Одржан рекреативен риболовен турнир за најмладите во Охрид

Младински Совет Охрид, како дел од програмата за развој на рекреативниот спорт, викендов кој измина, организираше спортски риболов. Риболовот беше организиран со поддршка на здружението „Св.Стефан“, а со одобрение на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ДООЕЛ. Од пријавените 37 натпреварувачи, поради лошите временски услови и ладното време се натпреваруваа само 9 млади риболовци. Иако со рекреативен карактер, на турнирот беа доделени дипломи и симболични награди за најдобрите. Трето пласиран, според уловот беше Џабир Далипоски, второпласиран Бојан Тренески, а на првото место се пласира Христијан Неданоски, кој воедно беше и…

повеќе...

Реката Црн Дрим порибена со 2000 парчиња автохтона пастрмка

Извршено порибување во реката Црн Дрим со автохтона пастрмка во количина од 2000 парчиња на подмладок со грамажа од 10 грама по рипче.  Инспекторот за рибарство од областа на рибарството и аквакултурата Јован Бојчовски како што кажа со денешното порибување заврши еден циклус на активности за 2013 година. „Со денешното порибување остварен е годишниот план за 2013 година предвиден од страна на риболовното друштво „Пастрмка“ од Струга  и со тоа заврши еден циклус на активности за 2013 година“. – рече Бојчовски. Бојчовски апелира до сите риболовци од Струга и сите…

повеќе...

Вевчанската река порибена со околу 1000 парчиња автохтона речна пастрмка

Вевчанската Река порибена со околу илјада парчиња автохтона речна пастрмка, а порибувањето, исто како и производството на подмладокот риба е под надзор на охридското одделение за рибарство и аквакултура. Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски апелираше до жителите на Вевчани, а исто и до граѓаните на Октиси и Велешта да се зачуваат овие пастрмки, затоа што за рибокрадците казната е голема. „Ова не е случено од пред четири години и е многу значаен денешниот ден, за развојот на Вевчани и на вевчанскиот туризам, затоа што сепак ова не е стопанска…

повеќе...

Владата со 35 милиони денари ќе го субвенционира рибарството и аквакултурата

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата на Република Македонија го распиша јавниот повик за аплицирање за добивање на субвенции за рибарство и аквакултура. Повикот ќе трае до 30 ноември 2013 година, период во кој сите субјекти кои ги исполнуваат законските критериуми и услови ќе може да аплицираат за добивање на заслужените средства. Во самиот повик се предвидени две мерки за финансирање, односно за добивање на субвенција и тоа: 1. Финансиска поддршка (субвенција) за произведена и продадена риба на пазарот за која се издвоени…

повеќе...

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка. Во водите на езерото беа испуштени сто илјади парчиња подмладок пастрмка од годинaшниот мрест, девет месеци од оплодувањето на икрата и шест месеци старост, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри. „Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибиловните води врз основа на риболовната основа изготвена…

повеќе...

Здружението на риболовци се против изградба на инфраструктура за пловни објекти во каналот Студенчишта

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против проектот на Локалната самоуправа на Охрид  за изградба на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти во каналот Студенчишта. „Со овој проект на мала врата се турка идејата од каналот Студенчишта да се направи марина. Секаква изградбата на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти само ќе допринесе да се доуништи флората и фауната во едно природно зимовалиште и мрестилиште, кое опстојувало со милиони години. Зголемениот број на пловни објекти е една од причините да веќе неколку години во каналот влегува…

повеќе...

Засилени надзори на прометот на риба

 Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид интензивирани се контролите по угостителските објекти, рибарници и на останати овластени субјекти кои вршат промет на риба на Охридско – Струшката ривиера.    Во акција спроведена од Државниот инспекторат за земјоделство на ден 01.08.2013 год, извршени се повеќе надзори и контроли во угосителски објекти на Охридската ривиера. При надзорите констатирано е дека дел од  субјектите кои се исконтролирани во делот на затекнатата риба која е наменета за промет во…

повеќе...

Нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов

На 03.07.2013 година во 05:10 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Охридско Езеро“, при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект „Томос 4“ управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов. Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.

повеќе...

Извршен излов на рибите од акумулацијата Слатино

Десет професионални рибари од с. Радожда со влак и друг  професионален рибарски алат вршеа излов на рибата од акумулацијата Слатино. Изловени се околу 500 примероци на крап од 300 грама до 5 килограми и друга бела риба околу 500 килограми.  Дел од рибата е префрлен на Требенишко  езеро и Хидробиолошки завод, дел во реките во сливното подрачје на Охридско Езеро. Неафтохтона риба како карсот е отстранета. Изловот се вршеше до доцните вечерни часови под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки институт и Државен инспектор за рибарство.

повеќе...

Утре ќе се врши излов на рибите од акумулацијата Слатино

За да се избегне еколошка катастрофа на акумулацијата Слатино, на 08 јуни во сабота ќе се изврши излов на рибата од оваа риболовна вода. Изловот се врши согласно Мислењето на ЈНУ Хидробиолошки институт, а по Одлука на Министерот за земјоделие и решение на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рибата ќе се излови со влак под надзор на претставници од ЈНУ Хидробиолошки завод и Државен инспектор за рибарство. Уловените крупни примероци (потенцијални матици) од видот на автохтонен крап Cyprinus carpio ќе бидат пренесени во езерцето (биофилтер) во дворното место на…

повеќе...