе денови беа погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови. На средбата со жителите од овој регион Јанкулоска истакна дека овие населени места по течението на реките Пчиња и Кумановка се всушност најдиректно погодени од излевањето на речните води. „Дел од куќите се под вода и голема површина на земјоделско земјиште. Она од што луѓето од овој крај ја обезбедуваат својата егзистениција е поплавено и голем дел од овие површини и…
повеќе...Македонскaта оперa „Змејовата невеста“ премиерно на 7 февруари во МОБ
Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, премиерно ќе биде изведено на 7 февруари во Македонската опера и балет. На прес-конференција денеска во МОБ министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го истакна значењето на премиерата на „Змејовата невеста“, која ќе се случи по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Операта „Змејовата невеста“, укажа министерката, е една од поголемите музичко-сценски форми која е поддржана од страна на Министерството за култура…
повеќе...Канческа-Милевска го посети Саемот на книгата во „Матица македонска“
Богато македонско книжевно творештво и по достапни цени за сите граѓани нуди 16. Саем на книгата во „Матица македонска“, кој денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Саемот ќе таре до 31 јануари. Саемот и годинава, посочи министерката, традиционално е посветен на голем број македонски автори, што значи дека има зголемена македонска продукција односно зголемено македонско литературно творештво кое се издава од година во година. Саемот, според неа, овозможува секој ден да се има и директен контакт со одреден автор. Истакна дека Саемот е одлична можност да се купат…
повеќе...Министерката за култура се сретна со Џон Ралстон Сол, претседател на Меѓународниот ПЕН-центар
Хондурас и Мексико се меѓу најлошите земји за слобода на изразувањето. На многумина животите им се секојдневно загрозени. Ќе го користам примерот на Балканската ПЕН-мрежа, како може тие да соработуваат, додаде претседателот на Меѓународниот ПЕН … „Меѓународниот ПЕН-центар е срцето на разноликоста и е многу важно тоа што Министерството за култура на РМ го поддржува учеството на македонски писатели на средби на Меѓународниот ПЕН. Тоа е вратата за промовирање на македонската култура“ – рече канадскиот писател и есеист Џон Ралстон Сол, претседател на Меѓународната писателска асоцијација. Тој деновиве е во…
повеќе...