Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и делегации на политичките партии и невладините организации, по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Градскиот парк. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на…
повеќе...Tag: споменик
Положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на стреланите жители во Велгошти
Попладнево во селото Велгошти им беше оддадена почит на стреланите жители од с. Велгошти, охридско во 1913 година. Пред спомен обележјето, свежо цвеќе положија претставници од Општина Охрид, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, претставници од МЗ Велгошти, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, претставници од Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“ како и претставници на Македонското патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид. „На 7ми септември се собрале сите велгоштани, пред тоа бил направен пустош од страна на Српската жандармерија по задушувањето на Охридското востание, после тоа жандармеријата ги собрала сите мажи и жени во црквата Св.Климент. Потоа ги одделиле мажите од…
повеќе...Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски
Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…
повеќе...Санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко
До крајот на 2015 година целосно ќе биде реализиран проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко, предвиден со програмата на Министерството за култура. Надлежната установа за реализација на проектите од областа на заштитата на недвижното културно наследство во велешкиот регион, Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на градот Велес. Беа изведени и превентивни активности за елиминирање на прокиснувањето, кое како проблем се провлекува долги години. Исто така,…
повеќе...Панихида на гробот на Григор Прличев
Во рамките на свеченостите на годинашните „Прличеви беседи“, денеска на гробот на ловороносецот „Григор Прличев“, што се наоѓа до црквата „Св. Богородица- Перивлепта“, беше одржана панихида и беше положено цвеќе. На гробот на Прличев цвеќе положија градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на институциите што го носат неговото име. Претходно беше положено цвеќе на бистата, што се наоѓа во кругот на Основното училиште „Григор Прличев“.
повеќе...Првачиња од „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во Рамне
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, ученици од Прво 6 одделение од ОУ „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и положија свежо цвеќе. Учениците беа предводени од наставничката Милка Стојаноска. На учениците им беа прочитани стихови посветени на Јасна Ристеска, борец кој на само 16 години го загуби својот живот за слободен Охрид. WebOhrid
повеќе...Започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид
Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Градскиот парк, започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Делегации од Општината, јавните претпријатија, политички партии, од борците и граѓаните положија цвеќе пред спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе(основен суд), пред споменикот на Мите Богоески ( двор на СОСУ Св.Кирил и Методиј), спомениците на паднатите борци (градски гробишта). Свежо цвеќе, пред споменикот на Јасна Ристеска(с. Рамне), покрај делегациите положија и членовите од семејството на Јасна Ристеска. Во објектот „Централна“ при ЈОУДГ „Јасна Ристеска, денес беше…
повеќе...По повод 7-ми ноември расчистени спомен-обележјата
Согласно Програмата за вонредни активности, во делот од одржување на јавна чистота, екипите на „Јавна хигиена„ ги реализираа активностите за чистење на локалитети околу споменици и спомен обележја. По повод празнувањата и свеченостите организирани за 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид се расчистуваа локалитетите: спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне) и Спомен паркот на револуцијата.
повеќе...Традиционален марш до вечниот дом на Аргир Маринчев и неговите востаници
Месната Заедница од селото Куратица во состав на одбележувањето на 111 години од Битката кај Рашанец за време на Илинденското востание, традиционално ќе го посети гробот на Војводата Аргир Маринчев и неговите востаници. Познато кај народот од околните села наречен „Гробот Аргиров”, е вечно почивалиште за еден од најистакнатите борци во текот на крвавите борби кај Рашанец и Грмешница, а за жителите на овој крај претставува најголем симбол за храброст и верност на македонските идеали од Илинденското Востание. По тој повод, во организација на Советот на месната заедница, во сабота на…
повеќе...