Библиотека на тркала во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, денес, училиштето „Св. Наум Охридски“ во Пештани, беше посетено од Библиотеката на тркала. Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зедоа учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите.Со учеството во повеќето групни активности за забавно учење, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување. Во групната активност за забавно…

повеќе...

Со нови наслови збогатен фондот во Библиотеката

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. „Во потрага по мртвата принцеза“ од Кенизе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.

повеќе...

Градската библиотека ќе врши продажба на дела од капиталните едиции

Во следниот период НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе врши продажба на дела од капиталните едиции: „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“. „Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции. Просечна цена, на пример, на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 157,00 денари, а на 10 месечни рати…

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.

повеќе...

Отворена првата „Библиотека на плажа“ во Дојран

Денес и официјално се отвори првата „Библиотека на плажа“. Пред присутните новинари и посетителите, градоначалникот на Општина Дојран,  Борче Стамов го поздрави овој проект и соопшти дека од денес сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно и книжевно да уживаат на Градската плажа во Дојран. „Чест ми е што денес на Градската плажа во Дојран се отвора Првата Библиотека на плажа. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран…

повеќе...

Од понеделник охридската библиотека ќе работи во една смена

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека од понеделник 15-ти јуни, Библиотеката ќе работи во една смена од 8:30 до 16:30 часот. Во две смени Библиотеката ќе почне да работи од 1-ви септември.

повеќе...

Ќе се промовира книгата „Бруклин“ од Дамјана Видическа

Утре, среда (3-ти јуни) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „Бруклин“ на авторката Дамјана Видическа. Оваа книга е третото дело на Видическа. Пред тоа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година. Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од денес со нова web-страна

Најновите информации за работата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, од денеска може да се најдат на новата веб локација на Библиотеката која ја има следнава адреса: www.bibliotekaohrid.mk  Тука ќе бидат поставени информации кои се однесуваат на организациската поставеност, развој, проекти, нови наслови и активности во Библиотеката. Страната е изработена во соработка со Факултетот за информатичка технологија „Св.Апостол Павле“ од Охрид во рамки на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“, а креатор на истата е Назмије Денкоски.

повеќе...

„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Григор Прличев“

ОУ „Григор Прличев“ –Охрид, како и подрачното училиште во Нас. Рача беше посетено од „Библиотеката на тркала“, дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на Компонентата „Вклучување на семејството и заедницата“. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со специјални дидактички материјали, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони на државата. „Во нашето училиште библиотеката ја посетија учениците и наставниците од I, II, III, и IV одд, како и дел од родителите. Имаа можност…

повеќе...

Детското одделение при охридската општа болница доби мини детска библиотека

Во рамки на спроведувањето на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите волонтери на Црвен крст Охрид реализираа проект со кој овозможија детското одделение при Општата болница од Охрид да се збогати со мини детска библиотека. На тој начин се разубави и олесни престојот на дечињата и нивните мајки во детското одделение. Полиците за детската библиотека беа обезбедени со средства собрани во хуманитарната акција на младинците на Црвен крст Охрид за гаѓање со воздушна пушка, која се организира во соработка со Стрелачкиот клуб Охрид. Проектот го помогнаа…

повеќе...