Културно-едукативен хепенинг „Кокино – тврдина на Сонцето“

Културно-едукативен хепенинг „Кокино – тврдина на Сонцето“ со организирани едукативни тури до опсерваторијата, предавања од областа на астрономијата, поетско читање, работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, и настапи на Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски се реализира вчера на мегалитската опсерваторија Кокино. Хепенингот е во рамките на проектот на Владата и на Министерството за култура „Кокино – македонски бренд“ и имаше хуманитарен карактер, а сите донирани средства од посетителите се наменети за жителите од поплавените подрачја. Организатор на настанот беше продукцијата „Пасворд“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при синоќешната посета…

повеќе...

Помалку документи за услуги од администрацијата

Граѓаните и компаниите од 1 август годинава при барање услуги од администрацијата нема да одат од шалтер на шалтер и да носат документи и докази освен оние кои државата не ги поседува во својата евиденција. Тоа во нивно име ќе го прават административните службеници кои службена должност се обврзани да ги обезбедат во рок од три дена. Таа новина е предвидена со новиот Закон за општа управна постапка (ЗОУП) и усогласените со него 168 материјални закони од областите што уредуваат управни постапки и јавни услуги, што треба да стапат во…

повеќе...

Во Струга се одржува обука за изработка на локални младински стратегии за општинската администрација

Од 24-ти до 26-ти април во Струга се одржува обука за локалната администрација од општините Гази Баба и Бутел за водење на процесот за изработка на локалните младински стратегии за двете општини. На обуката се дефинира методологијата за изработка на локалните младински стратегии согласно со прирачникот за креирање на локални младински стратегии, во издание на Коалиција СЕГА. Во рамките на проектот и активностите кои беа реализрани до сега, идентификувани се состојбите, потребите и приоритетите на младите во општините Гази Баба и Бутел, врз база на фокус групи со млади и…

повеќе...

Веб страница за вработените во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб страницата administrаcija.mk наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции кој содржи 3.300 работни места и 12 примероци за систематизација кои треба да бидат олеснување за институциите полесно да ја направат сопствената систематизација. Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари. – Секоја…

повеќе...

10-та Министерска конференција на СЕЕТО во Скопје

Во рамки на 10-та Министерстка конференција на СЕЕТО која се оддржа во Скопје, Министерот за транспорт и врски г-дин Миле Јанакиески, оствари билатерална работна средба со новиот Директор на Секторот „Б“ во Директоратот за проширување, Жан-Ерик Пакет. На средбата беше разговарано за финансиска поддршка за транспортниот сектор во Република Македонија од Инструментот за предпристапна помош на Европската унија за период 2014-2020 година. Министерот Јанакиески потенцираше дека во Република Македонија во новиот плански период ќе се направи баланс со инвестиции во делот на патниот и железничкиот сектор. Министерот Јанакиески ги нагласи…

повеќе...

Петта годишна министерска средба на Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA) во Скопје

Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA), денес во Скопје ја одржа Петтата годишна средба на министерско ниво на која учествуваа министри од шест земји од регионот задолжени за реформи на јавната администрација. Домаќин на состанокот беше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Целта на денешниот собир во Скопје беше да се разгледаат и анализираат резултатите и напредокот на земјите од балканскиот регион во имплементацијата на реформите во јавната администрација, и да се предложат мерки како Регионалната школа за јавна администрација ќе се развива во натамошниот период заради реализација…

повеќе...

Администрацијата ќе добие покачување од октомври, а пензионерите догодина

Од октомври покачување на платите на јавната администрација, а догодина и ново покачување на пензиите, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на Кратово. Вицепремиерот Ставрески истакна дека и покрај предизвиците кои се случуваат на економски план во регионот и светот, што доведува до намалување на платите и пензиите во повеќе држави, Владата на Република Македонија успева да одржи макроекономска стабилност, но и да ги зголеми платите и пензиите. „Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто.Португалија истото го направи.…

повеќе...