Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...

Извонредниот Бакалов ги рушеше границите помеѓу различните жанрови на музика

Неповторливо доживување синоќа приредија оксаровецот Луис Бакалов заедно со уште двајца исклучителни пијанисти Марко Чампи и Алберто Пицо. На програмата беа композиции на Дебиси, Равел, Пјацола, Скарлати, Мориконе, Гулда, Џакомо, како и авторски дела на самите изведувачи. „Уште еден ексклузивен уметник на Охридско Лето, оскаровецот Луис Бакалов кој ја надополни низата на светски пијанисти кои годинава, на ова јубилејно издание, ја збогатија фестивалската програма. Во прекрасната црква „Света Софија“ фестивалската публика имаше ретка можност да ужива во музицирањето на тројца врвни пијанисти на две пијана“, изјави Гордана Јосифова Неделковска, селектор…

повеќе...

Моралес нe ја остави рамнодушна публиката на „Охридско лето“

Брилијантна техника, неверојатна леснотија, елеганција и исклучителна прецизност во свирењето и покажа шпанскиот пијанист Леонел Моралес на публиката на „Охридско лето“. На концертот што го изведе синоќа во „Света Софија“ овој голем виртуоз на пијаното долови дела Лудвиг ван Бетовен, Сергеј Рахманинов и Игор Стравински. Иако настапувал на речиси сите поголеми музички сцени во светот каде што одржува и мајсторски школи, сепак, Моралес не ја остави рамнодушна ниту публиката на „Охридско лето“ која го испрати со воодушевување и громогласен аплауз. Еден од поинтересните негови курсеви, е оној на кој Моралес…

повеќе...

Одличен спој помеѓу виолината на Бадивуку и пијаното на Кастратовиќ

Bиолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ синоќа во црквата „Света Софија“ приредија одличен концерт за публиката на „Охридско лето“. Овие две истакнати музички уметници соработуваат на две децении и со своите заеднички настапи ги воодушевуваат љубителите на класичната музика. Бадивуку-Хоџа настапувала низ голем број земји во светот. Соработувала со голем број значајни оркестри и уметници, а како камерен изведувач често настапува со камерни ансамбли во кои членуваат истакнати музичари. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на класична музика. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.  Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги започнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде што ги завршува своите додипломски и постдипломски студии по виолина. Веднаш потоа започнува да работи како професор по виолина на Факултетот за уметности во Приштина, а подоцна и како концерт-мајстор…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владик Броневецки вечерва ќе одржат концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Марија Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација. Нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните сали во светот како „Викторија хол“ („Victoria Hall“) во Женева, „Тонхале“ („Tonhalle“) во Цирих, „Концертхаус“ („Konzerthaus“) во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и други, каде што соработувала со голем број еминентни диригенти, меѓу кои Владимир Спиваков,…

повеќе...

Златна маска за маестро Иво Погорелиќ од Охридско лето

Фестивалот Охридско лето на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ, кој со двата концерти во црквата Св. Софија направи вистински музички бум, му подари реплика на Златна маска од Требениште, а неговиот менаџер на поклон доби пеперутка од филигран. Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, заблагодарувајќи се на големиот маестро за неповторливиот настап и вториот концерт со кој матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ, ја маѓепса публиката, рече дека уникатната изведба, исполнета со многу енергија, длабока емоционалност и сензибилитет ја остави без здив многубројната странска и домашна публика.…

повеќе...

Стоечки овации и бројни бисeви за рускиот пијaнист Николај Лугански

Со стоечки овации и повеќе бисови го награди публиката на „Охридско лето“ извонредниот руски пијанист Николај Лугански кој синоќа одржа концерт во црквата „Света Софија“. Овој пијано-виртуоз со исклучителна префинетост и чувствителност во неговото музицирање го задржа вниманието на бројните посетители повеќе од два часа. Внатрешноста на акустичната црква беше исполнета до последно место, а дел од присутните со задоволство го следеа концертот стоејќи. -Николај Лугански вечерва не’ остави без здив. Навистина преполната сала во „Света Софија“ беше импресионирана од еден од врвните пијанисти од младата генерација пијанистичка елита во…

повеќе...

Пијано маратон на малиот плоштад кај „Долна порта“

Денеска од 17 часот на новиот плоштад кај Долна порта во Охрид, ќе се одржи пијано маратон на кој освен учесниците на PIANO SUMMER OHRID ќе може да се претстави секој кој има желба да отсвири нешто од класичниот пијано репертоар, или од современи автори, вклучувајќи и свои лични композиции или импровизации. Специјален гостин на маратонот ќе биде Љупчо Доневски со премиерното изведување на неговата композиција „Звукот на младоста“. Маратонот е отворен за сите љубители на музиката. Влез слободен.

повеќе...

Охрид домаќин на првиот пијано фестивал

Со пијано концерт на истакнатиот германски пијанист и професор Клаус Шилде синоќа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид започна фестивалот „Piano Summer Ohrid“, што годинава за прв пат се одржува во градов. Фестивалот за отворен го прогласи Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска. „Верувам дека и раѓањето на овој фестивал, ќе придонесе кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид ќе го отвори кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана и космополитетска идеја да…

повеќе...