На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска

Првиот чартер-лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Македонија и еден од најголемите полски тур-оператори, Рего-Бис Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис. Првиот…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Полска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Јацек Мултановски. На средбата двајцата соговорници разговараа за мигрантската криза и улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември. Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Република Полска за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи, особено во справувањето со мигрантската криза. Амбасадорот Мултановски го информираше министерот Спасовски за одлуката за продолжување на активностите на 30 полски полициски службеници на нашата јужна…

повеќе...

Македонија користи искуства на Германија, Полска и Хрватска во ЕУ-интеграцијата

Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…

повеќе...

Заложби и иницијативи за натамошно јакнење на пријателството и соработката – средба со полскиот претседател Дуда

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. На средбата беа констатирани одлични билатерални односи и соработка во повеќе области. Договорена е размена на посети на највисоко ниво во наредниот период, кои треба да придонесат за натамошно продлабочување на билатералната соработка, особено во сферата на економијата и на одбраната. Двајцата претседатели разменија мислења за состојбите во регионот, особено во контекст на неговата европска и евроатланска перспектива. Македонскиот претседател порача…

повеќе...

Полска вечер на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток 21:00 часот ќе се одржи Полска вечер, на која ќе настапат Македонскиот камерен оркестар – Македонски Виртуози заедно со солистите Маријан Собула на пијано и „Глас Дуо“, под диригентската палка на Јацек Рогала од Полска. На програмата ќе бидат дела на Е. Григ, К. Шимановски, Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, А. Дворжак, А. Пјацола, Ф. Шопен, Стинг, А. Сафраниек. Јацек Рогала е полски диригент кој е заслужен за голем број премиерни изведби и радиоснимки на…

повеќе...

Женскиот младински хор при МКЦ и диригентот Сашо Татарчевски со високи признанија во Полска

Оваа меѓународна активност, која беше поддржана во Годишната програма на Министерството за култура, претставува огромен успех во меѓународната афирмација на македонската хорска уметност особено ако се земе предвид дека Женскиот младински хор при МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Република Македонија … Од Министерството за култура информираат дека Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, освои две високи награди на шестиот меѓународен хорски натпревар во рамките на фестивалот „Вратиславиа Сакра“, кој од 3 до 6 јуни се одржа во Вроцлав, Полска.…

повеќе...

Полскиот министер за внатрешни работи во посета на Република Македонија

Денес висока делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Полска предводена од Министерот за внатрешни работи г. Мариуш Блашчек го посети Министерството за внатрешни работи на Република Македонија при што оствари работна средба со министертот за внатрешни работи м-р Митко Чавков. На средбата беа потврдени заложбите за досегашната меѓусебна соработка и воедно двајцата министри изразија надеж за продлабочување на истата, при што министерот Чавков се заблагодари за досегашната поддршка и помош на Република Полска за Република Македонија. По завршувањето на средбата двете делегации се упатија кон Прифатниот центар „Винојуг”…

повеќе...

Договор за културна соработка меѓу Македонија и Полска

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзината колешка од Полска Малгожата Омилановска денеска потпишаа нов договор за културна соработка. „Полска е искрен пријател и голем поддржувач во нашите евроатлантски интеграции. Македонија и Полска имаат извонредна и плодна соработка во областа на културата, која резултираше со огромен број проекти“, рече Канческа-Милевска по потпишувањето на договорот. Изминатите години, како што рече, преку полската култура и присуството на полските уметници имавме можност да проследиме извонредни концерти во Македонија. Потсети на концертот на Пендерецки на „Охридско лето“, додаде дека Македонската филхармонија соработува со полски…

повеќе...

Вечерва во Света Софија „Полска вечер“ на Охридско лето

Во рамките на фестивалот Охридско лето, вечерва во црквата „Св. Софија“ ќе се оддржи концерт насловен како „Полска вечер“ со извонредните уметници и виртуози – пијанистот Славомир Зубрицки, тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Во фестивалската историја на традиционалната Полска вечер на Охридско лето ќе остане запишан концертот со еден од најславните композитори на денешницата – Кшиштоф Пендерецки. Минатата година посебна атракција беше концертот на ексклузивниот гудачки квартет „MozART group“ од Полска. Оваа година , според најавите, уште еден незаборавен концерт кој со сигурност нема да ги остави љубителите…

повеќе...

Македонија има јасна стратегиска цел, а тоа е членството во НАТО – министерот Јолевски во Полска

„Македонија има стратегиска цел и определба да биде дел од НАТО-алијансата. Вредностите на Алијансата се и наши вредности, и затоа македонските мировници даваат поддршка на напорите на НАТО за воспоставување на слобода и безбедност на глобално ниво“, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Република Полска. Говорејќи на панелот посветен на „Патот кон Европа“, министерот Јолевски додаде дека граѓаните на Република Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките…

повеќе...