Надворешна проверка на знаењето на студентите ќе има, а ќе се разговара за моделот на тестирањето. Министерството за образование и наука неодамна ја најави новината во високото образование – државен испит за студентите по втора и по четврта година, а денеска тоа го потврди и премиерот Никола Груевски. Она што МОН го најави како државен испит во високото образование, а во медиумите често се спомнува како екстерно, го применуваат повеќе земји, рече Груевски, наведувајќи ги како примери Данска, Британија, Австралија, каде што се спроведува екстерна евалуација, или државен испит каков…
повеќе...Tag: студенти
Трибина – „Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“
РЦ за ГР Север завчера (15.10.) во просториите на Американ колеџ -Универзитет во Скопје во коорганизација со Секторот за гранични работи и миграции – Отсек за странци и реадмисија и со мисијата на ОБСЕ во РМ одржа трибина наменета за странските студенти (претежно од Р. Турција) на тема: “Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“. Целта на трибината беше информирање и запознавање на странските државјани-студенти во врска со процедурите околу регулирањето на привремениот престој во Р.Македонија потребен за нивно студирање, постапките кој ги води МВР на Р.М,…
повеќе...Бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица
БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ , ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА ЗА СТУДЕНТИ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Во рамки на Стратегијата за помош на социјално ранливите категории граѓани , што во континуитет се реализира веќе 18 месеци, Општина Охрид периодов спроведува два крупни социјални проекти кои се однесуваат на ранливите категории луѓе. Едниот проект се однесува на бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика а вториот проект се однесува на субвенционирање на дел од трошоците за комуналните услуги. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска на прес конференција ги обелодени деталите за двата…
повеќе...Распределени речиси сите легла во студентските домови
Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на прес конференција информираше за реализацијата на процесот за прием и сместување на студенти во државните студентски домови за академската 2014/2015 година. Тој потенцираше дека оваа година значително е олеснет процесот на аплицирање, затоа што, како што рече, започна да функционира системот на службено обезбедување на документација од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за водење на матични книги и Министерството за внатрешни работи, со што се намали бројот на потребни документи кои студентите ги доставуваат до ресорното министерство. „Заклучно со…
повеќе...Охрид следната недела ќе биде домаќин на „Информатијада 2014“
Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски. Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври…
повеќе...Информатијада 2014 – можност за соработка меѓу ИТ студентите од регионот
На иницијатива на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од 8 до 12 октомври оваа година во Охрид, ќе се одржи Информатијада 2014, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Министерот Ивановски ја поддржа иницијативата на ФИНКИ за организирање на Информатијадата 2014, очекувајќи таа да биде можност за демонстрирање на програмерските, но и спортските вештини на…
повеќе...Годинава Општина Охрид ќе стипендира поголем број ученици и студенти
Општина Охрид, односно локалната самоуправа наскоро ќе го објави овогодинешниот оглас за стипендирање на талентирани ученици и студенти, најави денес охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески. „Како што најавивме минатата година , оваа година ќе ја прошириме листата на кандидати кои што ќе се стекнат со право за добивање на стипендија и тоа според следната бројка: 15 стипендии за основци, 20 за средношколци и 30 за студенти кои се запишани на факултетите во Република Македонија. Со ова сакаме уште еднаш како и минатата година да дадеме поттик и поддршка на сите оние…
повеќе...Доделени стипендии на најдобрите 20 ученици во општина Дебарца
Деновиве во просториите на општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски свечено им додели стипендии на најдобрите 20 ученици од основно и средно образование. Вооедно, градоначалникот Трајкоски на учениците им посака понатамошни успеси во новата учебна година.
повеќе...Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише меморандум за соработка со НАПАГ
На 29 август (петок), со почеток во 10 часот во фоаето на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, со седиште на ул. Партизанска бб, Охрид, Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише Меморандум за соработка со Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Инаку, Националната асоцијација на престижни академски граѓани е формирана оваа година со цел да се искористи во целост потенцијалот на најуспешните студенти од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претрпиемнички вештини. Во асоцијацијата може да членуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус…
повеќе...Финансиска поддршка за студенти заинтересирани да отворат бизнис
Сите студенти и потенцијални млади претприемачи од 18 до 30 години заинтересирани за почнување сопствен бизнис да аплицираат со бизнис план на јавниот повик, апелира министерот за економија, Беким Незири. Повикот е објавен на 4 јули годинава, а ќе трае до 15 септември. Како што најави Незири, најдобрите бизнис планови ќе добијат финансиска поддршка, прворангираниот 330.000 денари, второрангираниот 230.000 денари, третиот избран 130.000 денари, четврторангираниот 100.000 и петорангираниот 60.000 денари. Петте наградени бизнис планови согласно јавниот повик треба да формираат претпријатие и за неговото регистрирање, посочи министерот, ќе ги искористат…
повеќе...