Спроведени акциски контроли во Куманово

Во сабота (27.02.2016 година) од страна на полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, спроведена е акциска контрола во кафе бар, Спортска обложувалница и автомат клуб лоцирани на подрачје на Општина Куманово. Од извршената контрола во кафе барот беше затекнато лице државјанин на САД кој што нема регулиран престој во Р.Македонија, истиот е приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден на дежурен инспектор по странци, легитимирани се вкупно 11 лица и од страна на инспекциските служби не се…

повеќе...

Акциски контроли на СВР во Охрид и Струга

Повеќе акциски контроли реализира викендов Секторот за внатрешни работи во угостителски објекти во Охрид и Струга. Во дваесеттина кафе барови и ноќни клубови беа извршени контроли согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност како и по други законски основи од кривичниот законик. Акцент беше ставен на присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Контролите во Охрид и Струга, Секторот за внатрешни работи ги реализира самостојно, но…

повеќе...

Засилени контроли за работата на станоиздавачите

Овластените туристички инспектори периодов вршат засилени контроли на приватните станоиздавачи со цел навремено да се откријат и отфрлат неправилностите при работењето.     На терен  се спроведува контрола на решенијата за категоризација и за вршење дејност од мал обем а се проверуваат и книгите  во кои уредно треба да се евидентираат ноќевањата на домашните и странски гости. Неправилностите се регулираат на лице место со издавање  платни налози со висина на глоба утврдена согласно законот. Надлежните служби при Општина Охрид апелираат до станоиздавачите да се придржуваат до пропишаните правила за вршење на оваа…

повеќе...

Контроли во авто-отпади, изречени глоби во висина од 12.000 евра, одземени 82 ПМВ

Врз основа на предходно изготвен план, СВР Куманово во содејство со Државниот пазарен инспекторат и мобилната царинска единица изврши контрола на девет авто-отпади лоцирани на подрачјето на Куманово. При спроведената акциска контрола во шест авто-отпади се констатирани неправилности во работењето и тоа по основ на прекршоци согласно Закон за трговија и поради непоседување на соодветна документација за возилата. Во два случаи авто-отпади не биле регистрирани за вршење дејност, односно не биле регистрирани во Централниот регистер. Притоа од страна на ДПИ се издадени платни налози и покани за наплата на глоба…

повеќе...

Контроли на станици за технички преглед, полициски станици и други организациони единици

Во текот на месецов Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР изврши десет контроли во станици за технички преглед на возила, односно во осум Одделенија за управни служби при Одделот за граѓански работи, а исто така беа извршени контроли во Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на автопатот-„Петровец“, како и во 16 организациски единици на МВР во рамките на седум Сектори за внатрешни работи. По однос на контролата во станиците за технички преглед на возила, односно во Одделенија за управни служби при Одделот за граѓански работи проверки беа…

повеќе...

Контроли на угостителски објекти во Охрид, Струга и Дебар

Припадници на СВР Охрид во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат и вчера (16.01), реализираа акциска контрола во 13 угостителски објекти на подрачјето на ПС од ОН Охрид, ПС Струга и ПС Дебар. Притоа во контролата извршена во “Ланч бар “Кадмо“ на ул. “Коста Абраш“ од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки објектот ке биде времено затворен 15 дена а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице како и 750 евра за одговорно лице во…

повеќе...

Контроли и во угостителски објекти во Охрид и Кичево – изречени глоби во пет локали

Припадници на СВР Охрид во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера, по претходно изготвен план, реализираа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ПС од ОН Охрид, при што беа опфатени девет угостителски објекти („Летница“, „Алвариус“, „Кадмо“, „Перла“, „Пијано бар“, „План Б“, „Објектив“, „Барон“ и „Американо“), информираат од МВР. Од извршените контроли во два угостителски објекти („Перла“ и „Кадмо“) од страна на УЈП констатирани се неправилности по однос на фискализацијата за што од нивна страна e изречена глоба во висина од…

повеќе...

Вчера проверки во 25 угостителски објекти на подрачјето на главниот град

Припадници на повеќе организациони единици при СВР Скопје во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти продолжија со контролите во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, така што вчера (05.01.) извршија контроли во вкупно 25 правни лица – угостителски објекти. Притоа во девет угостителски објекти не беа евидентирани никакви неправилности: “БИТ ПРОМ ДООЕЛ“ Скопје на ул. “Кеј 13-ти Ноември“ и подружница ресторан ВЕНЕЦИЈА на бул. “Партизански…

повеќе...

Контроли во уште 13 угостителски објекти, во четири издадени налози за глоба

Согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти и во текот на вчерашниот ден (03.01.) од страна на СВР Скопје, односно припадници на повеќе организациски единици заедно со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат на подрачје на СВР Скопје се извршени контроли во вкупно 13 правни лица – угостителски објекти. Притоа во шест угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности: “МЕГАТОН ПРОДУКЦИЈА“ ДООЕЛ Скопје-подружница Дискотека ХО лоцирана на ул. “11-ти Октомври“, “АЛО АЛО ТП Бифе“ –…

повеќе...

Извршени контроли во 21 организациона единица на МВР

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во месец ноември изврши 16 контроли на 21 организациска единици на Министерството за внатрешни работи во сите Сектори за внатрешни работи. Контроли се спроведни во 15 Полициските станици од општа надлежност, три Полициски станици и полициски одделенија за безбедност на патниот сообраќај и во по едно Одделение за криминалистички работи, Надворешна канцеларија за криминалистички работи и полициско одделение. Извршените контролите се однесуваат на почитување на работното време, согласно дневниот распоред за работа, почитување на одредбите од Правилникот за начинот на вршење на полициските…

повеќе...