По повод ослободувањето на градот Врање, најмладите стрелци од СК „Охрид“ настапија на традиционалниот турнир во стрелаштво, што се одржа викендов на стрелиштето во касарната во Врање. Најуспешен настап имаше Мартина Петровска, која со нов личен рекорд и резултат од 383 (цели) кругови се пласира на втората позиција, додека пак како третопласиран заврши Кирил Миленкоски, кој настапи после пауза од 3 и пол години. На петата позиција кај јуниорките се пласира Стефани Ефтимовска, која го подобри својот личен рекорд за два круга. На турнирот учестуваа и Кочовска Мартина, Луана Поповски…
повеќе...Tag: награди
Успешно учество на основци од „Кочо Рацин“ во интернет проект
Учениците од трето 2 одделение од ОУ „Кочо Рацин“ добија сертификати за учество во интернет проект „Po-russki – pravil’no!“. Проектот е во организација на Центарот за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија. На истиот, кој се реализира во периодот ноември- декември 2015 година, учествуваа повеќе од 1500 учесници од осум земји во светот. Со творечки творби, во проектот учестуваа Анабела Стефаноска, Андреј Јованчев, Наталија Димовска, Мартин Ристевски, Стефанија Алачкоска, Филип Ставрески и Тео Николоски под раководство на наставничката Виолета Петковска.
повеќе...Избрани најдобрите спортисти за 2015 година
Во свечената сала на Македонскиот народен театар блеснаа статуетките кај најдобрите спортисти за 2015 година. Свеченоста започна со македонската химна во изведба на славејчињата, а продолжи со најдобрите во училишниот спорт. Во основните училишта приматот најдобри го преземаа ОУ „Петар поп Арсов“, додека пак најдобри средношколци се Гевгеличани. Од високо образовните институции наградата најдобри ја понесе Универзитетот од Штип. Филип Талевски беше прогласен за најдобар млад спортист, додека во женска конкуренција победник е Вероника Костовска европски кадетски шампион од Цирих. Приматот најдобар селектор повторно припадна кај Жарко Ристовски – одбојка,…
повеќе...Традиционално ќе се избира спортист на годината
Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија и годинава по 61-ви пат, традиционално ги избираат најуспешните во спортот за 2015 година. „Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму многу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена“, – изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески. Ова е уште една приредба која носи сатисфакција на спортистите, тренерите, раководствата…
повеќе...Прогласени најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2014/15
Филип Гачевски, голманот кој со Брегалница изминатава година го сруши македонскиот рекорд на најдолга минутажа без примен погодок и интернационалецот од Палермо, Александар Трајковски ги понесоа признанијата за најдобри македонски фудбалери во сезоната 2014/2015 во изборот на Фудбалската федерација на Македонија кој се одржа во Македонскиот Народен Театар. „Оваа награда која е прва за мене е од огромно значење како силен мотив за уште поголеми успеси во иднина“, – порача Трајковски во видео пораката од Италија. На традиционалниот избор, Филип Гачевски го доби признанието за најдобар во Првата македонска фудбалска…
повеќе...Уште еден голем успех на охридските Бреинобреин генијалци
На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5-ти декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија. Тие се закитија со 4 трофеи и 3 сребрени медалји.
повеќе...Доделени наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денска присуствуваше на доделувањето на наградите на училиштата победници на Јавниот повик за избор на најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година. На јавниот повик објавен од Министерството за образование и наука, имаа можност да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. За „Најбезбедно и најчисто училиште“, годинава конкурираа 18 основни и 6 средни училишта. Од основните, првото место му припадна на ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, второто место го заслужи ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево,…
повеќе...Ема Николоска и Сергеј Костовски се добитници на наградите од литературниот конкурс
Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ од Сергеј Костовски ученик во прва година во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ и „ Ѕвездата кон Бога“ од Ема Николоска ученичка во четврто одделение во ОУ „Григор Прличев“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. На добитниците, наградите во вредност од 3.000 денари, ќе им бидат врачени денеска, на 7.12.2015 година (понеделник) во 13 часот во…
повеќе...Атлетски крос и футсал во чест на Св. Климент- Патрон на градот Охрид
По повод празникот Св. Климент Охридски, патрон на градот Охрид , денеска на кеј „Македонија“ се одржа атлетски крос на којшто учествуваа 250 учениците од охридската гимназијата. На програмата беа 4 трки. Прва трка женска конкуренција за прва(1) и втора (2) година на образование: Пласман 1.Викторија Алексиоска 1-2 2.Тамара Маркоска 1-2 3.Андреа Трајческа 2-6 Втора трка машка конкуренција за прва (1) и втора( 2)година на образование: 1.Давид Ѓурчиноски 1-6 2.Бојан Стојаноски 1-4 3.Марко Јованоски 1-6 Трета трка женска конкуренција за трета (3)и четврта (4) година на образование: 1.Ивона Трајческа 3-1…
повеќе...Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење
Министерството за финансии, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експрети на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. На конкурсот приситигнаа 310 творби од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивото и општата свест за…
повеќе...