Известување за сите ученици од јавните и приватните средни училишта во РМ кои поднеле електронски апликации за стипендии

Се известуваат сите ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија кои поднесуваа електронски апликации за стипендии (400 социјални, 150 спортски и 50 талентирани) во периодот од 07-ми до 21-ви Ноември 2014-та година, а кои треба да достават документи за пријавената стипендија на ден 03.12.2014 (Среда) – истите да ги достават ден претходно на 02.12.2014 (Вторник) или ден потоа на 04.12.2014 (Четврток) во дадените временски рокови од 9 до 15 часот; бидејќи 03.12.2014 (Среда) е прогласен за неработен ден – Ден на Дрвото.

повеќе...

Првачиња од „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во Рамне

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, ученици од Прво 6 одделение од ОУ „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и положија свежо цвеќе. Учениците беа предводени од наставничката Милка Стојаноска. На учениците им беа прочитани стихови посветени на Јасна Ристеска, борец кој на само 16 години го загуби својот живот за слободен Охрид. WebOhrid

повеќе...

Општината ги додели стипендиите за талентираните ученици и студенти

На пригоден начин денеска, општина Охрид ги додели стипендиите за 18 талентирани основци, 21 средношколец и 6 студенти кои по претходно распишан оглас втора година по ред ги доделува Локалната самоуправа. Стипендиите ги врачи претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која истакна дека целта на ваквиот проект е општината да даде допринос и да го олесни учењето и студирањето на младите охриѓани кои се нашата иднина, што беше едно од ветувањата и заложбите на градоначалникот Бакрачески максимално во рамки на можностите да се поддржат и стимулираат талентираните ученици и студенти.…

повеќе...

Успешна реализација на наставните програми на Кембриџ

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, беше во посета на основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода, каде задно со генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’Саливан, присуствуваше на час по математика, на кој наставниците предаваа по новите наставни методи. По успешната реализација на Кембриџ програмата по математика и природни науки од прво до трето одделение, ќе се потпише нов договор со претставниците на Кембриџ, за продолжување на соработката, рече Ристовски. „Водејќи се по истиот принцип ќе продолжиме со реформирање на наставните…

повеќе...

Учениците од „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ учеа како да се заштитат од пожар

Денови пред учениците од прво до петто одделение во основните училишта „Живко Чинго“ во Велгошти и „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, беше презентирана Единицата за противпожарна заштита од Охрид. Охридските пожарникари ја презентираа својата работа, своето искуство а ги запознаваа децата и со начините на реагирање доколку се случи пожар во нивна близина. На средбата беше разговарано за опасностите од предизвикување пожар, како и за тоа што треба, а што не треба да се прави во случај на негово избивање. Децата беа информирани за телефонскиот број кој треба да го…

повеќе...

Гимназијалците и годинава зедоа учество на Модел на Европски Парламент

Изминатиот викенд по петти пат во нашата држава се одржа Модел на Европски Парламент (МЕП).  И оваа како и изминатите години, учествуваа учениците од ОСУ „Св. Климент  Охридски. Учесници беа Наум Поп Стефанија (четврта година), Ива Томевска (втора година) и Емилија Симјаноска (втора година), под менторство на проф. Ристо Николески. Симулацијата траеше три денa: петок, сабота и недела (3ти, 4ти и 5ти Октомври).  „Пристигнувањето беше во петок на 3ти Октомври во 3 часот во средното училиште ,,Нова”. На учениците им беше одржано предавање за гимназијата и за симулацијата на европскиот…

повеќе...

Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на збратименото училиште во Крагуевац

Ученици и наставници од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во периодот од 16 до 19 октомври реализираа посета на збратименото училиште ТУШ „Тоза Драговиќ“ во Крагуевац, Република Србија. Во рамките на оваа екскурзија беа посетени повеќе културно-историски знаменитости, кои се обележја на градот Крагуевац. Исто така беа разменети искуства од воспитно-образовната работа на двете училишта. Учениците и наставниците со бројни рекламни материјали и сувенири на достоен начин го промовираа, не само нашето училиште, туку и градот Охрид, а преку нив и Република Македонија.

повеќе...

Противпожарна обука за учениците од ОУ „Григор Прличев“

Учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување. Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга опасна…

повеќе...

Дебата за екстерното проверување на постигнатиот успех на учениците

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на дебата на тема „Екстерно проверување на постигнатиот успех на учениците“, организирана од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар. На дебатата присуствуваа и претставници на СОНК, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, директори на училишта, наставници, ученици, односно сите кои на некој начин се вклучени во процесот на екстерното тестирање. Главната цел на дебатата е да се разгледа досегашното искуство и предизвиците од имплементацијата на процесот на екстерно тестирање, со цел тој…

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ на есенска екскурзија

Учениците од Основното Училиште „Григор Прличев“, денес ја реализираа првата есенска екскурзија. Најмалите, односно учениците од прво и второ одделение прошетаа по Кејот на Охридското Езеро. Четвртоодделенците, беа во посета на музејот „Никола Незлобински“ во Струга и продолжија во Вевчани, петоодделениците на прошетка во Музејот„ Заливот на коските“ во Градиште, па продолжија за Свети Наум, седмо и осмо одделение во посета на манастирот Рајчица, Св. Јован Бигорски и Маврово. „Според Правилникот за екскурзии, по објавен оглас, третоодделенците ќе одат на еднодневна екскурзија во Скопје, 6 одд. дводневна Скопје, Кавадарци (спиење),…

повеќе...