Четири лица ги загубија животите во тешка сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар

Четири лица ги загубија животите во тешката сообраќајната незгода што синоќа околу 18 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Колари. Од здобиените повреди, на лице место починале две малолетни девојчиња родени 2015 и 2013 година и двете од кичевското село Зајас додека во општата болница во Кичево починал Амзи И. (46) од Скопје. Доцна синоќа, на пат од болницата „Св.Еразмо“ во Охрид кон ургентниот центар во Скопје, на повредите им подлегнал и Деар А. (26) од кичевското село Зајас. Во сообраќајната незгода, со тешки телесни…

повеќе...

Македонец загина во страшна сообраќајка во Италија

Во сообраќајна несреќа на автопатот Бренер во Италија, која што се случи вчера околу 16. 00 часот, животот го загубил 29-годишниот Б.А од Гостивар. Според тамошните медиуми сега веќе починатиот изгубил контрола врз своето возило марка “Сеат Ибица’ и влелегол во спротивната лента по што дошло до директен судир со камион. Судирот бил фатален за 29-годишниот гостиварец кој починал на лице место, а со полесни повреди се здобил возачот на камионот. Извор: Нет Прес

повеќе...

Велосипедист загина при сообраќајна незгода кај Враништа

Вчера околу 11:00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар поточно во с.Враништа случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од Михаил С. (79) од с.Враништа. Од незгодата Михаил се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош, но околу 17,30 часот истиот им подлегнал на повредите. Од страна на ПС„Струга“ и Ј.О. извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Тешка сообраќајка кај Стража, едно лице загина

Вчера околу 16:10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево на 2км од „Мавровска раскрсница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Хаки Џ. (51) од с.Чајле и минибус „Мерцедес“ струшки регистарски ознаки управувано од В.Ш.(66) од с.Велешта – Струга, при што на местото на настанот починал возачот на ПМВ Хаки Џ., а со повреди се здобиле сопатниците во минибусот: Ф.Б.(26) од с.Србица – Кичево и Д.Л.(35) од с.Вевчани-Струга. На истите им била укажана лекарска помош во УЦ-Гостивар. Увид извршиле ЈО и увидна екипа…

повеќе...

Прегазен пешак пред селото Лескоец

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што утрово во 8 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место починал Славе П. (71) од Охрид кој во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него со предниот дел удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. Возилото било управувано од С.М. (53) од Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало…

повеќе...

Три лица ги загубија животите при тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар

Три лица ги загубија животите во тешката сообраќајната незгода што вчера во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на селото Белица. На лице место починале Реџеп М.(58), неговата сопруга Санија М. (47) и нивниот син Рејхан М. (25) сите од кичевското село Лисичани. Тие се наоѓале во патничко моторно возило марка „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски таблици. Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобил Ф. И. (31) од Прилеп кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница…

повеќе...

СВР Охрид: Намален бројот на сообраќајни незгоди

Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2014 година регистрира намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди како и на сообраќајните незгоди со потешки последици. Минатата година, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај евидентирала 283 сообраќајни незгоди што претставува намалување за 20% во однос на 2013 година кога биле регистрирани 355 сообраќајни незгоди. Според аналитичките податоци, за 14% намален е и бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, од 152 сообраќајни незгоди во 2013 година на 130 во минатата 2014 година. Во сообраќајните незгоди со потешки последици, во 2013…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на селото Песочан

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 16 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Песочан. На лице место починал Јордан С. (58) од селото Годивје додека со тешки телесни повреди се здобиле И.С. (64), С.С.(64) двајцата од Струга како и З.С. (54) од Охрид. Со лесни повреди се здобиле Д.Т.(24) и П.Б.(24) двајцата од Охрид. Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Кичево-Осломеј

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што денес во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј. Луан Т. (19) од кичевското село Мамудовци на лице место го загуби животот во момент кога управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки. Сега починатиот, моторциклот го управувал без заштитна кацига во правец од Осломеј кон Кичево и од засега неутврдени причини изгубил контрола по што удрил во задниот десен дел од возилото „Фиат Добло“ кое се…

повеќе...

Единаесет лица повредени во сообраќајна незгода кај Велешта

Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна незгода на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта. Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и и скршнал на спротивната-лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. Осум патници биле префрлени во општата болница во Струга и кај нив…

повеќе...