Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во Охрид присуствуваше на свечениот прием што по повод почетокот на 55-то издание го организира фестивалот „Охридско Лето“. На случувањето присуствуваа претставници од јавниот и политичкиот живот од земјава и странство. Годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“ ќе биде отворено вечерва на сцената на античкиот театар со музичко- сценскиот спектакл „Кармина Бурана“. Делото на Карл Орф ќе го изведе светски познатиот ансамбл од Шпанија „Ла Фура делс баус“, кој во 1992 година ги отвори Олимписките игри во Барселона. Како режисер на овој мултимедијален настан ќе се потпише…
повеќе...Tag: охридско лето
Антички во интензивна подготовка за спектаклот „Кармина Бурана“
Антички интензивно се подготвува за свеченото отворање во недела вечер, спектаклот „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф во реализација на продукциската куќа „Ла Фура Делс Баус“ од Шпанија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и балетот и хорот на Македонската опера и балет. На новата сцена која благодарение на помошта на Општината годинава доби нов лик, идеално рамна површина, се поставува скапата опрема која треба да го долови впечатокот на невидено шоу во кое ќе има сценско визуелни ефекти, ќе има огромен сад со вода, ќе има…
повеќе...Се уредува стариот дел од градот пред почетокот на „Охридско лето“
Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето“, ЈП „Охридски Комуналец“ реализира акција за уредување и расчистување на стариот дел од градот. „Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Сите пристапни улици и сокачиња се расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко“ и ул.„Илинденска“. За време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар…
повеќе...Раководството на „Охридско лето“ оствари средба со пратениците од Охрид Николовски и Василевски
Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска денеска оствари работна средба со пратениците Алесандар Николовски и Сашо Василевски при што ги информира за досегашните подготовки околу 55-тото јубилејно фестивалско издание. Заблагодарувајќи им се за нивната поддршка, Јанкуловска ги информира пратениците од Охрид дека подготовките се веќе завршени и оти фестивалот може да започне така како што е планиран. „И минатите години а и претходно бевте со нас и постојано доаѓате за да не поддржите и да се информирате околу подготовките на фестивалот. Тоа нам многу ни значи. Ве пречекавме во…
повеќе...Светската атракција 2CELLOS ќе настапи на 55-то издание на Охридско лето
Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Охрид на 8-ми август. 2CELLOS ќе настапат на сцената на Античкиот театар, а концертот почнува во 21:00. „Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во ’60-те го гледав Џими Хендрикс.” вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS. Маестралните 2CELLOS во светот “експлодираа” како Јутјуб сензација во 2011-та, по видеото во кое на две виолончела…
повеќе...Балканската турнеја на најдобриот театар од Израел започнува од Охрид
Театарската претстава „Нашиот клас“ од Израел својата балканска турнеја ја започнува токму од Охрид како дел од јубилејната фестивалска програма на 55-то Охридско лето. Љубителите на врвните театарски креации ќе можат да уживаат во ова театарско остварување на 18 јули во Предворјето на Света Софија со почеток од 21 часот. Според селекторот на драмската програма на Охридско лето, Ѓорѓи Јолевски, еден од најиграните современи драмски текстови за трагедијата на еврејскиот народ во втората светска војна е „ Нашиот клас “ од Тадеуш Слобоѓанек во режија на Ханан Снир, ко –…
повеќе...„Охридско лето“ се презентира на Генералното собрание на ЕФА во Острава
Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот„Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европскатафестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град Острава. Според претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, кој какоделегат на Собранието престојува во овој културен центар, покрај предвидените средби сопретседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, конференцијата во Острава била и добра можност на првите луѓе наЕФА да им бидат врачени официјални покани за присуство на…
повеќе...Грандиозното оперско дело „Кармина Бурана“ за старт на Охридско лето
Сензационалното, музичко и театарско, витално и енергично шоу, дизајнирано за пошироката публика, љубителите на музиката и изведувачките уметности, едно од најмаркантните музички дела на дваесеттиот век, – сценската кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф ќе го отвори јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето. Годинава на 12-ти јули на Античкиот театар, на денот кој е симбол за неповторлив настан, концерт на најславните и најуспешните светски уметници, грандиозениот мултимедијален проект, реализиран од страна на продукциската куќа “Ла Фура Делс Баус”, со сигурност ќе биде невиден спектакл и голема атракција…
повеќе...Охридско Лето во нов дом – Модерен простор со префинет дизајн
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска беа дел од свеченоста по повод отворањето на новите простории на фестивалот „Охридско лето“. Како што нагласи министерката Канческа-Милевска, од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 1,6 милиони денари за уредувањето на новите работни простории на фестивалската дирекција. „Со реновирањето на овој простор, националната установа „Охридско лето“ добива комплетно нов и модерен простор со префинет дизајн, кој овозможува поблиска комуникација со сите пријатели, спонзори, помагатели, уметници, соработници и претставници на средствата за информирање кои мошне активно и…
повеќе...Директорката Јанкуловска се сретна со поранешниот градоначалник на Дортмунд
Директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска денес оствари работна средба со поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот на германскиот град Дортмунд , Рутиге Шмит. Јанкуловска го информира за големината и значењето на оваа голема културна манифестација, за нејзините почетоци и долгогодишната богата историја како и за најголемите музички имиња кои настапиле на фестивалската сцена. На средбата станало збор и за нова соработка со Дортмунд на полето на културата а не се исклучила и можноста тамошната Филхармонија да биде дел од некое следно фестивалско издание. Шмит претходно се сретна и…
повеќе...