Денеска во Прага, Р.Чешка започна со снимање на краткометражниот игран филм Човекот и песот во режија на Антонио Вељаноски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија. Човекот и песот го работи Стори Скоп Продукција – Охрид во соработка со Студио ФАМУ – Прага. Филмот ќе се реализира во студиото Барандов како и на повеќе локации во Прага. Главната улога ја толкува големиот чешки актер Јан Качер кој зад себе има богата филмографија како и добро познатата Марија Дурнова. Продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски…
повеќе...Tag: чешка
Иванов – Земан: Размената на туристи е празнина која треба да се пополни
Традиционално добрите пријателски односи меѓу Македонија и Чешка треба да ги следат и бизнис-заедниците на двете држави, а исклучително позитивната политичка и културна соработка да биде насока за понатамошно интензивирање и унапредување на релациите и во областа на економијата. Ова денеска на учесниците на Македонско-чешкиот бизнис-форум, што се одржува во Охрид, им го порача претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. „Особено значајна за двете држави е соработката во енергетскиот сектор, обновливите ресурси, развојот на малите хидроцентрали, ветерните електрани, сончевата енергија, геотермалните технологии, рударството. Посебен интерес постои и во областа на…
повеќе...Охрид домаќин на македонско – чешки бизнис форум
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , денеска прими висока делегација предводена од директорот на Одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт , амбасадорот на Р. Чешка во Р. Македонија, Мирослав Рамеш и економски советници од чешката влада. Повод за работната средба беше македонско – чешкиот Бизнис Форум што на 9-ти и 10 јуни се одржува во Охрид а на кој ќе учествуваат, претседателот на Р. Чешка , Милош Земан, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов , познати чешки бизнисмени и новинари од најпознатите медиуми од оваа земја. Градоначалникот, Бакрачески…
повеќе...Донација од Чешка за македонската полиција
Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш го потпишаа Договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за потребите на македонската гранична полиција. „Би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да и се заблагодарам на Чешката Влада и Министерството за внатрешни работи на Чешката Република за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со мигрантската криза, знаејќи дека ова е трета донација од нивна страна која е директно наменета за полициските службеници“, истакна министерот…
повеќе...Од мај повторно редовна авиолинија Скопје- Прага
Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси. Воспоставувањето на редовната линија Скопје- Прага го потврдија денеска на прес-конференција Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Летови од Скопје кон Прага, како што најави Тот, ќе има во…
повеќе...Чешка отворена за разговори со цел решавање на проблемите со мигрантите
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антониjо Милошоски, оствари средба со заменик-претседателот на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Томаш Јирса, во придружба на амбасадорот и на конзулот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш и Јосеф Брож. На почетокот од средбата, потпретседателот Милошоски ги информира гостите дека во април Република Македонија ја очекуваат предвремени избори и ги запозна со реформите коишто се во тек. Исто така, истакна дека во нашата земја постојат…
повеќе...Македонија и Чешка со соработка во делот на трудот, вработувањето и социјалната политика
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за труд и социјални работи на Чешката Република Микаела Марксова во Прага потпишаа Меморандум за соработка од областа на трудот, вработувањето и социјалната политика. Република Македонија и Чешката Република имаат заеднички изразен интерес за развивање на соработката и пријателските односи. Токму поради тоа со потпишувањето на Mеморандумот се предвидува активна соработка на двете министерства во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, социјални бенефиции, Законот за работни односи, политики за пазарот на труд и вработување,…
повеќе...Претставници на чешката компанија „Екона“ во посета на општина Охрид
Раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски и советникот Ангел Јанев, денес остварија работна средба со Мирослав Навратил, директор на Чешката компанија за производство на медицинска опрема „Екона“. На средбата се разговараше за можната соработката на “Екона“ со здравствените институции во градов, одкако претходно е остварена средба во Министерството за здравство на Република Македонија. Претставниците на „Екона“ изразија подготвеност да донираат медицинска опрема за охридските болници, а истакнаа дека одржувањето на инсталираната опрема и софтверот за истата, би можело да го преземе и локална фирма од градов. Рафтоски…
повеќе...Голем интерес на чешката публика за изложбата ,,Трансфигурирање”
Изложбата е централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот чешки колега Даниел Херман, синоќа во галеријата на Чешкиот центар во Прага свечено ја отворија изложбата „Трансфигурирање” на Националната галерија на Македонија. Изложбата е централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република, во чии рамки годинава беа одржани голем број културни настани. Отворањето на изложбата предизвика голем интерес кај чешката публика со присуство на многубројни гости и претставници на државни…
повеќе...Ставрески ги презентираше инвестициските потенцијали на Македонија во Чешка
Економска владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска на бизнис форум во Прага, пред чешката бизнис заедница ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија. На тркалезната маса „Унапредување на заемните инвестиции и бизнис соработката меѓу Македонија и Чешка“, на компаниите им беа посочени исклучително поволните услови кои нашата земја како бизнис дестинација им ги нуди на странските инвеститори. „Македонската и чешката економија имаат солиден раст во текот на оваа година, Македонија со највисок раст во Европа и тоа создава основа за средби со чешките…
повеќе...