Јолевски: Македонија е докажан партнер и сојузник на Соединетите Држави и НАТО алијансата

Во рамките на посетата на Соединетите Држави, вчера министерот за одбрана Зоран Јолевски оствари средба со сенаторот Кристофер Марфи на која посочи дека Република Македонија останува посветена на интеграцијата во евроатлантските структури, што е приоритет на Владата на Република Македонија. Глобалниот мир и безбедност, рече министерот на средбата, се цел и на Република Македонија, што е факт кој се гледа преку нашето учество во неодамна завршената мисија ИСАФ, како и придонесот во новата мисија во Авганистан, Одлучна поддршка. “Сите досегашни ротации во мировните мисии во кои учествуваме имале поддршка од…

повеќе...

Министерството за одбрана ги повикува младите граѓани на Република Македонија да се пријават на огласот за професионални војници

Министерството за одбрана на Република Македонија ги повикува сите млади граѓани на Република Македонија да се пријават на објавениот оглас за професионални војници и со тоа да ја искористат можноста да бидат дел од Армијата на Република Македонија. Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност која вклучува четири фази т.е. поднесување на документи, медицински прегледи, психофизички тестови и процес на специјална селекција. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.…

повеќе...

Јолевски: Вработување на нови 250 професионални војници идната година

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска на отворената седница на Владата информираше дека за професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус се спроведуваат два проекти за вработување и оти се во тек работите за проектот „АРМ мој вистински дом“. „Се работи за 59 лица кои се повикани да склучат договор, 52 од нив веќе потпишале, двајца не пројавиле желба и пет лица се уште го потпишуваат договорот“, изјави Јолевски. До 31 декември 2014 година, Министерството има обврска да ги вработи овие лица. Во однос на вработувањето професионални војници,…

повеќе...

Потпишани договори за вработување со поранешните професионални војници

Во Министерството за одбрана, денеска 59 поранешни професионални војници во Армијата на Република Македонија потпишаа договори за вработување. Вработувањето на поранешните професионални војници, соопшти денеска МО, се врши согласно Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија. „Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, стручните служби во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, утврдија дека станува збор за 59 лица кои ги исполнуваат условите утврдени со Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија“, стои во соопштението од…

повеќе...

Признание за ОУ „Христо Узунов“ за посебен хуманитарен придонес и поддршка за активно вклучување на инвалидните лица во општеството

Основното Училиште „Христо Узунов“, синоќа учествуваше на овогодинешната манифестација „Различни, а еднакви“, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје. Основци од „Христо Узунов“, настапија со своја точка и добија признание за посебен хуманитарен придонес и поддршка за активно вклучување на инвалидните лица во општеството.

повеќе...

Средба Јолевски – Бартелс: Припадниците на Армијата на Република Македонија се високо обучени професионалци

Република Македонија и НАТО-алијансата се партнери и соработници во етаблирањето на мирот, просперитетот и демократијата во светски рамки. Припадниците на Армијата на Република Македонија кои беа и се дел од мисиите на Алијансата, особено во мисијата во ИСАФ се врвни професионалци кои ги извршуваат зададените задачи вешто и умешно. Тоа го заклучија министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генералот Кнуд Бартелс на денешната средба во Министерството за одбрана. На средбата, министерот Јолевски истакна дека Република Македонија и НАТО-алијансата ги споделуваат истите…

повеќе...

АРМ прими донација од Република Турција вредна 2 милиони долари

Од осамостојувањето на Република Македонија, Турција беше првата земја која подаде пријателска рака, земја која изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери, а особено во областа на одбраната. Отвореноста и блиската соработка се најзначајната алка во градењето на стратешките односи помеѓу двете земји. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во своето обраќање по повод примопредавањето на донација на воено маскирни униформи и чизми од Република Турција, за Армијата на Република Македонија кое се одржа денес во кругот на Министерството. Денешната донација, додаде министерот…

повеќе...

АРМ продолжува да биде наш влог кон безбедноста, мирот и стабилноста во светот – обраќање по повод 18 Август, Денот на АРМ

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, Почитувани присутни, Драги сограѓани, Ми претставува чест, како врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, денес, на Денот на Армијата да ве поздравам во градот под Самоиловата тврдина. Пред 1000 години од оваа тврдина беше симнато знамето на слободата. Со тоа започна милениум исполнет со непокор и борба за слобода. Векови исполнети со херојски обиди одново да се подигне бајракот и да се достигне слободата. Во секој век минат под туѓи власти, Македонија даде храбри луѓе, ајдути и востаници, комити и партизани,…

повеќе...

Во Центарот за обука на вода во Охрид ќе се одржи централна свеченост по повод Денот на АРМ

На 18 август (понеделник) во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 17.00 часот, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ. На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Вице Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана…

повеќе...

Министерството за одбрана и АРМ им оддадоа почит на македонските великани

Со денешното полагање венци свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробовите на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров, како и на гробот на генералот Михаило Апостолски им оддаваме почит за она што го направија за формирањето на Армијата на Република Македонија која денес е главен стожер на стабилноста и мирот во Македонија, територијалниот интегритет на нашата татковина, што е предуслов за просперитет и развој, истакна министерот за одбрана на Зоран Јолевски по денешното положување венци со свежо цвеќе пред македонските великани по повод Денот на АРМ 18 Август. Началникот на…

повеќе...