Приведени седум лица поради нарушување на јавниот ред и мир на плажа во Охрид

Седум лица се приведени во СВР Охрид, по нарушувањето на јавниот ред и мир со употреба на опасно орудие, што вчера во 10 часот и 50 минути се случи на плажа во комплексот „Горица-3“ во Охрид. Приведувањето на пет од нив е извршено откако претходно, на неколку одделенија во Општата болница во Охрид им е пружена неопходната медицинска помош. Најверојатно поради, подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања, нарушувањето, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнуваат униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со…

повеќе...

„Despacito“ – Нова атрактивна плажа во населба Свети Стефан

„Despacito“ е нова атрактивна плажа која се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, Охрид во близина на Националниот ресторан Македонска куќа од вчера и официјално започна со работа. Оваа плажа дефинитивно ќе биде најубавото место на охридското крајбрежје. Вреди да се посети! WebOhrid

повеќе...

Почнува најсилното издание на Green beach festival – најголемиот фестивал на електронската музика кај нас

Сѐ е подготвено за седмото издание на најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, GREEN BEACH FESTIVAL кој ќе се одржи викендов (30-31 јули) во Охрид. Со највозбудливата програма во која се запишуваат вкупно 14 изведувачи на кои подеднакво им се восхитува и комерцијалната и андерграунд сцената, GREEN BEACH FESTIVAL ги претставува врвните уметници на електронската музика кои гарантираат исклучително дводневно доживување! „Пред нас едно од најсилните изданија досега, кое стапува на сцена со ексклузивни настапи на светската диџеј елита и со врвен продукциски тим задолжен за неповторливо аудио и…

повеќе...

Три дена Summer Beach Festival во Охрид

Овој викенд, пред големиот македонски празник Илинден, Охрид е градот кој е центарот на сите музички случувања во Македонија. Еден од тие настани е и „Summer beach festival”, тридневен фестивал кој ќе се одржи на плажата „Немо“, а ќе опфати дел од моментално најбараните артисти на балканот. 30 јули, сабота е резервиран за Тајзи и Спејко со концерт во живо. За првпат пред публиката ќе се престават и со дел од новиот материјал. На 31 јули настапува грчката диџеј атракција Bang La Decks, дуо кое ги освои светските топ листи…

повеќе...

Ристе Ристески со бесплатен концерт на плажа во Охрид

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ќе одржи голем концерт во петок (29 јули) на плажата „Акапулко“ во Охрид. Имено, по потпишаниот ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“ на 9 години и исполнети сите обврски кон шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ристе одлучи да им се заблагодари на своите сограѓани кои несебично во текот на сите овие месеци му ја даваа својата поддршка со бесплатен концерт на…

повеќе...

Идејното решение на идната модерна плажа на Охридското езеро кај Подмоље

Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Еве како изгледа идејното решение… Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље. За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширена со дополнителни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со…

повеќе...

Гужва и преполни плажи во Охрид

Деновиве Охрид е преполн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е во шпицот на туристичката сезона. Убавото и топло време ги наполни охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...

Еко-колумна: Понесете го екологистот во себе!

Пред да излезете од дома – подгответе се! Секогаш со вас понесете го и екологистот во вас! Им помина времето на разно-разните отпади кои стоеа така покрај плажите, на плажите, но и во водата. Стакло, пластика, лименки, најразличен цврст отпад… Време е за екологија! Секогаш било и секогаш ќе биде! Ниту комуналните претпријатија, ниту еколошките друштва не успеваат да се справат со толкаво загадување. Едноставно, лесно е да се загади, но тешко е да се исчисти. Како ли само дошло до толкаво загадување?! Кој е виновен? Нашите дедовци, татковци, другари, пријатели…

повеќе...

Повеќе од 10 артисти ќе се запишат во програмата за 30 и 31 јули на плажата Парк во Охрид

GREEN BEACH FESTIVAL, грандиозниот фестивал на електронската музика и годинава е подготвен да ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, седмото издание на Green Beach Festival ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули. Првиот светски познат гостин кој го потврди својот настап на 30 јули на Green Beach Festival…

повеќе...

Општината со апел до охриѓани да ги отстранат пловните објекти од плажата Сараиште

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено средување на плажата која како и мината така и оваа година се очекува да е посетена од бројни охриѓани и туристи. Плажата „Сараиште“ беше средена минатата година по налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање доби нов песок, а беа поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. На плажата беа поставени две туш- кабини и…

повеќе...