Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…
повеќе...Tag: банка
Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Богата година на кучето“, „Безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од МАНУ“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/17 и 118/17). Кованата пара „Година на кучето – богата година на кучето“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата – „2018“. Околу монетата…
повеќе...НБРМ повторно укажува за ризиците од вложувањата во дигиталните (крипто) валути
Народната банка на Република Македонија неколку пати досега ѝ укажа на јавноста да биде внимателна во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Директен повод за денешното соопштение на Народната банка е објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Во оваа прилика, Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто…
повеќе...Основци од „Христо Узунов“ посетија повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Македонија
На покана на директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето Климе Попоски делегација на ОУ „Христо Узунов“ составена од наставници и ученици посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Република Македонија. Посетена беше Агенцијата за супервизија на Осигурувањето на Република Македонија каде учениците беа запознаени за потребите од осигурување, видовите на осигурување и начинот на осигурување. Потоа беше посетена и Комисијата за Хартии од Вредност на Република Македонија, делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата Елизабета Чингаровска која на учениците им одржа предавање во однос што се…
повеќе...НБРМ одбележува 25 години од монетарното осамостојување на Македонија
Денес се одбележува јубилејот 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија. Со донесувањето на основните закони на 26 април 1992 година во македонското Собрание, се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна политика од страна на централната банка, како монетарна власт на суверена и самостојна Република Македонија. Монетарното осамостојување се случи накусо по историскиот референдум за независност. На денешниот ден се потсетуваме дека монетарното осамостојување се одвиваше во исклучително тешки економски околности, кои беа резултат, како на проблемите наследени од поранешниот општествен систем, така и на стеснувањето на…
повеќе...Пуштен во оптек комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаден и пуштен во оптек комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 217/16). Комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“ го сочинуваат следниве ковани пари за колекционерски цели: „Исус Христос“, „Богородица“ и „св. Никола Чудотворец“. Кованата пара за колекционерски цели „Исус Христос“ е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 10,0 г, чистота на среброто од 9,25 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 22 мм. Кованата пара…
повеќе...Пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Света Матрона Московска“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „света Матрона Московска“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 213/16). Кованата пара „света Матрона Московска“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се…
повеќе...Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата
Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата. Народната банка на Република Македонија од утре (15 декември) ќе ги пушти во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари. Како што информираше НБРМ, одлуката за издавање на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. Исто така, според НБРМ банкнотите со апоенска вредност од 5.000 денари не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока…
повеќе...Наскоро ќе бидат пуштени во оптек банкнотите од 200 и 2000 денари
Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана на 03.11.2016 година, ја усвои Одлуката за пуштање во оптек на книжните пари во апоени од 200 и 2000 денари. 1. Предна страна на банкнотата од 200 денари: Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа (Исус Навин) и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија…
повеќе...Доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на Народната банка на Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија” на Народната банка на Република Македонија. Народната банка на Република Македонија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.
повеќе...