Претседателот на СДСМ Заев се сретна со партнерите од опозициската коалиција

Целосна поддршка за претседателот на СДСМ Зоран Заев во чекорите за враќање на слободата и демократијата во Македонија денеска изразија коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз и претседателите на партиите што и се придружија на опозициската коалиција. Никола Груевски го прекрши договорот од 2-ри, преговорите се неуспешни, потврдено е едногласно на денешната попладневна средба, што се одржа во седиштето на СДСМ. На состанокот се разгледуваа натамошните чекори на СДСМ и опозицијата во насока на интезивирање на сите можни форми и механизми за враќање на демократијата во Македонија. Партиите се подготвени да…

повеќе...

Груевски: Стартува Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување

Во сабота стартува Законот за отпис на каматите за долгови од придонеси за социјално осигурување, најави премиерот Никола Груевски при посетата на охридско-струшкиот регион. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски појасни дека сите компании кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе може да ги платат без да ја плаќаат каматата. „За оние фирми чии што долгови се од периодот до 2008 година ослободувањето ќе биде 100 отсто, додека за оние што имаат насобрани камати од 2009 до 2014 година, ослободувањето ќе биде 70 проценти. Плаќањето може да биде на 36 рати.…

повеќе...

Заев: Бараме објаснување кој и со каква цел ја дестабилизира Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „На почетокот сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили. Одлучив да присуствувам на денешната седница на Советот за безбедност, но моето присуство не значи дека јас и опозицијата даваме легитимитет за сето она што државните институции го правеа изминатите неколку години а особено последниве неколку месеци. Нашите ставови за капацитетот и легитимитетот на оваа власт се познати, од нив не отстапуваме. Но денеска имаме друг приоритет,…

повеќе...

СДСМ: Обвинителството работи под диктат на Груевски, Мијалков и Илиевски

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изјава за медиумите истакна: „Јавното обвинителство официјално соопшти дека јавниот обвинител Јован Илиевски е формално изземен од постапување по конструираниот предмет Пуч. Како надреден јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по овој конструиран предмет, затоа што по принципот на хиерархија и субординација на обвинителството директно е надреден над обвинителот кој постапува во конструираниот предмет. Согласно хиерархиската поставеност во Јавното обвинителство, баџанакот на Сашо Мијалков и извршителот на Никола Груевски, обвинителот Јован Илиевски,…

повеќе...

Заев: Ќе поднесеме кривична пријава за смислено нудење поткуп

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите, истакна: „Ставот мој, на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата е јасен, кога се работи за судството односно правосудството и обвинителството во Република Македонија – уште еднаш напоменувам, дека денеска сме овде присутни за да потврдиме дека го почитуваме законот и Уставот и да оставиме трага од сите овие процеси. Напоменувам дека се надевам, дека ќе се одважат поединци во Јавното обвинителство и судството да судат и да носат услуги исклучиво по закон и Устав, ниту повеќе ниту помалку. Напоменувам дека…

повеќе...

Заев: Нека се охрабрат чесните во обвинителството

Денеска сме во Основното јавно обвинителство, присутен сум како оштетена страна и сведок по основ на поднесената пријава од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Иако знаете дека јавно изразивме сомневање и непризнавање на правосудниот систем на Република Македонија, сакам да потенцирам дека пријавата којашто ја поднесовме е од причините коишто и претходно ги посочивме, да оставиме трага, да покажеме дека ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија, истовремено да испратиме порака дека знаеме дека дигнитетот на институцијата Обвинителство како и другите правосудни органи е нарушена само од поединци.…

повеќе...

Писмена изјава на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со писмена изјава: „Ја изразувам мојата целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела. Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија. Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што…

повеќе...

Интегрална изјава на градоначалникот Бакрачески по однос на работата на плажите за оваа летна сезона

Во целост ја пренесуваме интегралната изјава на градоначалникот Бакрачески по однос на работата на плажите за оваа летна сезона. Во неа стои: „Во текот на вчерашниот ден на иницијатива на локалната самоуправа и општинскиот инспекторат  во просториите на општинската зграда се одржа работна средба  на која што беа поканети сите концесионери на плажите на охридското крајбрежје. Беа присутни  и претставници на СВР- Охрид,Управата за јавни приходи, пазарниот инспекторат  и претставници од  Црвен Крст односно сите оние релевантни субјекти кои што имаат обврска да го регулираат  реализирањето  на дејноста на концесионерите…

повеќе...