Основците од „Живко Чинго“ – Велгошти го одбележаа 11-ти Октомври

По повод 5-ти Октомври – Денот на учителот, Детската недела, а и претстојниот празник 11-ти Октомври, денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа свечена приредба. „На приредбата и претходеше уредување пригодна изложба со цртежи од учениците на трите теми, а исто така и читање на предавање за Правата на детето на состанокот на Детската организација. Присутните покрај предавањето, се запознаа со припремите и подготовките за приредбата.“ – велат од училиштето. На приредбата настапија учениците од ова училиште со песнички, стихотворби, ритмички точки и рецитали на тема „Учителка“, „Детето“ и „11-ти Октомври“.…

повеќе...

Достојно одбележана 155 – годишнината од „Сердарот“

Со пригодна свеченост, денес во општинската зграда се одбележаа 155 години од доделувањето на ловровиот венец за најдобра поема на нашиот преродбеник Григор Прличев, за неговиот вонвременски “Сердарот“. Ораторските средби повторно го оживеаја херојството на Кузман Капидан и нескршливиот духа на Неда, низ прекрасните рецитали на младите ученички, финалистки во натпреварувањето. Признанието за најдобра ораторка и припадна на ученичката Арифа Малоска, од ОУ “Братство Единство“ под менторство на проф. Јованка Љаткоска. Второто и третото место го освоија Сара Паункоска од ОУ “Григор Прличев“ и Теодора Николоска од ОУ“Христо Узунов“ под…

повеќе...

Со свечена прослава одбележан патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти

Вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Звуците и бојата на пролетта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Веќе 139 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Во изминатиов период значително се подобрија уловите за настава и работа во нашето училиште, нагледноста…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти со свеченост ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, утре (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот  празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште…

повеќе...

Училиштето во Пештани го чествува својот патрон Свети Наум

По повод патрониот празник на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани, утре, недела, ќе се одржи свечена прослава и осветување на фреска на Св. Наум во холот на училиштето. Осветувањето на фреската ќе биде со почеток во 17:00 часот, а со него ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски по што и ќе започне свечената приредба подготвена од учениците и нивните наставници. „Нашето училиште има особена чест и со гордост го носи името на чудотворниот учител Свети Наум Охридски и токму по повод овој наш празник упатуваме покана до сите…

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во предновогодишен зимски амбиент по повод пристигнувањето на Новата Година, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, организираше новогодишна приредба пред учениците и нивните родители. На приредбата настапија учениците од одделенска и предметна настава со драматизации и музички точки. „За најмалите ученици –првачињата во посета им дојде и Дедо Мраз кој им подари пакетчиња донирани од Црковниот одбор од с.Велгошти. Радоста и насмевките на детските лица им ги стоплија срцата на нивните родители, баби и дедовци кои не ги штедеа дланките за громогласни аплаузи после секоја изведена точка.“ – информираат од училиштето.…

повеќе...

Започна новата учебна година – највозбудени првачињата

За околу 280.000 основци и средношколци денеска започна новата 2014/2015 година. За прв пат на училиште тргнаа и 20.000 првачиња. Илјада и сто ученици во Основното училиште „Григор Прличев“ седнаа во училишните клупи. Учебната година во ова училиште со возбуда ја дочекаа 129 првоодделенчиња. „Ние во нашето училиште имаме 1 100 ученици, од кои ќе учат во две смени во централното училиште и во подрачното училиште Рача. Во подрачното училиште Рача имаме 103 и овде имаме 994. Првачиња вкупно заедно се 129, овде во „Григор Причев“ се 112, а во Рача се…

повеќе...