Над 5.100 пензионери и студенти искористиле бесплатен превоз со воз

Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а утре сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст. Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и…

повеќе...

Во тек е конкурсот за сместување во студентските домови

Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2014/2015 година, е веќе објавен, истакна на прес конференција министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми. Согласно Конкурсот,  предвидени се вкупно 5.956 слободни места. Распределбата на леглата, ќе се врши согласно Законот за студентски стандард со кој предност се дава на студентите коишто потекнуваат од социјално загрозените семејства, и според кој тие се делат на три категории. Во првата, опфатени се студентите од ранливите категории, односно од семејства чиишто вкупни…

повеќе...

Запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2013/2014 година се запишани вкупно 57 746 студенти, што претставува пораст за 1.5% во однос на академската 2012/2013 година. Бројот на запишани студенти – жени изнесува 31 450 или 54.5%. Најголем број на студенти или 88.5% се запишани на државните високообразовни установи, додека 11.1 % се запишани на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во академската 2013/2014 година се запишани 19 173 студенти или 33.2% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет…

повеќе...

Намален бројот на ученици и студенти сместени во домовите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013/2014 година, вкупниот број на ученици – студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 488 што претставува намалување за 7.9% во однос на 2012/2013 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 232 ученици. Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана…

повеќе...

Студентите на ФИНКИ добија лабораторија за клауд компјутинг

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство денеска беше промовирана лабораторија за клауд компјутинг. На промоцијата присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со новата опрема студентите ќе може да ги развиваат своите знаења за создавање клауд компјутинг и да ги извршуваат сите процеси поврзани со тоа“, рече Груевски. Опремата ќе им помогне на студентите и при создавање магистерски  и докторски трудови, истакна Груевски.  Во иднина предвидена е соработка со…

повеќе...

Поддршка за инвестиции, повеќе стипендии за македонски студенти

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, и членовите на владината делегација денеска (понеделник, 30.06.2014 година) во Токио, во рамките на официјалната посета на Јапонија, остварија средба со влијателни членови на јапонскиот Парламент кои ги предводеше г-дин Такао Макино кој ја врши и функцијата заменик министер за надворешни работи на Царството Јапонија. Двете страни изразија задоволство од политичките односи и изразија подготвеност за продлабочување на односите на полето на општествените сфери, образование и здравство. Беше истакната и подготвеност за унапредување на економските односи помеѓу двете земји. Двете страни…

повеќе...

Студенти од Св. Апостол Павле креираа едукативна мобилна апликација

Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра едукативна андроид апликација за паметни телефони и таблети за глобалниот бренд Дурекс.  Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот…

повеќе...

Нови 140 студентски места во „Стив Наумов“ во Автокоманда

Осум нови павиљони денеска беа пуштени во употреба за студентите во домот „Стив Наумов“ во Автокоманда. Инвестицијата вредна 103 милиони денари ја обезбеди Министерството за образование и наука. Во четири од сместувачките објекти има по 10 соби, а во останатите по 16 соби. Во секој од објектите има посебни соби и за лицата со посебни потреби. „Објектите се изградени по највисоки стандарди. Врз основа на проекциите постои можност за сместување на 140 студенти, но исто така и за надградба во делот на креветите. Во следниот период во рамки на новиот…

повеќе...

Владата ангажира волонтери студенти

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓоргиев рече, со цел приближување на работата на државната администрација кон граѓаните, обезбедување на што поголема вклученост на младите луѓе во работата на државните институции, и со цел обезбедување на услови младите луѓе да стекнат практични знаења и вештини, да стекнат искуство и контекст од работата на државните институции и да стекнат работно искуство кое ќе ја надополни нивната конкурентност на пазарот на трудот, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишаа јавен повик…

повеќе...

Студентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ од Охрид, изработија апликација за децата со посебни образовни потреби

„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални  вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченостод посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје и дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид, овозможувајќи им на еден поедноставен и интерактивен начин да ги осознаваат, изучуваат, помнат и извршуваат тековните активностиво рамките на институциите…

повеќе...