Со мултиетничка програма, која ја подготвија ученици и наставници од ОУ „Братство – Единство“, Охрид се одбележа почетокот на новата учебна година и се изврши прием на првачињата во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ и во зградата Лескајца. Топло добредојде во училиштето и среќен почеток во образованието на првачињата им посака директорот на училиштето, Муамер Доко. „Денес училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година, а со него и почетокот на новите училишни авантури. Денес, за прв пат ќе седнете во училишните клупи, од каде во наредните години ќе црпите…
повеќе...Tag: ученици
Возбудени и среќни првачињата во ОУ „Св.Климент Охридски“
На првиот училиштен ден, првачињата од ОУ „Свети Климент Охридски“- Охрид беа возбудени и среќни. Овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања, како ден кога прв пат заиграле, нацртале, заедно, а најважно од се, се дружеле со своите врсници во училишниот двор. На почетокот на програмата учениците и присутните ги поздрави директорот на училиштето, Јордан Пуроски и им изрази искрени желби за многу здравје и успех во учењето, а низ разни активности, забава и смеа, успешно ги водеше познатиот аниматор Жанко Голабоски – ‘Зш. Учениците ги копираа своите…
повеќе...Зголемен бројот на првачиња во Охрид
Од денес за основците и средношколците почнува новата учебна 2015/2016 година. Во Македонија, во училишните клупи првпат ќе седнат околу 20.000 првачиња. Во однос на минатата година во Охрид зголемен е бројот на првачиња. Според информациите до кои дојде WebOhrid, во ОУ „Григор Прличев“, денес во училишните клупи ќе седнат 105 првачиња, а во подрачното училиште Рача 6 првачиња. Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид во училишните клупи ќе седнат 150 првачиња, што е за околу 26 повеќе првачиња од минатата година. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид бројката изнесува 36 првачиња. Во централната зграда…
повеќе...Завршува летниот распуст за 275.000 основци и срeдношколци
За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња. Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци. Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.
повеќе...Фондацијата „Капинков“ од Перт донираше чанти и училишен прибор за првачињата во Дебрца
Бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, денес во општина Дебрца донираше училишна опрема. „Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ да имаат комплет училишен прибор и чанти. За оваа донација која се реализира по трет пат, градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.“– иформираат од општина Дебрца. Имено, оваа донација и посета од страна на Капинков ја организираше почесниот Македонски конзул во Перт Австралија, Зоран Ќосески.
повеќе...Објавен јавен конкурс за стипендирање на најдобрите 20 ученици од општина Дебрца
Објавен јавен конкурс за стипендирање на најдобрите 20 ученици од општина Дебрца
повеќе...Седум милиони евра за обнова на бесплатните учебници
И годинава продолжува проектот за бесплатни учебници, но сега, учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение и за ова ќе бидат инвестирани вкупно седум милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски. Проектот, нагласи, се спроведува веќе седма година и е значајно олеснување и голема помош за над 200.000 родители. „Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното…
повеќе...Околу 25.000 слободни места на петте државни универзитети
Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во Македонија за упис во прва година во академската 2015/2016 година. Пријавувањето кандидати во првиот рок почнува оваа недела. На Св. Кирил и Македонија слободни 10.669 места На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се слободни 10.669 места, од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни со кофинансирање на студиите и 1.175 за вонредни студенти. Цената на студиите во државна квота е 200 евра, а со кофинансирање и за вонредни студенти 400 евра. Првиот рок за…
повеќе...Во петок свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од охридската гимназија
Во петок во училишниот двор при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2014/2015. Пред присутните ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Гимназијата, Звонко Трпески.
повеќе...Слободни 670 места за студии за жени над 30 и мажи над 35 години во 2015/2016
Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот 30/35 за упис на факултет за академската 2015/2016 година, наменет за жени над 30 и мажи над 35 години кои немаат високо образование или не го дооформиле. Обезбедени се вкупно 670 слободни места, од кои најмногу на Државниот универзитет-Тетово (315), на Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ 230, на „Гоце Делчев“ во Штип 80 и на „Климент Охридски“ во Битола 45 места. На кандидатите им се на располагање вкупно 44 студиски програми, во најголем дел технички, на 16 факултети од четирите универзитети.…
повеќе...