Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води. Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.
повеќе...Tag: езера
Градоначалникот Бакрачески ќе учествува на глобалниот состанок на градовите со езера
Градоначалникот нa Охрид, Никола Бакрачески ќе учествува на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на членките на Европската мрежа на езера што утре (28 мај) се одржува во Исео – Италија како дел од фестивалот на европски езера. Во текот на утрешниот ден градоначалникот Бакрачески ќе има работна средба и со партнерите од Проектот LAKTIVE TOURISM, во кој Општина Охрид е значаен партнер. Овој европскиот партнерски проект на 5 европски држави, членки на Европската мрежа на езера (Италија, Словенија, Шпанија, Ирска и Македонија- Општина Охрид), како и два туроператори и…
повеќе...Овозможена легализација на дивоградби за индивидуални куќи покрај природните езера
На иницијатива на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Лилјана Затуроска, Нола Исмајлоска Старова и Драган Данев, во Собранието на Република Македонија е поднесен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Целта на предложените измени е да се овозможи спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен крајбрежен појас на природни езера од 50 метри како и ретроактивна примена на одредбите за овие бесправни објекти и за бесправните објекти кои се наоѓаат на земјиште на кое е…
повеќе...Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите
Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…
повеќе...Од утре ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата
Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски најави промени околу движењето на пловните објекти, но за тоа конкретно откако ќе заврши обележувањето. „По обележувањето ќе следат промени во режимот на пловидба, но конкретно ќе се знае кога ќе заврши обележувањето“,…
повеќе...Охрид ќе учествува на Фестивалот на европските езера во Италија
Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на Фестивалот на европските езера што од 29-ти мај до 2-ри јуни се одржува во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30-ти мај се одржува во овој италијански град. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на денешната средба со новинарите се осврна на годинешната програма на фестивалот. „Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во…
повеќе...Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов
Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…
повеќе...Работилници во општините Охрид и Дебрца: „Наводнување и заштеда на вода со цел адаптирање кон климатските промени“
Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември 2014 г. и ќе трае до јуни 2015 година. „Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Резултатите од истражувањето се анализирани.“– велат од ЕД „Грашница. Активностите продолжуваат со организација на две работилници, една ќе се одржи денес во општина Дебрца и една во општина Охрид утре на тема: „Наводнување и заштеда на вода со цел адаптирање кон…
повеќе...Состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд
Битолски регион Во текот на вчерашниот ден заради превентива од поголеми поплавувања и нанесувања по обемни матријални штети во општина Новаци, од страна на Координативното тело при Влада на РМ е донесена одлука за отварање пропуст на Регионалниот пат Битола-Новаци-РЕК-Мариово. Пропустот е направен после мостот пред село Новаци, во попладневните часови. Вработените во РЕК Битола и жителите кои гравитираат во тој дел ќе ги користат алтернативните заобиколни патни правци. По 17:00 часот, над отворот на патот пред с.Новаци било поставена челечна конструкција – мост за премин на пешаци. Исто така,…
повеќе...Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…
повеќе...