Пуштена во употреба пешачката патека во стариот дел на градот

Со пригодна свеченост, денес, беше ставена во употреба пешачката патека која се наоѓа во Стариот дел на градот. Патеката се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео. Од Лабино патеката продолжува кон Воска и Даљан, а од таму кон извиднички центар. „Првибитниот впечаток е одличен, досега нема ниту еден лош коментар што е потврда дека граѓаните со консензус го одобруваат овој проект и се задоволни од реализацијата. Тоа за нас е поттик и мотивација дека ваквите проекти треба да продолжат. Тоа беше и наша замисла,…

повеќе...

Оштетени садниците на пешачката патека

Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот „Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува. Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот „Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.

повеќе...

Украдени садници од пешачката патека кај Студенчишта

Денес повторно е забележана кражба на садници кај пешачката патека која се гради од мостот кај езерската полиција до Горица. Покрај скоро секојдневното крадење на украсни зимзелени грмушки, и садници од видот „Виола”, денес беше забележано дека несовесните граѓани украле 2 листопадни дрвја од видот „Каталпа”, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Во завршна фаза е изградбата на пешако – рекреативната патека канал Студенчишта – хотел Парк

Пешачко – рекреативната патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк е во завршна фаза. Проектот за изградба на оваа патека започна пред околу две години. Изградбата на оваа атрактивна патека се одвиваше во три фази. Во изминатиов период се одвиваа градежните активности за изградба на патеката, а сега преостануваат уште активностите за хортикултурно уредување на неколку делови од патеката. Инаку, првата фаза од изградбата на патеката, се реализираа со финансиски средства од проектот за меѓународна соработка ВАТЕРНЕТ, а финасиските средства за останатите фази беа обезбедени од буџетот…

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на патеката од каналот Студенчишта до Парк

Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со градежни активности за поставување на атмосферска канализација на пешачката патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк. Се поставуваат цефки и сливници за одведување на атмосферски води во должина од 350 метри со пречник од Ф 200 мм. После завршувањето на оваа фаза, промендата ќе го добие својот конечен лик. Вкупната должина на пешачката патека ќе биде 1 300 метри. Паралелно со овие активности, се одвиваат и градежните активности за изградба на уште две пешачки патеки. Првата е пешачката патека покрај каналот Студенчишта.…

повеќе...

Продолжуваат градежните работи на патеката до Билјанини извори

Се интензивираат градежните работи на пешачката и велосипедска патека до Билјанини извори. Заради непречено одвивање на градежните активности потребно е сопствениците на пловните објкети кои се наоѓаат на патеката да бидат отстранети. Општина Охрид ги известува сопствениците на пловни објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти (кајчиња), ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Започнува изградбата на пешачката патека до Билјанини извори

Општина Охрид започнува со изграбда на модерна пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на „АД Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Патеката ќе биде изградена од природни материјали (камени плочи и дрво), а ќе има и атрактивни содржини на малиот канал. Заради непречено одвивање на градежните активности потребно е сопствениците на пловните објкети кои се наоѓаат на патеката да бидат отстранети. Општина Охрид ги известува сопствениците на пловни објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти (кајчиња), ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро е изградена без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Во врска со промовирањето на новоизградената пешачка патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник од страна на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното : Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…

повеќе...

Нова пешачка патека покрај Охридското езеро

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во изградената пешачка патека на Охридското езеро во општина Дебрца. Патеката е во должина од околу 120 метри и инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра. Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде жителите на Дебрца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината. Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти во завршна фаза е проектирање…

повеќе...